Богоев при посетата на Костал: Зголемување на извозот од странските директни инвестиции

Костал вработува 1.050 лица, а минатата година остварила извоз од 130 милиони евра. 

Подобрувањето на условите за водење бизнис е клучно за проширување на производствените капацитети, извоз на производи со повисока додадена вредност и нови работни места. Царинската управа е партнер на стопанството и преку дијалог со компаниите креираме мерки и политики коишто овозможуваат поголема конкурентност на компаниите. „Костал“ е странска директна инвестиција која има одобрение за крајна употреба што подразбира дека репроматеријалите што ги увезува компанијата за потребите на процесите за производство се со намалена царинска стапка или нула царинска стапка. Исто, одобрението за одобрен извозник што го има им овозможува извоз за пократок временски рок, истакна директорот Стефан Богоев при денешната посета на фабриката за производство на делови и компоненти за автомобилската индустрија „Костал“.

Богоев заедно со директорот на Костал, Виктор Мизо, разговараа за активностите што ги презема Царинската управа како и за новите проекти коишто се реализираат со поддршка на Светска банка и ЕУ, меѓу коишто и Националниот едношалтерски систем.

„Задоволни сме што странските инвеститори препознаа во нас доверлив партнер, при што и јавно преку анкета не наведоа како орган од чија работа се најмногу задоволни. Ќе продолжиме и натаму интензивно да работиме на реализација на ветените проекти во висина од 30 милиони евра чија цел е олеснување на трговијата и транспортот и сузбивање на сивата економија и организираниот криминал“, истакна Богоев.

Директорот на Костал, Виктор Мизо кој воедно е и претседател на Советот на странски инвеститори истакна дека анализата за бизнис инвестицискиот индикатор на Советот на странски инвеститори за 2023 година, покажува дека Царинската управа е најдобра од сите државни институции, којашто секогаш има поддршка, отворена дискусија и транспарентност. Мизо информира дека на средбата од нивна страна е предложено за можна времена мерка за дополнителна хармонизација на царинските стапки за увоз на производи од трети земји, што во нивниот случаи тоа е најчесто Азија, a што ќе доведе до зголемување на конкурентноста.

Во рамки на посетата на компанијата „Костал“ воедно и беше врачен сертификат од Светската царинска организација за успешна соработка со Царинската управа, се наведува во соопштението.

Драматична снимка на спасување од автомобил во пламен- попусто ја отвораат вратата (ВИДЕО)

Група добри Самарјани успеале да скршат запален автомобил и да спасат маж заробен внатре, додека драматичниот момент на спасувањето бил снимен во Минесота.

На видеото се гледа група луѓе околу автомобил зафатен од пламен. Тие очајнички се обидуваат да ја отворат вратата пред некој да го скрши прозорецот на возачот и потоа да го повлече на безбедно.

Инцидентот се случил минатиот четврток околу 18 часот и 30 минути.

Властите соопштија дека Хонда скршнала надесно и удрила во столб од светло, а потоа и во заштитна ограда пред да се запали, создавајќи чад и голем пожар.

Возачот потоа бил пренесен во болница, но за среќа не се здобил со сериозни повреди.

Нарачувале бифтеци, купишта десерти, испиле 15 шишиња вино, а потоа извеле познат трик (ВИДЕО)

Италијанскиот ресторан Bella Ciao во Порт Талбот, западно од Свонси, Британија, обвини група гости, најверојатно членови на исто семејство, дека си заминале без да си ја платат сметката.

Менаџерот тврди дека нарачале скапи бифтеци, двојни десерти и 15 шишиња вино, а кога дошло време да се платат работите „станале чудни“.

На видеата и фотографиите, кои ресторанот ги објави на Фејсбук, се гледа дека жена, најверојатно мајка, се обидува со картичка да плати сметка од 380 евра.

Плаќањето било одбиено двапати, а вработените тврдат дека жената рекла дека нејзиниот син ќе ја чека во барот додека таа „одеше да земе друга картичка“, пишува Дејли мејл.

Претставниците на ресторанот наведуваат дека таа не се вратила, а и момчето побегнало од местото на настанот.

„Мојот син сакаше да тргне по него, но јас му реков да престане“, изјавил менаџерот Тајрон Рис.

Тој додава дека не успеал да стапи во контакт со групата гости бидејќи бројот со кој ја направиле резервацијата бил „лажен“. Случајот подоцна го пријавил во полиција.

Снимката што беше објавена стана вирална во текот на викендот, а Тајрон Рис тврди дека добил многу повици од други ресторани кои имале слични инциденти со семејството (кое не платило).

Тој додава дека е „разочаран од реакцијата на властите“.

„Плаќам даноци, но се чини дека сум немоќен. Ме нервира кога знам дека ова се случува и дека се извлекуваат со тоа“.

Итно е евакуиран хотел во Рим поради токсично испарување од базенот, настрадале пет лица

Најмалку пет лица се затруени во хотел во центарот на Рим, кога од базенот се испуштале штетни испарувања.

Наредена е итна евакуација на сите присутни гости и вработени.

Според италијанските медиуми, повредените се во болница, а едно лице е во многу тешка состојба.

Вработените во хотелот се затруени, а најмалку 35 лица се евакуирани.

Во моментот кога алармот се вклучил, во хотелот имало само неколку туристи кои престојувале на појадок.

Отровните испарувања „доаѓале“ од бањата и велнес центарот на долниот кат од хотелот, а се сомневаат дека се од базенот.

Полицијата го обезбедувала и просторот во непосредна близина на хотелот, а поради отровните испарувања биле затворени околните улици.

притисни ентер