Битолскиот бизнисмен Христо Кондовски ја доби наградата „Менаџер на годината до 40 години“ - Канал 5

Битолскиот бизнисмен Христо Кондовски ја доби наградата „Менаџер на годината до 40 години“

Битолскиот бизнисмен Христо Кондовски ја доби наградата „Менаџер на годината до 40 години“ на изборот Мажи на годината за 2023

Битолскиот бизнисмен Христо Кондовски ја доби наградата „Менаџер на годината до 40 години“

Претседателот на Одборот на директори на СН Осигурителен Брокер АД Битола, Христо Кондовски, ја доби наградата „Менаџер на годината до 40 години“ на официјалниот избор „Мажи на годината“ во организација на Фрајдеј Комуникации.

На крајот на секоја година наградите се доделуваат на свечена церемонија во гламурозна атмосфера во хотелот Double Tree by Hilton во Скопје во присуство на голем број претставници на бизнис секторот, дипломатскиот кор и јавниот живот, кои се собираат за да ги прослават достигнувањата, придонесите и извонредните приказни на истакнати професионалци.

Годинава меѓу добитниците е и Христо Кондовски, претставник на младата авангардна бизнис генерација. Неговото име, заедно со името на неговиот бизнис партнер Зоран Пејчиновски, е синоним за успесите на најголемиот осигурителен Брокер во државата, СН Осигурителен Брокер АД Битола.

Компанијата е дел од пошироката СН Групација во чиј состав успешно функционираат и СН Сообраќаен центар-Битола, СН Центар за моторни возила, СН Центар за угостителство, СН Мото Центар Скопје, ТАХОМОБИЛ ДОО Скопје, Доо Дкпсн Битола, ДОО Агроскан Битола и Друштвото за управување со приватни фондови Сниф.

Едно навистина големо корпоративно семејство во постојан развој како резултат на големата визија и исклучителните менаџерски способности на големиот осигурителен професионалец Христо Кондовски, препознат како бизнис икона во Битола.

Неговите деловни квалификации се и меѓународно препознати па во 2019 година се вбројува во добитниците на меѓународната награда Business elite’s 40 under 40 за Југоисточна Европа.

Годинава, како награда за исклучителните деловни резултати, доделена му е наградата „Менаџер на годината до 40 години“ на официјалниот избор „Мажи на годината“ во организација на Фрајдеј Комуникации.

“Оваа награда многу ми значи и ја посветувам на моето свето тројство, а тоа е Бог, моето семејство и моите колеги. Но, сакам да ја потенцирам и мојата филозофија за секое признание кое го добивам. Секое признание кое го добиваме е за она што е направено до денес и создава одговорност за она што треба да се прави од утре. Тоа е обврска да продолжиме со нашиот придонес за подобро општество.“-рече Кондовски, заблагодарувајќи се за наградата.

Инаку, покрај деловниот ангажман Кондовски е и посветен сопруг и татко на три деца. Како член на Ротари, но и преку стратегијата за општествена одговорност на СН Групацијата, во континуитет дава придонес и во заедницата поддржувајќи проекти од областа на образованието, здравството, културата и спортот.

Ужас на меден месец во Италија: Младоженецот се разболел од опасна болест, му запрело срцето

Наташа (40) и нејзиниот сопруг Томас (44) уживале на меден месец во Италија, не сфаќајќи дека по враќањето дома во Велика Британија ќе доживеат животна драма.

Ужас на меден месец во Италија: Младоженецот се разболел од опасна болест, му запрело срцето

Наташа и нејзиното момче потрошиле повеќе од 1.800 евра за да отпатуваат на меден месец во Соренто седум дена откако се венчале во мај минатата година. Меѓутоа, по враќањето од патувањето, на Томас му се слошило...

Откако пристигнал дома, младоженецот Томас, работник во воздушната индустрија, развил симптоми слични на грип и развил дијареа. Прво му била дијагностицирана инфекција на градниот кош и му биле препишани антибиотици. Наташа алармирала кога состојбата на нејзиниот сопруг драстично се влошила и сама го однела во болница.

Лекарите потоа почнале да се борат за неговиот живот. Пулсот на Томас бил 214! Набргу потоа неговото срце престанало да работи, поради што итно бил примен на интензивна нега, каде започнала драматична борба за неговиот живот. На крајот лекарите му дијагностицирале Легионерска болест, а последиците ги трпи и до ден денес, пишува британски Сан.

Легионерската болест е белодробна инфекција која може да биде предизвикана со вдишување на капки вода од работи како клима уред или топли бањи. Повеќето луѓе изложени на бактеријата легионела не развиваат симптоми.

Сепак, дури 15 отсто од оние кои се разболуваат страдаат од тешка болест, која може да доведе до пневмонија опасна по живот. Наташа и Томас сега побарале помош од адвокат за да утврдат дали нејзиниот сопруг се заразил со речиси смртоносната бактерија во хотелот каде што престојувале.

„Ова требаше да биде најсреќниот период во нашите животи. Јас и Наташа со нетрпение го чекавме нашиот меден месец. Се вратив дома мислејќи дека имам стомачни проблеми, грип, но беше страшно колку брзо се случи сè и колку Наташа и мојот син беа блиску да ме изгубат. Многу луѓе слушнаа за легионерската болест, но никогаш не сфатив колку е сериозен докторот кој ми го спаси животот.“

Тој истакнува дека со приказната излегле во јавноста за да се погрижат и другите гости на хотелот да не поминат низ истата драма.

