Богојески: Со вакво скандалозно интервју Заев не го решава туку го одлага проблемот со Бугарија

Сведоци сме на скандалозно интервју на премиерот Зоран Заев за бугарската БГнес, во кое пласираше тези со кои тој не го решава, туку го одлага проблемот, со што ја отежнува позицијата на Македонија во евроинтеграциските преговори.

Креирање на лажна историја, по желба на Бугарија, не е решение на овој проблем, туку негово продлабочување. Тоа ќе ја уништи перспективата на идните генерации!

Дополнително, премиерот Заев промовира цензура на слободата на говор во земјава, и тоа по желба на Бугарија, што е скандал од меѓународни размери. Притоа со ниту еден збор не укажа на говорот на омраза против нас Македонците и Македонија кој доаѓа од Бугарија и тоа од министри на бугарската влада.

Кој е тој Зоран Заев да им налага на македонските граѓани, новинари или политичари, што и како ќе коментираат по темата Бугарија и тоа по желба на самата таа Бугарија?!? Ова е надвор од здравиот разум и спротовно на сите европски вредности на истата таа ЕУ, кон која се стремиме!

Господинот Заев обвини дека сите ние кои се бориме за интересите на Македонија, тоа не смееме да го правиме и дека е недозволиво да се бранат македонските позиции. Па да го прашам Заев, дали треба да ги браниме бугарските позиции, дали сите така потчинето да се однесуваме како него, да веруваме на лажното пријателство со Бугарија како него, да мотивираме лажна надеж како него, да бегаме од вистинско и суштинско решение како него... па со тоа да бидеме патриоти по негов вкус? Еден негов предходник Груевски делеше бесрамно квалификации што е дозволено, а што не е, согласно неговите сопствени перцепции. Дали и Заев сега го прифаќа поведението на Груевски?

Клучно прашање до премиерот Заев: “Како си дозволивте да потпишете Преспански договор, без да обезбедите гаранции за интеграција на Македонија во ЕУ?“

Зошто ги имплементиравте преспанските одредби, пред време и без основ, со оглед на фактото што истите имавме обврска да ги имплементираме со затворање на поглавја од преговорите со ЕУ?!?

Дали ја изгубивте контролата врз процесот на европските интеграции и сега се е оставено во рацете на ДУИ?!?

Да го потсетам премиерот Заев, Македонија е суверена, а не втора бугарска држава!

Македонски концепт

Дневен хороскоп за 23. март 2023 година

Дневен хороскоп за четврток, 23. март 2023 година. 

Овен 21.3-20.4.

Љубов

По прашањата за срцето денеска ќе можете да го читате секој детал меѓу редови ,но не ги изразувајте своите сознанија кон другите.

Кариера

Сите дејности во кои е потребна суптилност , интуиција, креативен талент или слично , денеска се одлично поставени.

Здравје и совет

Ќе сонувате пријатни сништа.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Оние кои се сами, ќе минат ден во своите сништа и мечти. Тука ќе се чувствуваат најдобро.

Кариера

Вработените во институции од затворен тип ( болници , лаборатории,институти и сл.) имаат ден полн со откритија.Другите ќе работат вообичаено.

Здравје и совет

Анализирајте ја својата потсвест.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

И натаму ќе се плеткате со една личност со која работите или таа си поигрува со вас. за некои тоа ќе биде само минлив флерт.

Кариера

Иако напорите на работното место се зголемуваат , со помош на добрата волја на соработниците и на вас самите, ќе ви биде пријатно.

Здравје и совет

Не ги заборавајте шефовите.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Плимата од емоции кои сега ве носат , можеби ве збунува. на некои ќе им се остварат љубовните сништа.

Кариера

Одлично ќе соработувате , како со младите , така и со позрелите соработници на работното место. Ќе бидете отворени и љубезни.

Здравје и совет

Малкумина сега се посилни од вас.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Се што во моментов недостига во вашите приватни односи , денеска успешѓно ќе го надополнувате со секс.

Кариера

Можеби ќе бидете уморни од силните озборувања , но од таму може и да произлезат квалитетни договори. Се очекуваат само уште некои информации.

Здравје и совет

Верувајте на својата интуиција.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Личноста со која деловно соработувате би можела и приватно да се заинтересира за вас, но вие за сега ќе бидете на дистанца.

Кариера

Добивате можност за неочекувани финансиски резултати .Кај бнекои тоа уште денеска ќе се конкретизира , а кај некои ќе се договори.

Здравје и совет

Бидете доследни.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Вашата најсакана личност би можела денеска пшријатно да ве изненади. Ќе бидете подготвени да попуштите во нешто околу што сте се оспорувале.

Кариера

Ги имате сите шанси за да успеете да договорите една голема зделка.Речиси и да енма препреки.Бидете паметни.

Здравје и совет

Мала нерамнотежа со крвната слика.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Денеска може да уживате во друштво со саканата личност , без страв дека нема да ви возврати за она што и го нудите.

Кариера

Сите работи што ги извршувате со помош на луѓе ,добро се поставени. Бидете отворени кон другите , па и тие ќе бидат отворени кон вас.

Здравје и совет

Можете и со мали чекори да стигнете до целта.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Она што некогаш сте си го ветиле , денеска полека се остварува.Вие уживате во друштво на личноста која ви е многу драга.

Кариера

Одличен ден за поставување темели за еден крупен и долгорочен договор , кој финансиски ќе ви се исплатува.

Здравје и совет

Ќе бидете задоволни.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе бидете полни со емоции и подготвени да ги споделите со другата страна.Задоволство , среќа и мир речиси се сигурни.

Кариера

некои работи ќе се одвиваат подобро отколку што очекувавте. За некои тоа ќе биде причина малку да се опуштат.

Здравје и совет

Нема нешто што не можете.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе откриете која личност од работното место ве симпатизира. Ќе бидете збунети , зашто нема да знаете како да се поставите.

Кариера

Вашите колеги денеска кон вас ќес е постават исклучително попустливо и ќе ви дозволат да правите она што вообичаено не би смееле.

Здравје и совет

Почитувајте ги другите.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ако денеска излезете , ќе ви биде преубаво. Доколку сте сами , би можеле да се вљубите. Ако имате партнер, уживајте.

Кариера

Професиите поврзани со сценски настап , презентации или јавен настап денеска би можеле да доживеат голем успех.

Здравје и совет

Покажете се пред светот.

Еве со што се хранат тибетските монаси (фото)

Која храна е клучна за младоликост и здравје на организмот?

Тибет е регион во централна Азија кој се наоѓа на Тибетската висорамнина. Традиционално, неговата територија била поделена на провинциите У-Тсанг, Кам и Амдо. Во различни периоди од историјата, тој бил или независна држава, или територија во рамките на Монголската империја или вазална земја на Кина. Дури во 1984 година Тибет беше отворен за оние што сакаат да се нурнат во атмосферата на оваа древна култура и да ги допрат нејзините тајни.

Тибет отсекогаш привлекувал со својата мистерија. Младешкиот изглед на тибетските монаси е нешто кон кое се стремат милиони луѓе ширум светот. Нивниот душевен мир е нешто на кое сите се восхитуваат. Со децении проучувајќи ги нивните навики, исхрана и начин на живот, луѓето се обидуваат да проникнат во тој еликсир на младоста. Тоа всушност не е никаква мистерија, туку прилагодување на животот во хармонија со природата.

Младоликоста на тибетските монаси главно зависи од правилниот внес на храна. Тие ги пресметуваат порциите, секој според своето тело, земајќи ја предвид висината и тежината. За нив најважно е да не се прејадуваат, бидејќи тогаш може да се појави проблем како вишок килограми и метаболички нарушувања. Во исхраната, тие претпочитаат нискокалорична храна богата со витамини. Исхраната во манастирот е аскетска: претежно јадат ориз и зеленчук со тибетски леб. Главен напиток на монасите е тибетскиот чај во кој се додава сол и млеко. Тој рецепт е стар повеќе од 1.400 години и без разлика на неговиот специфичен вкус, тој е многу хранлив и совршено ја гаси жедта.

Тибетските монаси го започнуваат денот во 6 часот наутро. Главен ритуал по спиењето е искачување на врвот на падината, каде се поздравуваат со сонцето и читаат молитви. Потоа следува полевање со ладна вода и физички вежби кои помагаат во зајакнување на имунолошкиот систем.

Откривањето на можностите на човечкото тело и процесите што се случуваат во него се составен дел од знаењето на источните аскети. Едно од правилата до кои се придржуваат е тоа што месото не го мешаат со храна која има високо ниво на јаглехидрати. Од научна гледна точка, таквата храна се вари многу долго, па комбинацијата на таквите состојки во една порција ќе биде доста енергична за телото, што последователно доведува до прекумерна поспаност и зголемување на желудникот.

Ова се знаци за емоционално занемарување кај децата – тврдат психолозите

Емоционалното занемарување во детството вклучува занемарување и отфрлање на некои или на сите емоционални потреби на детето, без разлика дали се работи за намерни или целосно ненамерни постапки.

Исто така, ваквото занемарување може да се манифестира на неколку различни начини. Некои родители можат да обрнат внимание на одредени емоционални потреби кај детето, но не и на некои други, додека други знаат целосно да ги игнорираат емоционалните потреби на своето дете.

Општо земено, емоционалното запоставување во текот на детството вклучува невнимание на емоционалниот развој на детето и може да има краткорочни, но и долгорочни последици, пренесува „PsychCentral“. Како што објаснуваат психолозите, понекогаш не е толку тешко да се препознае дека детето е емоционално запоставено, а знаците кои укажуваат на тоа најчесто се следните:

- недостаток на самодоверба

- социјално повлекување

- емоционална нестабилност

- тешкотии во контролирање на емоциите

- предизвици во создавање и одржување на односи со врсниците

- однесување несоодветно за возраста на детето

- депресија

- анксиозност

притисни ентер