Близу 6 400 фирми ставиле клуч на врата во првите 11 месеци од годинава

Близу 6 400 фирми ставиле клуч на врата во првите 11 месеци од годинава, покажуваат бројките на Централниот регистар. 

Најмногу фирми се затворале во трговијата на големо и мало, преработувачката индустрија, објектите за сместување како и градежни компании.

Статистиката покажува дека споредено со истиот период лани, оваа година се затвориле само 73 фирми помалку, додека пак годинава се отвориле 300 фирми повеќе.

За дел од економските професори бројките не се изненадувачки, велат дека статистиката е иста скоро секоја година. Сепак, економистот Абил Бауш вели дека она што загриужува е тоа што се повеќе бизнисот се одлучува своите фирми да ги префрлаат во други земји поради подобри услови. Според него најавените даночни реформи ќе ги одвратат граѓаните од намерите да основаат бизнис. Па така за наредната година очекува, бројот на новоотворени компании да биде значително помал за разлика од сите претходни години.

„Ако ги земаме во предвид параметрите на Централната банка која ги затегнува кредитите, и комерцијалните банки веќе почнуваат да ги зголемуваат каматните стапки, мислам дека ќе има намалување на трендот на отворање на фирми, додека пак имајќи предвид и дека може да имаме и даночно оптоварување кај луѓето исто така мислам дека тоа ќе влијае,с и од трета страна немаме човечки потенцијал кај фирмите кои би можеле да отвораат нови бизниси.“ изјави за Канал 5 Абил Бауш, економист.

Додека фирмите се затвораат статистика неодамна забележа дека невработеноста се намалила на 14,3%. Според Фајненс тинк, бројот на вработени граѓани стагнира на ниво од 47,3%, па сметаат дека падот на невработеноста е резултат на пасивното население на пазарот на трудот. Неповолен тренд кој е почнат уште за време на Ковид пандемијата.3

ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува два денара

ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува два денара, цените на ЕУРОСУПЕР БС-95, мазутот и дизелот не се менуваат

Од ноќеска на полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се намали за 2 денара, додека цените на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на екстра лесното масло за домаќинство и на мазутот М-1 НС не се менуваат, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Моторниот бензин ЕУРОСУПЕР БС ќе биде 87 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС 98, 89 денари, дизел горивото ќе чини 85,50 денари, екстра лесното масло 85 денари, а мазутот 48,715 денари за килограм.

Со оваа Одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,44 отсто во однос на одлуката од 29.9.2023 година.

Според РКЕ, референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,231 отсто, кај дизелот зголемување за 0,083, кај екстра лесното масло има намалување за 1,177 и кај мазутот намалувањето е за 0,495 проценти.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,308 отсто.

Ј.П. Градски паркинг – Скопје: Од недела започнува зимско сметање на работното време

Јавното претпријатие „Градски паркинг“- Скопје ги известува сите граѓани дека од 01.10.2023 год. (недела) започнува зимско сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање (зонско) со кои стопанисува Ј.П „Градски паркинг“ – Скопј

Работното време во зоните А, Б и Ц ќе биде:

Од понеделник до петок: од 07:00- 21:00 часот;

Во сабота: од 07:00- 14:00 часот.

На јавната површина наменета за паркирање зона Д, работното време останува исто, односно:

Од понеделник до сабота: 07:00- 23:00 часот.

Исто така, од 01.10.2023 се врши промена на работното време и на јавните паркиралишта:

Нова Македонија, Народен Фронт и АМСМ каде услугата паркирање ќе се овозможи 24/7.

Апелираме до корисниците да бидат внимателни и наплатата за паркинг услугата да ја извршат навремено и уредно, во согласност со работното време на паркиралиштата, стои во соопштението од Ј.П. Градски паркинг – Скопје,

Мицкоски: Згрозен сум од неморалниот чин на Маричиќ

Згрозен сум од неморалниот чин на Маричиќ, устата полна им е со Европа, а немаше ни извинување, Ковачевски не се ни огради.

Како човек сум згрозен, со гадење од овој сексистички и неморален чин на Маричиќ, човекот се прослави со се, само не со тоа што треба да го работи, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на Гази Баба одговарајќи на новинарско прашање за вчерашниот скандал во Собранието и сексистичкото однесување на Маричиќ кон пратеничката Дафина Стојаноска.

- Вчудоневиден сум како овие на кои полна им е устата со Европа, не излегоа и не собраа сили да извинат за тоа што го стори Маричиќ, па и тој самиот. А од Ковачевски очекував барем оградување од ова што го направи Маричиќ, но за жал тоа не го добивме, рече Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека уште некое време политичката сцена ќе се дели со вакви политички маргиналци како Маричиќ, а по дебаклот кој ќе и се случи на власта на парламентарните и претседателски избори, ќе се ослободиме од ваквите маргиналци.

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи општините со средства од централниот буџет, Гази Баба ќе добива околу 9 милион евра годишно

Задоволство и чест е што денеска на покана на градоначалникот на општина Гази Баба сум на отпочнување на вака значаен проект. Можеби чудно делува кога зборуваме за земја која кандидат за член на ЕУ, а на воздушна линија на неколку километри од центарот на градот, живее население кое нема вода за пиење во 21 век.

Денеска благодарение на општината, градоначалникот, советниците, пратениците кои доаѓаат од општина Гази Баба започнува проект во ова населено место во вредност од 8 милиони денари со кои ќе се реши овој децениски проблем, односно жителите на ова населено место ќе добијат вода, што е многу важно.

Сето тоа претставува само дополнителен мотив да направиме разлика помеѓу оние кои денеска седат во владата, а се дел од коалицијата СДС и ДУИ, и оние луѓе кои градат, а тоа се градоначалниците кои доаѓаат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, најголемиот дел од нив имаат речиси реализирана програма која беше ветувана на локалните избори во 2021 година, а некој просек од 60% веќе на половина од мандатот е на целата територија каде што има градоначалници кои доаѓаат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Имајќи предвид дека за неколку месеци од денес ќе имаме влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, таа влада има намера да реализира од централниот буџет да децентрализира отприлика 9 милиони евра годишно само за општина Гази Баба.

Убеден сум не само што ќе биде предвреме исполнета програмата, туку и ќе бидат направени проекти кои не беа ветувани и не беа дел од програмата за локални избори.

Само можам да ги охрабрам луѓето кои овде тимски работат, градоначалникот, администрацијата, советниците, пратениците кои доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата така да продолжат да ги реализираме овие проекти затоа што мораме да покажеме и докажеме дека не се сите исти, дека има такви кои крадат како што се овие во владата и такви кои градат, а тоа се градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер