Боинг отпушта 12.000 работници

Американскиот производител на авиони „Боинг“ најави дека ќе отпушти околу 12.000 работници во наредните недели, објави „Ројтерс“.

Раскинување на договорот, објави „Ројтерс“, деновиве ќе примат 6.670 вработени, а 5.520 од нив се согласиле да го раскинат договорот со меѓусебна согласност.

Американската компанија исто така објави дека ќе го намали бројот на вработени во сите свои производствени капацитети ширум светот за околу десет проценти, по што можат да бидат отпуштени скоро 16.000 луѓе. Тие точно не прецизирале во кои погони најпрво ќе ги отпуштаат работниците.

Компанијата, се посочува, влезе во криза по двете фатални несреќи на нивниот нов авион „Боинг 737 Макс“. Кризата дополнително се продлабочи со остриот пад на побарувачката за авиони како резултат на пандемијата на коронавирус.

Премиерот на Федерацијата БиХ има коронавирус

Премиерот на Федерацијата Босна и Херцеговина, Фадил Новалиќ е позитивен на коронавирусот, јавуваат босанските медиуми.

Новалиќ ги почувствувал првите симптоми на неодамнешното одбележување на 25-годишнината од геноцидот во Сребреница со Мировен марш, а денеска имал треска, болки во мускулите и гадење.

Според медиумите, самиот Новалиќ побарал да биде тестиран.

БиХ денес има 90 нови случаи и ова е прв пат по подолго време бројот на ново заразени во таа земја да се спушти под 100. Пред два дена имало дури 316, што е највисоко од почетокот на епидемијата во таа земја.

Тој сега е во изолација, како и луѓето со кои комуницирал. Не се знае точно колку лица се во прашање, пишува Аваз. Ќе бидат тестирани и министрите со кои бил во врска последниве денови затоа што тој се приклучил на Мировниот марш по владината седница на ФБиХ.

Роналдо има проблеми поради видеото објавено од сестра му (ВИДЕО)

Аргентинскиот весник  Оле пишува дека Кристијано Роналдо ќе биде казнет со парична казна поради неговиот син Кристијано Роналдо Џуниор кој нелегално вози џет-ски во Мадеира, Португалија.

Не би било откриено толку лесно ако сестрата на Кристијано, Елма Авеиро, не објавила видео во кое 10-годишното дете вози џет-ски. Јасно е, споменатото видео наскоро исчезна од сите социјални мрежи.

„Дејли мирор“ пишува дека полицијата испитува кој е сопственик на спорниот џет-ски, а доколку се покаже дека Португалецот е сопственик, тој би можел да добие сериозна казна.

Шефот на крајбрежната полиција во Португалија, Гереиро Кардозо изјави дека е покрената истрага и дека е свесен за сè што се случило, со објавување на парична казна на ѕвездата на Јувентус.

Патем, Роналдо, игра во топ форма за Јувентус. 35-годишниот играч има постигнато 32 гола на 40 натпревари, а клубот од Торино се доближува до новата италијанска титула.

СЗО: Пандемијата би можело да се влоши

Пандемијата на коронавирус може да се влоши доколку државите не преземаат строги здравствени мерки на претпазливост, предупреди Светската здравствена организација (СЗО).

„Да бидам искрен, премногу земји се движат во погрешна насока, а вирусот останува јавен непријател број еден“, рече лидерот на СЗО, Тедрос Аданом Габриезус, од седиштето на Обединетите нации во Женева.

„Ако не се почитуваат основите, оваа пандемија само ќе се влошува“, додаде тој.

Денеска бројот на коронавирусни инфекции во светот надмина 13 милиони, со повеќе од половина милион смртни случаи.

Тедрос исто така посочи дека од 230.000 нови случаи забележани во неделата, 80 проценти доаѓаат од 10 држави и 50 проценти од само две држави - Бразил и САД, кои се најпогодени земји од пандемијата, а претседателот Доналд Трамп е чест критичар на СЗО.

„Во блиска иднина, нема да има враќање во старата нормала. Останува уште многу за што да се грижиме“, предупредува Тедрос.

Шефот за вонредни состојби на СЗО, Мајк Рајан изјави дека нивниот тим пристигнал во Кина за да го испита потеклото на вирусот и во моментов се наоѓаат во карантин, стандардна процедура, по што ќе започнат да работат со кинеските научници.

Тедрос откри дека СЗО сè уште нема добиено официјално американско барање да се повлече од таа организација, како што објави Трамп. Американскиот претседател смета дека на почетокот на кризата СЗО отишла на помош на Кина, каде е забележан првиот случај на инфекцијата.

Трамп, кој за време на викендот за прв пат е виден во јавноста со заштитна маска, честопати е мна удар на критичарите кои сметаат дека тој не ја сфаќа пандемијата доволно сериозно, што републиканецот го отфрла.

притисни ентер