„Можеше да биде многу полошо, но моето здравје сега е трајно нарушено. Не можам да правам многу од работите кои порано можев да ги правам поради постојаните симптоми. Една од најлошите работи со кои се обидувам да се помирам е да му објаснам на мојот тригодишен син зошто не можам да ги правам сите работи што порано ги правевме заедно, како спортување заедно, тренинзи, вели Томас.

Тој и Наташа, која работи во градинка, рекоа дека хотелот не изгледал подготвен за сезоната на летни одмори и се чини дека му требало чистење.

Тврделе дека нивната бања имала бигор и мувла околу тушот, додека водата во базенот изгледала зелено.

Според Светската здравствена организација (СЗО), најчестиот начин за пренесување на легионерската болест е со вдишување заразени водни млазови, млазници или пареа од загадени извори на вода.

Бактеријата легионела може да се најде во тушевите и чешмите кои не се користени неколку дена, поради што некои експерти ги повикуваат туристите да ги отворат чешмите и тушевите пред да ги користат.

Легионерската болест може да доведе до долгорочни здравствени компликации и во некои случаи може да биде фатална. Случајот на Томас покажува колку тоа може да биде сериозно.

„Да не беше брзата реакција на лекарите, Томас можеби немаше да биде тука. Големите згради со посложени водоводни системи - како што се хотелите - се изложени на поголем ризик од бактериите што предизвикуваат легионерска болест. Сега истражуваме како Томас се заразил со болеста во странство, вклучително и неговиот престој во хотелот Атлантик Палас во Соренто. Решени сме да му дадеме долготрајна поддршка.“, велат адвокатите.

Познат јутјубер испробал кинески автомобили на иднината: Летаат, пловат, танцуваат (ВИДЕО)

Јутјуберот Дарен Воткинс, попознат како iShowSpeed, неодамна го привлече глобалното внимание со своето патување во Кина.

Познат јутјубер испробал кинески автомобили на иднината: Летаат, пловат, танцуваат (ВИДЕО)

20-годишникот со повеќе од 38 милиони следбеници ја започна својата турнеја во Шангај, каде ги покажа знаменитостите на градот, како и најновите достигнувања на кинеската индустрија, во повеќечасовен пренос.

Невидено чудо

Така Јутјуберот имаше можност да се провози со електричниот Xiaomi SU7 Ultra со неверојатни 1.526 коњски сили, кој во неговите очи ги засени дури и луксузните западни марки.

„Не можам да верувам дека е електричен, и е побрз од моето Lamborghini Huracan“, рече тој за време на емитувањето, кое беше проследено со илјадници коментари.

Посебно внимание привлече возењето со BYD Yangwang U8, луксузен теренец кој може да лебди по вода, пишува Global Times.

Отпрвин се исплашил кога влегле во реката, но потоа со ентузијазам изјавил: „Чудо е оваа кинеска кочија, брате“.

YouTube video

„Културна дипломатија“

Гледачите имаа можност да го видат како управува со летечки автомобил или како танцува на суперавтомобилот Yangwang U9, што отскокнува во ритамот на музиката!

Експертите истакнуваат дека посетата на американскиот Јутјубер не е само интернет сензација, туку и пример за тоа како дигиталните инфлуенсери стануваат „мост“ меѓу различните култури.

„Она што го прави iShowSpped е културна дипломатија на 21 век. Со ова темпо, технологијата и хуморот стануваат универзален јазик“, сметаат аналитичарите.

Хаос во авион: Патник вреска и тврди дека насекаде има змии- пилотот веднаш реагира

Бизарната приказна се случила на 9.000 метри, за време на летот на easyJet од Лондон до Маракеш, откако неименуван патник предизвикал метеж.

Хаос во авион: Патник вреска и тврди дека насекаде има змии- пилотот веднаш реагира

Членовите на екипажот и другите патници биле шокирани кога младиот човек во паника почнал да вика: „Во авионот има змии! Мора да слетаме“.

„Неверојатно страшно“

„Звучи смешно, но сите беа исплашени. Никој не знаеше што се случува, дали некој навистина видел змија во кабината“, изјавил еден од сведоците.

Вознемирениот млад човек носел маица украсена со цртежи на змии, а по првичното викање, наводно почнал да се заканува и да ги плаши присутните, пренесува The Sun.

"Беше неверојатно застрашувачки. Се верува дека бил под дејство на алкохол или дрога и во таа состојба си замислил дека змиите на неговата кошула се вистински", додало истото лице.

Пилотот немал друг избор освен да го сврти авионот и да слета на аеродромот во португалскиот град Фаро.

Реагираше и полицијата

„Тоа беше разумна одлука, а безбедноста на патниците и членовите на екипажот беше најважна“, се вели во соопштението.

Присилното слетување значеше и четиричасовно доцнење за патниците, кои мораа да го чекаат следниот лет за Маракеш, Мароко, за време на велигденскиот викенд.

По слетувањето, полициските службеници го извадиле патникот од Ербасот А320, кој околу 23 часот пристигнал на дестинацијата во Мароко.

Бизарната случка потсетувала на култниот филм „Snakes On A Plane“ од 2006 година, со Семјуел Л. Џексон во главната улога.

притисни ентер