Блиц: Постојат индиции дека на 15 мај Соборот на СПЦ ќе одобри канонско единство со МПЦ - Канал 5

Блиц: Постојат индиции дека на 15 мај Соборот на СПЦ ќе одобри канонско единство со МПЦ

Дали тоа „канонско единство" подразбира автокефалност засега е неизвесно, но она што е сигурно е дека постои можност да се реши спорот, кој датира од 1967 година, кога „таканаречената Македонска православна црква се оддели од СПЦ".

Блиц: Постојат индиции дека на 15 мај Соборот на СПЦ ќе одобри канонско единство со МПЦ

Соборот на Српската православна црква (СПЦ), што почнува на 15 мај, ќе расправа за одлуката на васеленскиот патријарх Вартоломеј, кој ја призна Македонската православна црква како „Охридска архиепископија" и има индиции дека владиците ќе одобрат таа повеќе да не се третира како „расколничка”, односно да дојде до канонско единство, дознава „Блиц”, јави дописникот на МИА од Белград.

-Дали тоа „канонско единство" подразбира автокефалност засега е неизвесно, но она што е сигурно е дека постои можност да се реши спорот, кој датира од 1967 година, кога „таканаречената Македонска православна црква се оддели од СПЦ". На таа одлука, доколку Соборот на СПЦ се согласи и претходеа обновени разговори меѓу српскиот патријарх Порфириј и претставници на МПЦ, предводени од владиката Стефан, кои се одржаа на преговарачката маса во Ниш во најголема тајност, пишува Блиц.

Зворничко-тузланскиот владика Фотиј неодамна кој со оптимизам зборуваше за резултатите од разговорите во Ниш. Тоа го направи пред да биде објавена официјалната одлука на Вартоломеј, додека потоа ниту тој, ниту други великодостојници на СПЦ се имаат огласено.

-Можно е овој месец на мајскиот собор на СПЦ во Белград, МПЦ, односно Охридската архиепископија да се врати во канонско единство со СПЦ и со тоа да се реши расколот од 1967 година. Деновиве како дел од Синодот на СПЦ, го придружував Неговата Светост (Порфириј). Првиот ден имавме средба со претставници на Македонската православна црква во Нишката епархија. Тоа беше интересен дијалог на љубов, верба и надеж и се надеваме дека ако даде Бог ќе дојде до единство, но прво да се помолиме сите на Бога. Македонската православна црква, односно Охридската архиепископија, на овогодинешното заседание на Соборот во Белград во мај ќе се врати во канонско единство со Српската православна црква, а со тоа и во канонско единство со сите помесни православни цркви, изјави владиката Фотиј на 6 мај.

Тој не наведе што тоа конкретно значи, односно дали СПЦ ќе ја признае автокефалноста на МПЦ, но посочи дека Соборот на СПЦ е пред „голем предизвик".

-Пред нас е голем предизвик и ако Господ дозволи молитвите на владиците Николај, Охридски и Жички, молитвите на светите Кирил и Методиј, Светите Климент и Наум и другите светители, свети Сава Српски, да го воспостават тоа единство, да се исцели тој раскол што постои од 1967 г., сега сме на прагот да го решиме тој проблем, ако даде Господ, затоа ве повикувам да се молиме на Бога, сите вие и сите ние, да го решиме за слава Божја и за доброто на нашите свети цркви. Но и за доброто на нашиот српски народ и за доброто на македонскиот народ, кои се два братски народи, изјави Фотиј.

Нишкиот договор, кој беше потпишан во Ниш на 17 мај 2002 година, пишува Блиц, предвидува канонско регулирање на православието во Македонија во 17 точки. Меѓу другото, тој го определува автономниот статус на епархиите во Македонија, кои би ја сочинувале Охридската архиепископија, како и висок степен на независност врз основа на „општата православна канонска структура", но не и автокефалност. Освен тоа, во Скопје независно избраниот поглавар би бил потврден од Белград, а српскиот патријарх би го устоличил. Предвидено е автономната МПЦ, односно Охридската архиепископија сама да избира епископи, а поглаварот да ја носи титулата „архиепископ охридски и митрополит скопски".

