Бочварски: Експресниот пат од Градско кон Прилеп се гради!

„Експресниот пат од Градско кон Прилеп се гради. Оваа Влада покажа решителност да ги изгради и најтешките инфраструктурани проекти во државата. 

Избрани се нови изведувачи за првата и втората фаза и патот активно продолжува да се гради.“ – истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, при увид на градежните работи на првата фаза од експресниот пат од Градско до Дреново.

Првата фаза од Градско до Дреново е со должина од 15,5 км и вредност од 24,7 милиони евра. До сега се изградени 35% и градежните работи ги презема компанијата Штрабаг.

Во однос на втората фаза, од Дреново до Фаришка клисура, градежните работи ги презема компанијата Синохидро. Прогресот на градежните работи до сега е 35%, а инвестицијата е вредна 32 милиони евра.

Министерот Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта Рустеми заедно со градоначалниците од Прилеп, Градско и Росоман, денеска извршија увид во изградба на првата фаза кај Градско.

„Од денеска засилуваат градежните активности за изградба на овој експресен пат, проблемите со старите изведувачи за првата и втората фаза се надминати, избрани се нови изведувачи и ги уверуваме граѓаните на Прилеп и Пелагонија дека за две години од денеска ќе возат по модерен и безбеден експресен пат. Вкупната инвестиција е 64,5 евра.

Знаеме колку им е потребен на граѓаните заради побрза комуникација, заради поголема безбедност во сообраќајот, заради развој на Пелагонија и регионот и уверуваме дека работиме со сите напори овој патен правец да го финишираме.“ – изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Тој додаде дека активно се работи на подготовка на документацијата и за проширување со по уште една лента во двата правци на потегот од мостот на Ленишка река до влезот на Прилеп. Очекуваме тендерот да се распише до крајот на 2021 година.

На денешниот настан свое обраќање имаше и директорот на ЈП за Државни патишта, Ејуп Рустеми.

„Експресниот пат Градско – Прилеп е поделен на 3 делници. Делницата Градско – Дреново е со должина од 15,5 км. Предвидени се 5 вијадукти/мостови, 4 надпатници, 4 подпатници и две клучки кај Градско и Росоман. Содржи две возни ленти од 3,5 метри, две ленти за застанување од 2,5 метри и по две рабни ленти, со вкупен патен профил од 12,4 метри.“ – изјави Рустеми.

Директорот на ЈП за државни патишта нагласи дека за многу краток време ќе започне и рехабилитацијата на третата лента на превојот Плетвар.

Германка на 52 години освои олимписко злато, првиот медал го добила пред 21 година

Изабел Верт можеби не е глобално позната спортистка, но таа е убедливо најдобра во она што го работи.

Оваа неверојатна 52-годишна Германка освои злато и сребро во коњички спортови во Токио.

Фактот дека ова биле нејзини единаесетти и дванаесетти олимписки медали во нејзиниот живот, кажува колку е неверојатен нејзиниот успех. Таа го имала својот прв настап на Игрите во 1992 година во Барселона. Освоила седум златни и пет сребрени медали на тој натпревар. Таа освојувала по најмалку два медали на секоја Олимпијада, освен во Атина во 2004 година.

Таа ја потврдила титулата како најуспешна во историјата и на други турнири. Верт освоила 14 златни, пет сребрени и седум бронзени медали на светските првенства. Таа била европски шампион 20 пати, со три сребрени и една бронза.

Изгоре Бугати на познат музичар, вредно 3 милиони долари (ВИДЕО)

Штетата е голема, а поправката ќе биде обемна и пеколно скапа.

На социјалните мрежи се шират снимки од црвено Бугати уништено во пожар, за кое се верува дека е во сопственост на познатиот музичар од Доминиканската Република, Емануел Ерера Батиста, познат под уметничкото име ЕЛ Алфа Ел Џефе.

Црвено-црниот Bugatti Chiron изгоре додека бил паркиран во гаража во Мајами. Двете снимки објавени на Инстаграм од supercar.fails јасно покажуваат колкава е штетата, но и дека огнот не го зафатил соседното црно Ферари.

На на Chiron ќе му треба нов преден капак, браник, тркала, возачка врата и стакло, како и сите делови што ќе останат црни од саѓите. Лесно е да се претпостави дека ќе биде многу поскапо да се поправи оштетувањето на деловите што не се видливи како резултат на изложеност на високите температури.

За среќа во несреќа, автомобилот не изгорел целосно, зашто некој го изгаснал со противпожарен апарат. Исто така, да кажеме дека се уште се трага по сторителот кој го подметнал пожарот.

Како изгледал овој автомобил вреден најмалку три милиони долари, може да се види во следното видео објавено пред неколку месеци. Ако се докаже дека е навистина тој автомобил, тогаш Ел Алфа нема да стане пешак. Имено, покрај Бугати, овој млад човек поседува и Ролс Ројс Кулинан во кој веќе доживеал напад со огнено оружје.

Борис Џонсон и неговата сопруга Кери го очекуваат второто дете

Британскиот премиер Борис Џонсон и неговата сопруга Кери очекуваат уште едно бебе, објавија денеска британските медиуми.

Нивното прво дете, синот Вилфред, се роди во април минатата година, објави Ројтерс.

Медиумите објавија дека Кери им напишала на своите пријатели на Инстаграм дека се чувствува „неверојатно благословена“ што е повторно бремена.

притисни ентер