Бочварски и Баздникин разговараа за гасификацијата во државава и директно авионско поврзување со Русија

 Станоло збор и за можноста за воведување директни авионски линии меѓу двете земји.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска се сретна со амбасадорот на Руската Федерација во Македонија Сергеј Баздникин со кого разговарале за повеќе тековни капитални проекти во државава, со посебен акцент за гасификацијата преку изградба на магистралните гасоводи. Станоло збор и за можноста за воведување директни авионски линии меѓу двете земји.

Mинистерот Бочварски го информирал aмбасадорот Баздникин за инфраструктураните проекти што се реализираат во државава, како и за планираните проекти за изградба и модернизација на Коридорот 8 и Коридорот 10 и 10 д.

-Оваа средба беше одлична можност да го запознаам амбасадорот со крупните капитални проекти што ги реализираме во нашата држава. Посебен фокус ставивме на изградбата и модернизацијата на патната мрежа на Коридор 8 и 10, железничкото поврзување кон Бугарија, како и изградбата на магистралниот гасовод во земјата. На средбата разговаравме и за можноста за воведување на директни авионски линии меѓу двете земји, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Како што соопшти Министерството за транспорт и врски, на средбата се разменети мислења и искуства на двете земји во однос на справување со економските предизвици во услови на Ковид кризата.

Министерот изразил благодарност за досегашната соработка на Република Македонија со Руската Федерација и ја нагласил потребата од одржување и продлабочување на економската соработка меѓу двете земји./МИА

(Обновено) ВМРО-ДПМНЕ : Силјановска Давкова со 45% , Пендаровски 19,92% од гласовите

Според аналитичкиот центар на ВМРО – ДПМНЕ, на 30,23 % обработени податоци , во водство е Гордана Силјановска Давкова со 109.692 гласа или 45%.

На второ место е Стево Пендаровски со 48.553 гласа, односно 19.92 проценти од гласовите.

Бујар Османи освоил 28547 гласа или 11,71 % , Максим Димитриевски 19227 гласа или 7,89% , Арбен Таравари 18432 гласа или 7,56 % , Билјана Ванковска 11.033 гласа или 4,53 % и Стевчо Јакимовски 2482 или 1,02%.

Ужас во Германија: Четири девојчиња со часови злоставувале глуво девојче во подрум

Криминалистичката полиција во Дрезден спроведе истрага против четири девојчиња на возраст од 12 до 17 години поради сомнение дека злоставувале 13-годишно глуво девојче.

Според германските медиуми, осомничените се државјанки на Украина, кои дошле во Германија кога започнала војната во нивната земја, објави Билд.

Тие се товарат за „противправно лишување од слобода на лице и нанесување тешка телесна повреда“, изјави портпаролот на полицијата Марко Ласке.

Злосторството се случило во близина на парк во Мајсен, во близина на светски познатата фабрика за порцелан во Мајсен. Паркот има игралиште, споменик на жртвите на фашизмот и клупа, а таму често престојуваат голем број луѓе.

Четири девојчиња се осомничени дека во саботата наутро во паркот пресретнале глуво девојче (13) од Словачка, кое минувало низ паркот.

Девојчето поради глувоста не можела да се договори со нив, по што следел ужасот.

„Девојките се осомничени дека го однеле детето во подрумот на блиската опустошена зграда спроти паркот. Таму ја врзале и ја мачеле неколку часа“, изјавил портпаролот на полицијата.

Се претпоставува дека девојчињата цело време го тепале детето, а наводно ѝ нанеле повреди со дрвени и метални шипки.

Глувото девојче го ослободиле дури околу 14 часот, кога успеало да избега. Детето истрчало директно во полиција, а при преглед лекарите констатирале физички повреди.

Девојките биле фатени во близина на местото на злосторството, а полицијата им ги одзела телефоните за да провери дали го снимале нападот.

Мотивот за ваквото брутално насилство не е познат. Жртвата не била ограбена.

Полицијата соопшти дека истрагата се уште е во тек.

притисни ентер