Болните од Ковид-19 гласаат според посебен здравствен протокол

Денешното гласање на болните од Ковид-19 и на лицата кои се во самоизолација се одвива според посеебно утврден здравствен протокол за заштита. 

Правото на глас денеска, два дена пред предвремените парламентарни избори, можат да го остварат 716 лица кои се пријавија во ДИК. Тие гласаат во нивните домови.

Посебните избирачки одбори кои одат да го спроведат гласањето во домовите на лицата кои се КОВИД- 19 позитивни и се во домашна изолација пред тргнувањето се опремуваат со лична заштитна опрема која се состои од: мантил за еднократка употреба, ракавици за еднократна употреба, заштитна стандардна хируршка маска и средство за дезинфекција.

Членовите на посебниот избирачки одбор заштитната опрема ја менуваат по завршување на гласањето на секој гласач, односно онолку пати колку што гласачи ќе гласаат. Лицето кое гласа задолжително носи заштитна маска преку нос и уста.

При самото влегување во внатрешниот простор најпрво лицето кое гласа ги дезинфицира рацете. При влез во домот на гласачот, пред да му се даде гласачкото ливче, на гласачот му се даваат заштитна маска доколку нема и задолжително, заштитни ракавици.

При подавање на личната карта, гласачот ја симнува накратко маската за идентификација и ја држи препорачаната дистанца од членовите на избирачкиот одбор.

Пред да му се даде гласачкото ливче на гласачот, задолжително е да ги дезинфицира рацете на кои има заштитни ракавици.

По завршеното гласање, лицето кое гласа повторно ги дезинфицира рацете.

Во целиот процес на гласање задолжително се обезбедува физичка дистанца од 1,0-1,5 метар. Не се спроведува дезинфекција на гласачката кутија после секој гласач.

По завршување на процесот личната заштитна опрема се отстранува.

Диспозијата на искористената лична заштитна опрема се спроведува со ставање во црна пластична кеса која се затвора со леплива трака. Отпадот се третира како комунален отпад./МИА

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер