Богоев: За само 2.5 години,од општина со долг од 18 милиони евра, Карпош сега е урбана и зелена општина

Две години Карпош пулсира во духот на урбаното, зеленото и домаќинското работење. Секојдневно работиме на надоместување на изгубеното зеленило и заштита на животната средина.

Затоа, изминатиов период засадивме повеќе од 300 висококвалитетни дрвја, рамномерно по сите урбани заедници. Започнавме со чистење на децениските депонии и веќе ги затворивме критичните точки кај мостот „Газела", во близина на С.Ц. „Борис Трајковски", во Злокуќани, кај фудбалското игралиште, како и депонијата во Бардовци, покрај течението на реката Лепенец.

Започна изведбата и на еден од најголемите проекти во мојата програма, Спортско – адреналинскиот парк, кај алпинистичката карпа, долж Кејот на реката Вардар. Тука ќе добиеме ново зеленило, нови игралишта за спорт, детски парк, сквер и адреналински содржини. По изведбата на овој дел, продолжуваме со уредување на зеленилото до бунарите на реката Лепенец.

Јавниот простор го хуманизираме, а не го узурпираме! Потврда на ова е и новото инклузивно игралиште во Влае 2, до платото „Делфина", новиот урбан парк – скер меѓу Тафталиџе 2 и Нерези, парковите за миленици долж Кејот на Вардар и Влае, фитнес зоните во Карпош 4 и под алпинистичката карпа...

Добивме нов објект на градинка во Тафталиџе 2, како и целосно нова градинка во Бардовци. Се грижиме за сеопфатна детска заштита и инклузивно основно образование. Затоа отворивме и сензорни соби за ученици со попреченост во „Димо Хаџи – Димов" и „Вера Циривири – Трена", а на вакви простории работиме и во „Лазо Трповски" и „Аврам Писевски".

Карпошани купуваат по пониски цени во повеќе од 250 бизниси во Карпош, благодарејќи на картичката Мој Карпош, која беше дел од изборната програма.

Целосно е обновено игралиштето „Сокол", во Карпош 1, а го рестартиравме и истоимениот меморијален турнир кој е симбол на маалската дружба. Во делот на спортската инфраструктура, создадовме и нови терени во училиштата „Војдан Чернодрински" и „Јан Амос Коменски", а ја саниравме и спортската сала на „Владо Тасевски".

Продолжуваме со подобрување на инфраструктурата. Нов лик добија улиците „Даскал Камче", „Њуделхиска", „Варшавска", „Трифун Бузев" и „Карпошово востание". Градот Скопје пак целосно ги обнови улиците „Московска", „Љубљанска" и голем дел од булеварот „Партизански одреди".

Во претстојниот период целосно сме фокусирани на обнова на спортската сала „Партизан", во Карпош 4. Ова е култен спортски објект, кој повторно ќе биде со намена за спорт и рекреација.

За највозрасните, го подготвуваме проектот за Хумани патроли – бесплатна здравствена заштита и нега во нивните домови. Исто така, во процес сме на решавање на проблемот со паркирање, со тоа што ќе организираме анкета – граѓаните да одлучат дали се за регулација или не.

Општината ја преземав со долг од 18 милиони евра. Локална самоуправа која беше во финансиски колапс, симбол на криминалното работење, со изгубена доверба од сите страни.

Но, наместо оправдувања понудивме работа.

Докажавме дека може поинаку! Додека ВМРО-ДПМНЕ и Стевчо Јакимовски се смеат на користењето на грантови и донации, слободно можам да кажам дека тоа е одраз на домаќинско работење.

Деновиве не обвинуваа дека Карпош бил како невладина организација. Да, чудно им е да се работи чесно, без профити и полнење на џебови.

Тие не беа научени на подготовка на проектни апликации за добивање на неповратни средства, туку единствено фокусирани на расипничко трошење на парите на граѓаните.

Ова не се само празни флоскули, напротив, сето ова е констатирано и во Извештајот на Државниот завод за ревизија, кој јавно го презентирав и го доставив до Основното јавно обвинителство и Управата за финансиска полиција. Во оваа прилика, повторно повикувам на одговорност за секој кој сторил криминал!

Денеска Карпош се бори за секој денар, се негува соработка со приватниот и граѓанскиот сектор, а ја враќаме и довербата кај целокупната јавност.

Градиме заедница која одговара на потребите на граѓаните, а не на урбаната мафија.

Убеден сум дека можеме и повеќе и подобро. Но, во изминативе две години целосно се вложивме Карпош да го врати својот сјај.

Со љубов за Карпош. Продолжуваме заедно.

Украина тврди дека соборила руски бомбардер Ту-22М3

Командата на украинските воздухопловни сили соопшти дека собориле руски бомбардер Ту-22М3.

Во соопштението се наведува дека руската армија во текот на ноќта ја нападнала територијата на Украина со 22 типа проектили и 14 беспилотни летала од типот „Шахед“.

Наведено е дека украинските сили уништиле две крстосувачки ракети Х-101/Х-555, 14 беспилотни летала, 11 наведувани ракети Х-59/Х-69 и две крстосувачки ракети Х-22.

„Ракетните единици за противвоздушна одбрана на Военото воздухопловство, во соработка со Главната управа за разузнавачки работи на Министерството за одбрана на Украина, по првпат соборија стратешки бомбардер со долг дострел од типот Ту-22М3, носач на крстосувачки ракети Kh-22, кои руските терористи ги користеа за да ги нападнат мирните украински градови“, пишува во соопштението.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека воениот бомбардер од типот „Ту-22М3“ се урнал во Ставрополската област поради техничка неисправност, а пилотите се катапултирале. Тројца од четворицата пилоти се пронајдени, додека по четвртиот се трага, наведува руското Министерство. /МИА

Строл над сите во единствениот тренинг во Кина

Ленс Строл се најде на врвот на табелата на крајот на единствениот слободен тренинг пред Големата награда на Кина, која се враќа во календарот на Формула 1 по петгодишно отсуство.

Канадскиот возач на Астон Мартин извозе 1:36.302 во својот последен летечки круг за време на единствениот тренинг час во Шангај. Така тој го победи Оскар Пјастри од Мекларен за 0,327 секунди, а првата тројка ја заокружи светскиот шампион Макс Верстапен, кој заостануваше 0,358 зад Строл. Сите тројца ги постигнаа своите најдобри кругови во нивните квалификациски симулации со меките гуми.

Серхио Перез остана четврти, само 0,030 зад својот тимски колега од Ред Бул. Мексиканецот го постигна својот најдобар резултат во вториот брз круг на меките пневматици, откако направи грешка при застанувањето за свиокот 6 во неговиот прв.

Возачите на Хаас, Нико Хулкенберг и Кевин Магнусен ја завршија сесијата на петтото и шестото место, а Естебан Окон, Алекс Албон, Даниел Рикиардо и Валтери Ботас ги заокружуваат првите 10.

Локалниот миленик Гуанју Џоу, кој се натпреваруваше пред својата публика за прв пат овој викенд, заврши на 11-тото место на единствениот тренинг. /МИА

Алонсо со критики кон тимот и покрај крајниот успех против Вест Хем

Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, изрази незадоволство по реваншот од четвртфиналето на Лигата на Европа помеѓу Германците и екипата на Вест Хем.

Натпреварот заврши нерешено 1:1, што значи дека „аспирините“ одат напред кон фајналфор.

-Се подготвувавме за опција во која Вест Хем ќе не притисне многу силно. Не ни беше многу удобно да играме во нашата формација. Да бидам искрен, во првото полувреме противниците беа подобри и се чувствувавме надвор од место. Многу е важно што не примивме втор гол бидејќи тие дефинитивно одиграа подобро од нас. За среќа, по паузата ги свртевме работите. И мило ми е што продолживме понатаму. Секогаш има тешки моменти во Лига Европа, изјави Алонсо.

Во полуфиналето, фудбалерите на Баер ќе се соочат со Рома во повторување на минатогодишната битка во оваа фаза од турнирот. Тогаш „Римјаните“ излегоа како победници. Натпреварите сега се на 2 и 9 мај - првиот се игра во Рим, а реваншот во Леверкузен. /МИА

притисни ентер