Блумберг: Иран ја намали цената на нафтата за да и конкурира на Русија на кинескиот пазар

 Иран за да може да и конкурира на руската нафта на кинескиот пазар мораше да ја намали цената на својот енергенс,  објави Блумберг.

Кина стана критична дестинација за руската нафта бидејќи Москва се обидува да го одржи извозот по нејзината инвазија врз Украина. Ова доведе до зголемена конкуренција со Иран, наведува Блумберг.

Според експертите конкуренцијата помеѓу иранската и руската нафта единствено е во корист на Пекинг.

Пред руската инвазија врз Украина и санкциите за руската нафта, Иран нафтата Брент ја продаваше со попуст од четири до пет долари, додека сега цената е намалена за 10 долари за барел.

Силна експлозија во џамија во Кабул- десетици загинати и повредени (ВИДЕО)

Силна експлозија одекна денеска за време на вечерната молитва во џамија во Кабул и се стравува дека има многу мртви и повредени, соопшти полицијата.

Претставник на талибанското разузнавање изјавил дека можеби се убиени или повредени 35 лица.

Ал Џезира објави, цитирајќи неименуван функционер, дека загинале 20 луѓе. Болницата во Кабул на Твитер објави дека примила 27 повредени, меѓу кои и седумгодишно дете.

Нападот се случил во населбата Каир Кан. Меѓу загинатите е и имамот на џамијата.

Ин мемориам: Почина Гале Фиданоски, долгогодишен новинар и директор на Радио Гостивар

По кратко боледување на 86-годишна возраст, почина Гале Фиданоски, еден од основоположниците на новинарството во полошкиот регион. 

Тој повеќе од две децении раководеше со радиостаницата „Радио Гостивар“, единствениот локален медиум до почетокот на 90-тите години од минатиот век.

Покрај активната и ангажирана новинарска работа во Радио Гостивар, тој повеќе од 35 години беше дописник на Радио Скопје. За време на работниот век се покажа и како публицист, хроничар. Има напишано неколку книги со историско-фолклорни теми, а негови трудови објавувале повеќе други екс ју-информативни куќи, пред сé радио станици и печатени медиуми. Фиданоски важeше за човек кој со својот ангажман дал значаен придонес во поновата ера на Гостивар и гостиварско извршувајќи значајни општествено политички функции во втората половина на минатиот век. Пензионерските денови ги минуваше во Гостивар и родното Битуше.

Гале Фиданоски е роден во 1936 година во село Битуше, каде што ги поминува и своите најрани детски години. По завршување на основното образование се запишува во учителската школа „Никола Карев“ во Скопје. Со дипломата народен учител две години работи во ОУ „Иво Рибар Лола“ во Ростуше. Во 1962 дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје и набрзо е поставен за директор на ОУ „Денче Дејаноски“ во Маврови Анови. По три години работа во Маврово, во 1965 година е примен за новинар-уредник во Радио Гостивар. Таму, како новинар-уредник, односно директор и главен и одговорен уредник останува сé до пензионирањето во 2000 година.

Автор е на публикацијата „Априлскиот злостор во Ново Село“ во 1976 година, а како коавтор се појавува во повеќе монографии и публикации. Подоцна (2010) како пензионер ја објавува книгата „Копанка“. Тоа приказна за битушките гурбетчии со сведоштва на неговиот татко Трпе, кој во тетратка бележел описи за печалбарската традиција и за животот во овој период./МИА

Мане и на хигиеничарките и на чуварите на Ливерпул им испратил ист подарок

Садио Мане (30) летово се пресели од Ливерпул во Баерн.

Германците му платија 32 милиони евра, а сенегалскиот офанзивец на три натпревари досега постигна два гола за германскиот шампион. Мане е познат како голем хуманитарец, кој гради болници и инвестира во инфраструктурата и образованието во родниот Сенегал, но изненади многумина со подарок за вработените во Ливерпул.

Мане испрати вкупно 150 подароци на вработените во сите сектори на Ливерпул во знак на благодарност за сѐ што направиле за него во изминатите шест години. Сите во клубот, од чистачките до обезбедувањето, добија пакет со чоколадо, фотографија од Мане и лично потпишана благодарница.

Набрзо фотографиите од подарокот се проширија на социјалните мрежи, а некои почнаа да се потсмеваат на фактот дека тој ставил своја фотографија на чоколадото. Мане за Ливерпул играл од 2016 година и по 269 одиграни натпревари и 120 голови реши да го напушти клубот. Во кариерата настапуваше и за Мец, Салцбург и Саутемптон.

притисни ентер