Богдановиќ и Шахпаска ја најавија изградбата на првата детска градинка во населбата Пролет

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, заедно со министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, на прес конференција ја најавија изградбата на новата детска градинка, прва во населба Пролет.

Во стариот Детален урбанстички план во кој спаѓа и оваа локација, ДУП-от Градска четврт И 06 – Пролет, на ова место беше предвидена изградба на објект на локална самоуправа, со намена В 4. Во новиот ДУП вцртаниот објект се избриша и се замени со објект со намена В2: здравство и социјална заштита, односно изградба на детска градинка

Детската градинка ќе има подрумски простор, приземје и 1 кат, со вкупна нето површина од 2760 метри квадратни и најголема бруто површина за детска градинка во државата, од 3276 метри квадратни, односно по 21 метар квадратен по дете.

„Со изградбата на овој објект, кој ќе биде во надлежност на ЈУДГ Раде Јовчевски Корчагин, сите 3 градинки во општината ќе имаат еднаков број на објекти - 4. Капацитетот на градинката предвидува згрижување на 150 деца, распоредени во 9 занимални. Предвидена е урбана градина со сандаци со песок и земја, детски реквизити (лизгалки, лулашки и мостови). Надворешното игралиште е инклузивно и до него можат да пристапат и деца со попречнеост во движење. На надворешниот дел од фасадата предвидено е фасадно поставување на детска болдер карпа. Концептот на градинката е да се обезебди простор во кој акцентот пред сѐ, се става во функција на децата и обезбедување на удобен простор за ран развој и нивна игра“, изјави на прес конференцијата градоначалникот Богдановиќ.

Во предвиденото техничко решение посебно е внимавано и на тоа сите пристапи и влезови да бидат одделени.

1. Главни влезови (два – од 2 до 4 години и од 4 до 6 години) за родители и деца

2. Административен влез за воспитувачи и администрација.

3. Влез за вработени во кујна

4. Влез (економски) од подземен паркинг

5. Посебен пристап за возила во подземен паркинг – за поголема безбедност на децата и родителите

6. Помошен (ПП) излез

7. Излез на деца (од занимална во двор)

8. Излез на отпад

Во приземјето преку посебен администартивен влез за вработени се влегува и до просторија за лекар со изолација за дете и просторија за стручни соработници.

На катот сметени се 4 јасли, по две занимални и заеднички простор за санитарен дел. До нив се пристапува преку две скалишни јадра. Покрај едното скалишно јадро предвиден е и лифт за лица со инвалидитет и попреченост во движење.

„Грижата за најмладите, децата во предучилишна возраст е високо на агендата на приоритети на Министерството за труд и социјална политика и Владата на Република Северна Македонија. А согласно Владината програма до крајот на мандатот, опфатот на деца во градинките е проектиран да биде 60 проценти.

Изминатиов период, за изминатите 9 месеци, отворивме 12 детски градинки и со тоа обезбедивме опфат на околу 700 деца во нив. Нашата проекција е дополнителни 13 нови детски градинки до крајот на оваа година и опфат на околу 1400 деца во нив.

Ова значи сериозно испорачување на потребите и барањата на граѓаните од нашата држава, вклучително и од градската и од руралнита средина. Па така за прв пат отворивме градинки во Босилово, Брвеница, Боговиње и други помали населени места за да се овозможи на родителите, пред се мајките грижа за нивните деца и нивно вклучување на пазарот на труд“, додаде министерката Шахпаска.

Во градинката е предвидена изградба на галерија, со сигурносна ограда, елементи и три дрвени куќички кои ќе имаат улога на видиковец. Долж галеријата се предвидува изградба на тераса со дрвен под, обезбедена и осигурана за безбедно играње на децата.

Во подрумскиот дел сместена е централна кујна која ќе биде во функција само за потребите на градинката.

Нетанјаху го отфрли предлогот на шефот на Мосад за можен договор во Газа

 Израелската телевизија Канал 12 објави дека шефот на Мосад, Дејвид Барни, предложил можност за договор за размена на затвореници со Хамас, но премиерот Бенјамин Нетанјаху го отфрлил.

Телевизијата, повикувајќи се на неименувани приватни извори, објави дека Барни рекол дека верува во можноста за постигнување договор, но дека Нетанјаху се спротивставил на презентираните детали.

Деталите од договорот за кој Барни верува дека може да биде потпишан вклучуваат ослободување на 40 израелски затвореници и враќање на жителите од северна Газа во нивните домови без никакви други услови.

Како што наведува телевизијата, премиерот Нетанјаху смета дека договорот е „слаб“ за Израел и наложил да се подготват за окупација на Рафа во јужниот дел на Појасот Газа.

Според истиот извор, членовите на израелскиот воен кабинет Бени Ганц и Гади Ајзенкот го поддржале ставот на Барнеа, но тоа не го спречило Нетанјаху да се спротивстави и да го отфрли договорот.

Израелска делегација, предводена од директорот на Мосад, Дејвид Барни, отпатува во Доха, главниот град на Катар, на 18 март на нова рунда преговори за ослободување на затворениците во Газа.

Израелските медиуми објавија дека официјално започнале преговорите за размена на заробеници меѓу Хамас и Тел Авив, а во Доха пристигна израелска делегација предводена од директорот на Мосад. Во вестите на израелската телевизија Канал 12 беше наведено дека преговорите би можеле да траат околу две недели./МИА

Почина Шаќир Алити, прв градоначалник на Тетово по осамостојувањетo

Почина Шаќир Алити, првиот градоначалник на Тетово по осамостојуавњето на Македонија, информираше Општина Тетово. Алити беше градоначалник од 1991 до 1997 година.

-Со длабока тага ја дознав веста за смртта на добриот човек, ангажиран граѓанин, поранешниот прв градоначалник на општина Тетово по осамостојувањето на Северна Македонија, Шаќир Алити. Алити даде драгоцен придонес во политичките, економските и општествените процеси во Тетово. Како градоначалник на општина Тетово одигра суштинска улога во консолидацијата на локалната демократија. Во име на граѓаните на општина Тетово и во мое име, на семејството Алити му изразувам најдлабоко и најискрено сочувство, напиша актуелниот градоначалник Биљал Касами, пренесува канцеларијата за односи со јавноста.

Алити починал на 83 годишна возраст во родното село Глоѓи. Во 1991 годиба беше дел од Партијата за демократски просперитет (ПДП) која ја водеше Невзат Халили.

Во Токио средба Јоко - Лазарини

 Шефицата на јапонската дипломатија Камикава Јоко на средбата со генералниот секретар на Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци на Блиски Исток (УНРВА) Филипе Лазарини побара поголема координација во пружањето на помош на УНРВА.

- Помошта за УНРВА претставува важен извор на приход, посочи Јоко, и повика на поефикасна структурна реформа на Агенцијата со цел да се обезбеди транспарентност на финансирањето и непристрасност на персоналот.

Таа додаде дека за Јапнија е важно да се зајакне управувањето со УНРВА „за да се осигури дека помошта не се користи за терористички активности“.

Лазарини истакна дека со Јапонија ќе биде воспоставена нова рамка која ќе обезбеди транспарентност на проектите.

Неколку земји го суспендираа своето финансирање на УНРВА во јануари годинава по израелските наводи дека 12 од неколку илјади вработени во Агенцијата учествувале во нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година. УНРВА ги истражува тврдењата, но предупреди дека намалувањето на финансирањето може да предизвика катастрофа. /МИА

притисни ентер