Битка за ректорскиот трон во УКИМ: Дали треба избор во време на епидемија?

Игра на тронови на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, кој ќе ја облече ректорската тога?

Намерата на актуелниот ректор Никола Јанкуловски за избори за прв човек на УКИМ на 17 јуни, за која и самиот е кандидат, предизвика реакции и несогласувања на дел од проректорите и Независниот академски синдикат.

Тврдат дека Јанкуловски незаконски ја брза постапката за избори во услови на криза која привично требала да се почне во март, но е стопирана поради коронавирусот. Освен ризикот од ширење на заразата, за тројца од проректорите, спорни се и скратените временски рокови за конкурирање и дебати на кандидатите.

За актуелниот ректор Јанкуловските ваквите обвинувања се неосновани. Според него во Уредбата на владата за вонредна состојба нема пречка за постапката за избор на ректор, да биде спроведена согласно Законот за образование, Статутот на УКИМ и роковникот, а ќе се почитуваат превентивните мерки за заштита од вирусот.

За превирањата на УКИМ, инспекциски надзор извршиле инспекторите на Државниот просветен иснпекторат откако претходно побара Антикорпуциска. Од инспекторатот велат дека сега се чешла прибраната документација за процедурата за избори, а повеќе детали ќе имаат наредниве денови.

Радев продолжува со консултациите за именување привремен премиер

Бугарскиот претседател Румен Радев продолжува со консултациите за именување привремен премиер. Во четвртокот тој го врачи третиот мандат за формирање влада на најмалата партија во Парламентот - ИТН. 

Тие веднаш го вратија, со што ставија крај на шансите за формирање нов кабинет во ова народно собрание.

Радев сега треба да назначи привремен премиер и влада. Но, според последните измени во Уставот, тој е должен да избира луѓе од список на одредени позиции. Тоа се, на пример, претседателот на Собранието, шефовите на Комората за ревизија и од БНБ.

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, сигнализираше дека не сака тоа да бидат ниту Росен Жељазков, кој раководи со Парламентот, ниту Димитар Главчев, шеф на Заводот за ревизија.

Претседателот во четвртокот имаше средби со нив, како и со првиот човек на Централната банка, Димитар Радев. Тој објасни дека има конфликт меѓу националното законодавство и она на ЕУ. Според европските норми, гувернерот не треба да учествува во политиката. Тоа важи и за неговите тројца заменици. т.е. листата на потенцијални кандидати за премиер се намали за уште четири лица.

Неколку дена претходно од функцијата поднесе оставка и заменикот народен правобранител Елена Чернева-Маркова. Народниот правобранител Дијана Ковачева заминува како бугарски судија во Стразбур и исто така не е опција.

Така, изборот за привремен премиер моќе да биде направен меѓу замениците на Главчев во Ревизорската комора - Тошко Тодоров и Горица Гранчарова-Кожарева. Се верува дека таа има поддршка од ДПС. Кожарева беше меѓу учесниците во скандалот на Ревизорската комора по неуставната смена на нејзиниот претседател Цветан Цветков во јануари 2023 година. Потоа таа беше на функцијата неколку месеци. Кожарева е сопруга на обвинителот и поранешен член на Врховниот судски совет, Михаил Кожарев.

Средбата со неа ќе биде попладнево во Претседателството. /МИА

Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра

Нето надворешниот долг на крајот на минатата година изнесувал 4.458 милиони евра или 32,6 проценти од проценетиот БДП, објави денеска Народната банка.

Во четвртиот квартал од годината, нето надворешниот долг е зголемен за 305 милиони евра или за 7,3 проценти.

- На крајот на четвртиот квартал од 2023 година, бруто надворешниот долг изнесува 11.463 милиони евра и забележа квартално зголемување од 386 милиони евра. Бруто надворешните побарувања се зголемија за 81 милион евра и изнесуваат 7.004 милиони евра. Поголемото квартално зголемување на обврските во однос на побарувањата доведе до зголемување на нето надворешниот долг за 305 милиони евра, така што на крајот на декември 2023 година тој изнесува 4.458 милиони евра, појаснува Народната банка.

Во текот на четвртиот квартал од минатата година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 160 милиони евра и изнесува 8.500 милиони евра, односно 62,2 проценти од проценетиот БДП за 2023 година.

Во однос на крајот на 2022 година, нето надворешниот долг е зголемен за 147 милиони евра (или 3,4 проценти), во услови на зголемување на нето приватниот долг (за 269 милиони евра), а намалување на нето јавниот долг (за 122 милиона евра).

До вторник сончево и топло до 29 степени

Следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во деновите од викендот и во понеделник максималната температура ќе достигне 29 степени, соопшти УХМР. 

Од вторник ќе има извесно зголемување на облачноста со благо опаѓање на дневната температура.

притисни ентер