Бизнисот брои штети, владата се уште прави анализи

Се кројат економските мерки, кои ќе ги спроведе владата за поддршка на бизнисот поради состојбата со Ковид – 19.

 Вечерва тие ќе се најдат на маса на вонредната седница на Владата, најави министерот за здравство Филипче, без да открие на кој начин државата планира да го помогне бизнисот.

„Веќе економскиот тим работи на цел сет на мерки, тие ќе бидат презентирани утре или во текот на следниот ден.“,вели Венко Филипче, министер за здравство.

Откако  Регулаторна излезе со препорака да не се исклучуваат граѓаните од системите за вода, парно и струја поради неплатени сметки. Претедателот на РКЕ Бислимовски, информираше дека сите компании ја почитуваат препораката.

„Во однос на препораката што РКЕ ја упати до компаниите кои што се вршители на енергетски дејности, како и на јавните претпријатија шт се даватели на водни услуги, поради состојбата со Ковид- 19 да се воздржат од исклучување на граѓаните од соодветните системи за снабдување со електрична енергија, топлинска и вода поради неплатени сметки. Ве информирам дека препораката наиде на позитивен одзив кај компаниите.“,изјави Марко Бислимовски, претседател на РКЕ.

Економските аналитичари кои алармираа за итна потреба од ефикасен план за помош на граѓаните и фирмите, преку графикон ги покажаа мерките кои другите држави ги спроведоа за ублажување на штетите

„Фискалните лекови“ кои ги презеле државите се однесуваат на намалување или одложено плаќање даноци и придонеси,  ДДВ, субвенции за фирмите.

Па така – одложено плаќање на ДДВ има во Данска на 30 дена, во Грција на 4 месеци, во Шпанија шест, а во Италија без одредено време.

 Велика Британија нема да наплаќа данок на компании и данок на имот за фирмите во секторите малопродажба, рекреација и сместување во наредните 2 години, вклучително и хотели, ресторани и кафулиња. 

Германија, Франција и Англија ги субвенционираат работниците со намалено работно време. Франција и Грција го одложија плаќањето на социјалните придонеси, а во Англија е изработен план за одложено плаќање на даноци по индивидуален договор со малите и средни компании.

притисни ентер