Битиќи: Владините мерки обезбедуваат поддршка од 200 милиони евра, предлозите на ВМРО-ДПМНЕ се несериозни и со далеку пониски износи

Соочени со коронакризата која со себе донесе сериозни предизвици, пред се здравствени, но и економски последици, за кои свесни сме дека ќе остават значителни штети во економијата Владата подготви пакет економски мерки со цел ублажување на последиците.

При тоа, водевме сметка за сите аспекти и сите погодени од неа. Правејќи ги анализите, дојдовме до бројки на загрозени работни места и загрозени компании кои и не се така мал број. Поточно, тој опфаќа помош за најмалку 250.000 работници и околу 35.000 компании, што е скоро 50% на регистрирани правни субјекти во приватниот сектор .

Пакетот економски мерки вреден 200 милиони евра, овозможува директна помош за сите кои се погодени од кризата - за работниците, за стопанството, за микро, малите и средните претпријатија, за дуќаните, занаетчиите, за спортистите и уметниците и за сите граѓани кои се дел од неформалната економија.

Водејќи сметка дека секој работник е важен и зачувувањето на секое работно место е од егзистенцијално значење, се обезбеди помош од 14.500 денари приход за сите што ќе бидат погодени од кризата, но и по принципот на солидарност намалување на платите на ниво на исто така 14.500 денари, на сите фунционери од јавните државни институции.

Политиките и мерките на СДСМ за изминатите две и пол години многупати се докажаа како реални и исправни, затоа што за нас сите граѓани се важни.

И додека повторно и во најголемата глобална криза од која не е поштедена и нашата држава, СДСМ предлага сет мерки кои опфаќаат поголем број на граѓани погодени од кризата, ВМРО-ДПМНЕ излезе со сет мерки кои се селективни и носат помалку пари во стопанството.

Анализите покажуваат дека мерките што ги предлага ВМРО ДПМНЕ, освен што се несериозни и неодговорни, се мерки за поддршка на тие кои што се во категоријата на повисоко платени работни места и можеби под претпоставка дека нивната куповна моќ е поголема.

Еве неколку клучни работи:

- Бројот на работни места кој што е таргетиран од наша страна 250.000 вработени (ова се сите вработени кои добиват плата до 20000 нето плата) – ние би го поддржиле со 60.000.000 евра месечно, а додека со моделите на ВМРО-ДПМНЕ таа поддршка е значително пониска

o Моделот со 20% подршка, износот на поддршка е само 20.775.189 Евра за компании кои што имаат намалени приходи од 20-30%

o Моделот од 30% поддршка, износот на поддршка е само 31.162.784 Евра за компании кои што имаат намалени приходи од 30-40%

o Моделот од 40% поддршка, износот на поддршка е само 41.550.378 Евра за компании кои што имаат намалени приходи од 40-50%

o Моделот со 50% поддршка, износот на поддршка е само 51.937.973 Евра

- Тоа значи значително помалку средства вбризгани директно во стопанството, и секако помалку пари кај граќаните и намалување на потрошувачка.

Јасна е разликата помеѓу преземените мерки на Владата коишто обезбедуваат месечна поддршка од 60 милиони евра и предлозите на ВМРО ДПМНЕ со срамна поддршка за скоро 50% помалку од тоа што ние го обезбедуваме.

Моделот предложен од страна на ВМРО ДПМНЕ и категоризацијата на бизнисите според нивото на претрпени штети и добивање на подршка, очигледно е дека ги става во поповолна состојба сите подобро платени работни места, наспроти пониско платените работни места.

Тоа почитувани граѓани значи помал опфат и помалку задржани работни места . Затоа што со помала поддршка, компаниите се склони полесно да се откажат од работниците.

Додека Владата спроведува сериозни мерки и чекори за справување со последиците од економската криза, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски научени на земање, сакаат да им ги земат парите на граѓаните од вториот пензиски столб.

Ова е време кога солидарноста треба да ја покажеме на дело.

И токму поради принципот на солидарност, даваме таму каде што нема, на работниците, стопанството, самостојни вработени, спортисти, уметници, а кратиме таму каде што можеме, непродуктивни трошења и намалување на платите односно солидаризирање.

Силно веруваме дека само заедно, сплотени и по принципот на солидарност ќе успееме да се избориме со сите предизвици кои се поставија пред нас. Никој не е сам и никој нема да биде заборавен. Државата е тука за сите граѓани и прави се полесно да ја пребродиме кризата, рече на прес-конференција, Фатмир Битиќи, претседател на Комисија за финансии на СДСМ.

