Борис Џонсон префрлен на интензивна нега поради влошена состојба

Британскиот премиер Борис Џонсон е префрлен на интензивна нега откако неговата состојба се влошила, пренесуваат британските медиуми а  потврдено е од Даунинг Стрит.

Британскот премиет вчера заврши во болница 10 дена откако е неговиот тест на коронавирус бил позитивен.

Џонсон бил примен во болница од превентивни причини. Докотрите одлучиле дека тој мора да дојде бидејќи веќе десет дена има симптоми на коронавирус вклучувајќи и температура.

Од Даунинг Стрит соопштуваат дека во консултација со докторскиот дим, откако состојбата на Премиерот Џонсон се влошила одлучено е тој да биде префрлен на интензивна нега.

Џонсон го именувам министерот за надворешни работи Доминик Раб како негова замена.

притисни ентер