Бочварски: До сега инвестираме 23 милиони евра за реконструкција на локални улици во општните

Инвестирани се 23 милиони евра за изградба и реконструкција на 93 локални улици во 44 општини и Град Скопје во рамки на Проектот за поврзување со локални патишта во општините што се реализира преку Министерството за транспорт и врски со поддршка на СБ

Ова го потенцираше министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, на денешната Конференција на која се презентираа досегашните резултати од реализација на овој Проект, на која присуствуваа Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Проектот е со вкупна вредност од 70 милиони евра, средствата се распределени на 80 општини и Градот Скопје за реализација на проекти во локалната патна мрежа преку кои се очекува да се рехабилитираат вкупно 450 километри локални улици.

„Сите се согласуваме со оправданоста и целта на овој Проект. Рехабилитацијата на локалната патна мрежа верувам дека ќе се сложите, е прв и основен приоритет за граѓаните, за економијата, но и за подобрување на безбедноста во сообраќајот. Токму преку овој Проект ги нудиме и ги обезбедуваме сите овие приоритети. Особено сега во време на најголемата светска криза, кога има лимитирачки фактори во градежништвото, го зголемуваме капацитетот на општините и вбризгуваме повеќе финансиски средства во економијата.

И нема да застанеме овде, како поранешен градоначалник ви тврдам дека ова се проекти кои по обем и капацитет општините без поддршка од централната Влада нема да можат да ги реализираат.“ – истакна министерот Бочварски.

Тој потенцираше дека во општините каде веќе се реализира овој Проект резултатите се видливи преку нови, реконструирани и безбедни улици кои придонесуваат за поквалитетен живот на граѓаните и развој на општините.

На Конференцијата беше потенцирано дека до крајот на годината ќе се објават уште неколку јавни повици каде ќе бидат опфатени вкупно 160 километри локална патна мрежа во општините.

Пијан Германец возел 12 километри во спротивна насока на автопат

Германската полиција во четвртокот вечерта запрела пијан возач кој возел во спротивна насока на автопатот во сојузната покраина Хесен повеќе од 12 километри.

Полицијата извести дека блокираната раскрсница Манхајм-Санхофен го навела 52-годишниот маж да погреши и да вози во спротивна насока.

Возачот бил запрен откако возел повеќе од 12 километри во правец на Франкфурт. За среќа, не предизвикал сообраќајна несреќа или инцидент. Од полицијата објаснија дека возачот згрешил бидејќи бил во алкохолизирана состојба, што било утврдено со земање крв.

Веднаш му била одземена возачката дозвола и против него е покрената кривична постапка. Очевидците се замолуваат да контактираат со полицијата, која ги следи сообраќајните услови во јужен Хесен.

Српски навивачи дивееле низ Виена со антиалбански пароли (ВИДЕО)

Навивачите на српската репрезентација синоќа маршираа низ главниот град на Австрија и извикуваа „Убиј, коли, додека Шиптар не постои“.

На социјалните мрежи се прошири видеото од српските навивачи како шетаат низ Виена по натпреварот меѓу Србија и Швајцарија на Светското првенство во Катар, на кој што Србија беше елиминирана од натпреварувањето.

Да потсетиме, синоќешниот натпревар во Катар не го одбележа само елиминацијата на Србија од Мундијалот, туку и вербалните и физички пресметки меѓу српската репрезентација и швајцарските репрезентативци со албанско потекло.

Украински гувернер: Ослободивме 13 населени места на истокот

Украинската армија ослободи 13 населени места во областа Луганск, најисточниот регион на Украина, изјави денеска шефот на регионалната администрација на мнозинскиот окупиран регион, Серхи Хајдај.

Гувернерот на Луганск наведува дека руските сили се уште ги гаѓаат ослободените села со артилерија. Најави и дека идната недела медицински екипи треба да ги посетат ослободените села, а властите организираат собирање огревно дрво за жителите, објави Хајдај на апликацијата Телеграм.

Оваа информација не е независно потврдена.

притисни ентер