Блинкен: Бајден во декември ќе свика Самит за демократија

Американскиот Стејт департмент во соопштение синоќа го одбележа Меѓународниот ден на демократијата, истакнувајѓи ги заложбите на САД за поеднаков, инклузивен и оддржлив свет. 

-САД ги ставаат демократијата и човековите права во центарот на својата надворешна политика бидејќи тие се оснвните елементи за постигнување оддржлив мир и стабилност во светот… затоа претседателот Џо Бајден во декември ќе свика Самит за демократија, се вели во соопштението потпишано од државниот секретар Ентони Блинкен.

Според него, заложбите на САД се цврsто втелемени на „нашето искуство како демократија – несовршена но која постојано се стреми кон една посовршена унија".

-Знаеме дека слободните и демократски општества имаат поздрави граѓани, помалу насилни конфликти и по просперитети заедници. Несомнено, демократија носи придобивки за многумина, не за малкумина, истакна Блинкен.

Најави дека претседателот Бајден во декември ќе свика „виртуелен Самит за демократија за да се демонстрира дека таа најдобро се справува со најголемите предизвици на нашето време".

-Како што кажа претседателот, "...мораме да започнеме со дипломатија вкоренета во нај заветните вредности на Америка: одбрана на слободата, првенство на можностите, заштита на човековите права, почитување на владеењето на правото и достојно обраќање со секоја индивидуа", рече Блинкен.

Додаде дека успешна демократиија зависи од отвореното и вибрантно граѓанско општество во кое сите луѓе можат да ги застапуваат своите права и да бараат од власта одговорност со еднакви права и без дискриминација.

-Владеењето на правото, слободни и фер избори, слобода на говорот и слобода на печатот се камења темелници на една здрава демократија и правата за сите. Дали се гласа на изобри, се открива корупција или мирно се демонстрира за општи каузи, луѓето насекае низ светот секојднево ги оживуваат основните принципи на демократија.

-На овој Ден на демократијата признаваме дека оввие напори се критични за одбрана, зајакнување и обнова на демократијата, истакна Блинкен.

Продолжува бојкотот на наставата на турски јазик во гостиварската гимназија

Учениците и наставниците од паралелките на турски јазик во Средно општинско училиште во Гостивар (СОУ) продолжија со бојкотот на наставата.

Како причина ја наведуваат одлуката на ресорното Министерство за укинување на една паралелка во прва година.

Во дворот на гостиварската гимназија на протестниот собир покрај учениците и наставниците се придружија и родители. Од протестот беше порачано дека наставата нема да продолжи сè до промена на одлуката.

Наставниците сметаат дека укинувањето на една паралелка претставува етничка дискриминација врз турската заедница.

– Одлуката за укинување на паралелка не е само техничка, таа има и подлабоко влијание. Ние не знаеме кому одговара турската заедница да нема образувани граѓани. Тука станува збор за иднината на турската заедница во Македонија, а не само за иднината на неколку наставници и ученици. Ова училиште со децении образувало генерации кои дале значаен придонес во општеството. Бројот на ученици дозволува да останат три паралелки како што било и 20 години наназад. Затоа МОН треба да ја повлече одлуката за укинување на една паралелка, рече Менсур Матјан, професор во СОУ Гостивар.

Тој во име на неговите колеги го пренесе ставот дека бојкотот на наставата ќе продолжи сè до исполнување на нивното барање да се формира трета паралелка во прва година на турски јазик. За проблемот ќе ги известат и останатите институции и амбасади.

Од училишната управа на гостиварската гимназија информираат дека одлуката за затворање на еден од трите класа по турски јазик е на Министерството за образование и наука. За 102 ученици албанци, запишани во гимназијата во Гостивар, МОН одлучи да има седум паралелки, за 52 ученика за турски јазик две и исто толку за 16 ученици за настава на македонски јазик.

Годинава заради малиот број на ученици, во гимназијата бројот на паралелки се намали за две на албански и една на турски јазик. Управата бараше девет на албански, три на турски и две на македонски.

Во гостиварската гимназија во настава на турски јазик следат вкупно 250 ученици со 28 наставници. /МИА

Единствена Русија потврди дека обезбедила двотретинско мнзоинство на изборите

Владеачката парија на актуелниот руски претседател, Владимир Путин ќе го задржи мнозинството во парламентот и по изборите кои се одржаа изминатите три дена. 

За разлика од порано поддршката за ЕДИНСТВЕНА Русија е намалена, но и покрај тоа според првичните резултати објавени од Централната изборна комисија партијата освоила 49% од вкупниот број гласови или двојно повеќе од второрангираната комунистичка партија. Влез во руската Дума обезбедија и Либерално-демократската партија на Русија која освои 7,55 проценти, Само Русија со 7,37% како и Новата народна партија која го надмина потребниот праг освојувајќи 5,37%.

И покрај огромната победа, ЕДИНСТВЕНА Русија бележи драстично опаѓање на поддршката бидејќи во 2016та оваа партија освои 54% од вкупните гласови. Како причини за падот на рејтингот на владата на Путин,според тамошните анализи се наведуваат обвинувањата за корупција како и затворањето на критичарот на Путин, Алексеј Навални, а организациите кои се поврзани со него беа прогласен за екстремистички со што не им беше дозволено да се кандидираат на изборите.

-Денес завршуваат изборите. Овие избори се многу важни и ќе ја детерминираат иднината на нашиот град и земја. Изборите јасно покажаа дека граѓаните сакаат сувернитет, подобра стратегија за развој и решавање на социјалните проблеми на сите граѓани.-Сергеј Собјанин- градоначалник на Москва.

Резултатите од изборите уште еднаш ја потврдија моќта на партијата на актуелниот руски претседател Владимир Путин која со земјата владее од 1999та, а се уште е непознато дали Путин ќе се кандидира на претседателските избори закажани за 2024та.

На овие избори за прв пат од 1993 гласањето не беше следено од набљудувачите на ОБСЕ, а иако опозицијата обвинуваше за изборни нерегуларности, руското министерство за внатрешни работи соопшти дека гласањето поминало во најдобар ред и дека не се забележани значајни нарушувања во изборниот процес.

Лазаревска: ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ги закочи измените за недела неработен ден

ВМРО-ДПМНЕ преку своите коалициски партнери се обидува да ги закочи измените за недела неработен ден.

По налог на Христијан Мицкоски, неговите коалициони партнери Алијанса и Алтернатива, овде во Собранието се обидуваат да закочат уште едни важни законски измени.

Претседателот на Комисијата за труд и социјална политика од редовите на Алијанса-Алтернатива, Хусни Исмаили, упорно не закажува седница на чиј дневен ред се измените и дополнувањата на Законот за работни односи, со кои недела станува ден за одмор за сите работници.

Овие измени на сила треба да стапат на први октомври, а денеска на десет дена пред тоj датум, опозицијата во Собранието се обидува да ги спречи тие измени.

Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, секогаш кога во Собранието треба да се носат закони кои се во корист на граѓаните, оваа партија на секој начин се обидува да ги блокира и закочи.

Овој пат тоа очигледно го прави преку своите коалициски партнери.

Ваквиот лицемерен и неодговорен однос на ВМРО-ДПМНЕ кон граѓаните е одамна прочитан и препознаен.

ВМРО-ДПМНЕ не може да понуди ништо освен лажни вести, деструкции и блокади, ВМРО-ДПМНЕ не знае ништо друго освен да работи на штета на граѓаните.

Затоа на изборите ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и нивните коалициски партнери ги очекува нов силен пораз од граѓаните.

Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ

притисни ентер