Бочварски: Интеграцијата во ЕУ е наш врвен приоритет

„Владата е силно посветена на интеграција на земјата во Европската Унија, унапредување на регионалното поврзување, олеснување на транспортот и трговијата и зголемување на соработката со останатите земји од Западен Балкан. 

,,Во ова време на светска здравествена криза, кога меѓусебната зависност на земјите од регионот станува сè посилна и позабележителна, меѓусебната поддршка и соработка е клучна“ – истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на третиот Министерски совет ЕУ - Западен Балкан.

Целите на Договорот за основање на транспортна заедница и Агендата за поврзување беа едни од главните теми на овој видео-конференциски состанок во кој учество зедоа Европскиот комесар за транспорт Адина Валеан, Европскиот комесар за соседска политика и проширување Оливер Вархелји, директорот на Постојаниот секретаријат на транспортната зедница Матеј Закоњшек, претседателот на Министерскиот совет на транспортната заедница и министер за транспорт и врски на Босна и Херцеговина Војин Митровиќ и министрите за транспорт од земјите од Западен Балкан.

Претставниците на Европската комисија го презентираа Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан, како предвидена помош на Унијата за реализација на планираните инвестициите кои првенствено имаат за цел подобра поврзаност на земјите.

„Како Министерство активно сме вклучени во сите активности, кои во голем дел, имајќи ја предвид здравствената криза, се однесуваат на непречено функционирање на „зелените коридори„ особено на транспортот на стока. Во вакви услови од особена важност е добра регионална соработка и функционална транспортна инфраструктура. Имено, ваквата соработка се покажа во пракса кога во текот на здравствената криза, особено на самиот почеток, беше овозможен брз и непречен транспорт на неопходна стока за основни потреби, пред сè на лекови и медицинска опрема, храна и други стоки. Во таа смисла, системот на воспоставување на зелените коридори гарантира континуиран, слободен и побрз транспорт на стока со земјите од ЕУ и земјите од Западен Балкан. Со оглед на тоа што Европската Унија е наш најголем и најзначаен економски и инвестициски партнер, иницијативата за проширување на зелените коридори кон соседните земји членки на ЕУ е од исклучителна важност. Акциските планови, усвоени на Министерскиот совет, за железница, патишта, безбедност и олеснување на транспортот на граничните премини имаат за цел да ги надминат потешкотиите со кои се соочуваме, особено во ова време на здравствена криза. Денеска, мораме да се фокусираме на надминување на последиците од кризата и да го забрзаме опоравувањето на нашите економии“ – нагласи министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Во своето обраќање, министерот Бочварски додаде: „Преку отворање на пазарите, либерализација на транспортот и зајакнување на конкурентноста, Транспортната заедница ќе придонесе за зголемена безбедност и ефикасност, пониски трошоци и подобар квалитет на транспортните услуги, како и повисоко ниво на општите технички стандарди, што на крај би довело до интеграција во Европскиот пазар. Исто така, Договорот ќе го забрза спроведувањето на реформите во овој сектор и ќе овозможи усогласување на транспортната политика на Македонија со транспортната политика и легислатива на ЕУ, што е и еден од условите за полноправно членство на нашата земја во ЕУ. Со спроведување на Договорот за основање на транспортната заедница, ги потврдуваме нашите заложби за унапредување на целокупниот транспортен систем, безбедност на патиштата, подобро регионално поврзување, зголемена економска соработка и интеграција во Европската Унија.“

На крај, министерот Бочварски истакна дека во Македонија се реализираат крупни инвестиции за изградба и модернизација на патната мрежа на Пан-европските Коридори 8 и 10 и интензивно се работи на надминување на предизвиците и продолжување на изградбата на железничките врски кон Република Бугарија.

Министерство за транспорт и врски

Фото: Меси во дресот на Марадона се прости од својот идол

Шпанскиот фудбалски гигант Барселона во дуелот од 11 коло во Примера убедливо со 4-0 ја совлада Осасуна.

Мечот на Ноу Камп го одбележа капитенот на Барса, аргентинскиот волшебник Лионел Меси.

Меси го постигна последниот гол за Барселона во 73 минута и голот го прослави во дресот на својот идол Марадона.

Меси го соблече дресот на Барселона и во дресот на Њуелс првиот клуб на Диего Армандо Марадона со број 10 се прости од својот починат идол.

Светскиот шампион Хамилтон најбрз на „огненото“ Гран при во Бахреин

Возачот на Мерцедес Луис Хаилтон е победник на Големата награда на Бахреин од шампионатот во Формула 1.

Трката во Бахреин мина во знакот на инцидентот во кои експлодира болидот на Себастијан Грожан, кој за среќа остана скоро неповреден излегувајќи од запаленото возило.

Актуелниот шампион Хамилтон продолжува со доминацијата во Ф1 циркусот и сигурно чекори кон петтата последователна титула во шампионатот.

Хамитон стигна до 95 победа во кариерата со која ја зголемува предноста од легендарниот Михаел Шумахер, кој застана на 91 триумф.

На победничкиот подиум во Бахреин покрај победникот Луис Хамилтон се искачија и возачите на Ред Бул Макс Верстапен и Александер Албон.

По еден месец, позната е причината за смртта на Шон Конери

Причината за смртта на Сер Шон Конери е потврдена скоро еден месец откако познатиот актер почина на 90-годишна возраст.

Легендарниот Џејмс Бонд починал во својот дом на Бахамите. Тој починал во сон, а причина за смртта е пневмонија, респираторна слабост, старост и атријална фибрилација - неправилно чукање на срцето.

Сопругата на Шон, Мишелин Рокебрун претходно раскажа дека актерот починал мирно во сон, опкружен со семејството.

"Таквиот живот не беше за него. Тој не можеше да се изрази во последно време. Барем почина во сон, беше многу мирно. Цело време бев со него и тој само заспа. Така сакаше да биде", рече таа за Дејли Меил.

притисни ентер