Според „Блиц", не се знае дали се сменети некои клучни одредби од Нишкиот договор, како онаа за автокефалноста, бидејќи во тесен владички круг сè уште се подготвуваат документите за ова прашање. Со други зборови, на самиот Собор сите владици ќе имаат можност да видат што договорила делегацијата на СПЦ со претставниците на МПЦ. Македонските медиуми наведуваат дека одлуката на Вселенската патријаршија не значи дека непризнаената Македонска црква добила автокефалност, со која официјално се регулира меѓународното име и статус на црквата, туку претставува најава дека верниците и свештениците кои припаѓаат на таа црква не се во раскол и може да служат заедно со свештениците од другите помесни цркви.

Иранската гарда: Ги погодивме израелскиот воен разузнавачки центар и Мосад

 Иранската Исламска револуционерна гарда соопшти дека при ракетните напади врз Израел погодила центар за воено разузнавање и центар за оперативно планирање на Мосад, пренесува Ал Џезира.

Иранската гарда: Ги погодивме израелскиот воен разузнавачки центар и Мосад

Претходно, израелските медиуми јавија дека ракетен удар во крајбрежниот град Херцлија погодил „чувствителна цел“, термин што обично означува воена или стратешка цел.

Холандија препорачува ограничување на социјалните мрежи за деца под 15 години

Холандската Влада ќе им препорача на родителите да не дозволуваат на децата под 15 години да користат социјални мрежи, а својот прв паметен телефон да го добијат дури по завршувањето на основното училиште.

Холандија препорачува ограничување на социјалните мрежи за деца под 15 години

Овие препораки се дел од новите национални насоки за „Здраво користење на екрани“, кои денеска ги претстави државниот секретар Винсент Кареманс, пренесе НЛ Тајмс.

Препораките, кои се советодавни и не се правно обврзувачки, се однесуваат на апликации како „ТикТок“, „Снепчет“, „Јутјуб“, „Инстаграм“ и „Фејсбук“.

Предлогот следува по притисокот од родители, научници и мнозинството во холандскиот парламент за ограничување на пристапот на децата до паметни телефони и социјални мрежи.

Во март, пратениците Ханеке ван дер Верф и Џеси Сикса Дајкстре предложија минимална старосна граница од 15 години и повикаа на координација со другите европски земји, како на пример Данска и Франција, каде се разгледуваат слични мерки.

Анкетите покажуваат дека четири од пет холандски родители ги поддржуваат ваквите ограничувања, додека експертите предупредуваат на сериозни ризици за физичкото и менталното здравје на децата.

Новите насоки ќе содржат и препораки за времето што предучилишните деца го поминуваат пред екрани.

Околу 2.000 Израелци останаа без своите домови по нападите на Иран

 Околу 2.000 луѓе во Израел останаа без покрив над главата, барем привремено, по ракетните напади на Иран врз централниот дел од земјата и северниот град Хаифа, покажуваат официјалните податоци.

Околу 2.000 Израелци останаа без своите домови по нападите на Иран

По нападите вчера изутрина, во градот Петах Тиква загинаа четири лица при напад врз станбена зграда, а околу 1.300 лица од 400 семејства беа принудени да се евакуираат.

Околу 300 луѓе во Тел Авив останаа без домови откако ракетите погодија два дела на градот, предизвикувајќи голема материјална штета, пренесе Тајмс оф Израел.

Стотици жители беа евакуирани и од Бнеј Брак, каде ракета погоди училиште во станбен кварт, при што беше предизвикана значителна штета, а загина едно лице.

Градските власти во Тел Авив соопштија дека погодените биле сместени во хотели, додека во Хаифа се евакуирани 60 лица поради штети на нивните домови.

Сличен број лица морале да ги напуштат домовите во Рамат Ган, Бат Јам, Тамра, Реховот и други места како резултат на иранските напади во саботата и неделата.

притисни ентер