Бочварски: Во 2022 ќе ги затвориме сите прашања од патната инфрастурктура во источниот регион

Експресните патишта Штип – Радовиш и Штип – Кочани се градат со исклучително добра динамика, рече денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Првата фаза од патот Штип – Радовиш е веќе пуштен во употреба. Од втората фаза, привршува делот од Бучим до Радовиш, а се работи и на обиколницата во Штип.

-Очекувањата се дека оваа есен ќе биде пуштен делот од Бучим кон Радовиш, а останатиот дел, од штипската страна, ќе биде пуштен напролет. Транзитирањето преку градот, зашто обиколницата се гради по 40 години, ќе биде пуштено за месец – месец и половина. Граѓаните ќе возат по модерен и експресен пат, истакна министерот.

Во однос на патот Штип – Кочани, информира дека првата фаза е пуштена во употреба, додека втората се очекува напролет.

-Во 2022 година напролет ќе ги затвориме сите отворени прашања во делот на патната инфрастурктура во целиот источен регион, подвлече Бочварски. /МИА

Марковски: Фирмите ќе имаат најголем бенефит од законските измени

Фирмите ќе имаат најголем бенефит од измените во Законот за облигациони односи, со кои каматите нема да може да бидат повисоки од главниот долг, велат извршителите.

Договорната камата на која се однесуваат измените во Законот е онаа која ја договараат фирмите помеѓу себе, вели за Канал 5 претседателот на комората на извршители Ванчо Марковски, додека во сметките за комуналии, кои најмногу ги засегаат граѓаните, таква камата нема. Марковски објаснува дека штом неплатениот долг кој го имаат граѓаните стигне кај извршител, тогаш почнува да тече казнената камата, која не е опфатена во измените. Сепак Марковски тврди дека казнената камата е далеку помала од договорната.

„Оваа одредба нема да има големо влијание врз извршување, во извршни истраги кои се предмет на наша работа, во најголем број случаи, законската казнена камата е утврдена пред нотар или суд./ Сите тие сметки кои не се доброволно платени од граѓани, за да дојдат кај нас, поминуваат низ судска постапка, и таму доверители за ненавремено плаќање бараат законска казнена камата.“ изјави Ванчо Марковски, претседател на КИРМ

Премиерот Заев, пак најави дека во процедура е законско решение со кое ќе се стави крај на пресметувањето на затезните камати.

„Ако сите тие доверители не успеале за 10 години да ги наплатат побарувањата и да продолжат да сметаат затезни камати, тоа е проблем или виртуозен круг во кој се влезени граѓаните, а ништо нема да значи за правните субјекти, банки или фирми. Дефинитивно тоа е пресметан ризик и треба да го отпишат како побарување, кога после 10 години не успеале да наплатат. “ истакна Зоран Заев, претседател на Влада

Минатата недела Собранието ги донесе измените според кои „...кога износот на стасаната, а неисплатена договорна камата ќе го достигне износот на главнината, каматата престанува да тече...“ Измените ќе важат од 1ви октомври.

Аналитичари за лидерскиот дуел Заев и Мицкоски вечерва на Канал 5 во „Дуел за иднината“

Вечерва на Канал 5 во новата сезона на „Само вистина“ следува лидерскиот дуел Заев- Мицкоски.

Што може да се очекува од овој дуел, на кои теми би можела да се очекува најжестока дебата и како тој би се одразил на нивните рејтинзи?

Анализа на овие прашања од Владимир Божиновски и Петар Арсовски.

Брима: СДСМ победник на локалните избори со 19,5%, ВМРО-ДПМНЕ со 17,5%

На неполн месец до одржувањето на локалните избори, СДСМ бележи предност од 2 проценти пред ВМРО-ДПМНЕ, покажува анкетата која  „Брима“ ја направила за „Слободен печат“.

На прашањето „За кој кандидат на политичка партија би гласале на претстојните локални избори?“,19,8% од испитаниците СЕ ИЗЈАСНИЛЕ за кандидат на СДСМ, 17,7% за кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, 7,5% за ДУИ, 5,6% за Алијансата на Албанците, 4,6% за Движењето БЕСА, 3,3% за Левица. 2,4% ОД ИСПИТАНИЦИТЕ се изјаснИЛЕ дека ќе гласаат за независен кандидат, а 8,8% дека нема да гласаат.

Според анкетата на „Брима“најпопуларен политичар е премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев кој ужива доверба од 11, 8 отсто од граѓаните, ПРЕД претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој СПОРЕД ИСТРАЖУВАЊЕТО има поддршка од 7 проценти. Трката е нешто потесна меѓу албанските политичари. Партнерите од власта Ахмети со 5,9% и Биљал Касами со 4,4% водат , пред опозиционерите Зијадин Села (4,1%) и Африм Гаши (0,4%).

Што се однесува до рангирањето на главните проблеми кои ги мачат граѓаните, за 31,5% од анкетираните невработеноста е најголем проблем; состојбата со пандемијата е втора по важност со 26%, по што следуваат економската ситуација (23,8%) како и сиромаштијата и нискиот животен стандард (22%).

На прашањето „Генерално земено, дали мислите дека работите во нашата земја се движат во правилна или погрешна насока?“, близу две третини од испитаниците (62%) сметаат дека Македонија оди во погрешна насока, додека за една третина (31.5%) насоката на движење е правилна. Останатите немале став или не сакале да го кажат.

Теренското истражување на „Брима“ е спроведено во периодот од 27 август до 9 септември годинава на национално репрезентативен примерок (анкетата е направена според методот лице-в-лице, во домот на испитаникот), со запазување на сите демографски карактеристики на популација од 18+ години во државата, во која се опфатени 1.201 испитаници. Резултатите се со маргина на грешка од +/- 2,8%.

притисни ентер