Од четврток две дополнителни автобуски линии за Саемот на книга

ЈСП Скопје и годинава ќе овозможи полесен пристап на посетителите на „Меѓународен саем на книгата“ кој ќе се одржува во СЦ „Борис Трајковски“.

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) информира дека од четврток ќе бидат пуштени дополнителни линии поради Меѓународниот саем на книгата што ќе се одржува во спортскиот центар „Борис Траковски“.

Со цел полесен пристап на посетителите во редовниот линиски превоз ќе бидат пуштени линиите „100“ и „200“ од кои едната ќе поаѓа од Ново Лисиче, а другата од Дексион.

И двете линии ќе сообраќаат до 24 овој месец, а билетите за нивно користење ќе чинат согласно со ценовникот за користење на јавен превоз.

Возен ред на линија „100“ (Ново Лисиче - СЦ „Борис Трајковски“)

Од Ново Лисиче: 11 ч, 12.20 ч, 13.40 ч, 15 ч, 16.20 ч, 17.40 ч.

Од СЦ „Борис Трајковски“: 11.40 ч, 13 ч, 14.20 ч, 15.40 ч, 17 ч, 18.20 ч.

Траса на движење: улица „Февруарски поход“, булевар „В.Смилевски Бато“, булевар „Јане Сандански“, булевар „К.Јосифовски Питу“, булевар „Кочо Рацин“, улица „11 Октомври“, улица „Димитрие Чуповски“, булевар „Св. Климент Охридски“, булевар „Партизански одреди“, улица „Бледски договор“, СЦ „Борис Трајковски“ и обратно по истата траса.

Возен ред на линија „200“ (Дексион-СЦ „Борис Трајковски“)

Од Дексион: 11.20 ч, 12.40 ч, 14 ч, 15.20 ч, 16.40 ч, 18 ч.

Од СЦ „Борис Трајковски“: 12 ч, 13.20 ч, 14.40 ч, 16 ч, 17.20 ч, 18.40 ч.

Траса на движење: улица „Црногорска“, улица „Кузман Шапкарев“, улица „Ѓорче Петров“, булевар „Партизански одреди“, улица „Бледски договор“, СЦ „Борис Трајковски“ и обратно по истата траса.

Синдикатот на Македонска пошта денеска ќе информира за состојбите во претпријатието

Синдикатот на Македонска пошта денеска  информираше за состојбите во претпријатието.

- По одржаниот протест на 18 март годинава, синдикатот на Македонска пошта, во насока на заштита на социјално економските права на работниците пред започнување на постапката за штрајк, побара итни средби со Управниот одбор и владата, преку социјален дијалог да отпочнеме со процес на реорганизација и реформи за зачувување и стабилизација на претпријатието, односно прифаќање на барањата на вработените кои се од суштинско значење, велат од синдикатот.Но, како што посочуваат, Управниот одбор и владата не се одзвале на барањето за итна средба.

Очигледно е дека 2000 вработени се оставени сами на себе да се борат за спас на пошта и зачувување на работните места и егзистенција, потенцираат од синдикатот.

Обновена библиотеката „13 Ноември“ во Кисела Вода

Обновата на библиотеката во Кисела Вода е продолжување на библиотечната дејност на територијата на општината, односно на традицијата долга повеќе од 50 години. 

Подружницата „13 Ноември“ била отворена во 1961 година токму во тогашниот Дом на културата.

Библиотеката „13 Ноември“, клон на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, после 11 години продолжува да работи во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода. Библиотеката се реотвора со книжен фонд од околу 8000 книги: лектирни изданија, книги и сликовници за деца, белетристика и научна литература.

Градската библиотека годинава го слави својот 79.роденден и повеќе од кога и да е веруваме дека книгата не е привилегија, туку право на секој човек. Среќни сме што библиотеката се враќа на своето место во центарот на Општината. Се надеваме дека ќе се вратат и некогашните читатели, а ќе стекнеме и нови. За нив нудиме светски и домашни класици, голем избор популарни наслови и автори. Во моментов работиме на откуп на нови наслови (домашна и преводна литература), кои ќе се најдат токму на овие полици. Сакам да упатам огромна благодарност до Општина Кисела Вода и градоначалникот Ѓорѓиевски, кој за многу краток рок одговори на нашето барање што резултираше со повторното отворање на оваа библиотека. Се надевам дека неговиот пример ќе го следат и останатите општини – подвлече Снежана Стојчевска директорката на Ју Градска библиотека „Браќа Миладиновци“.

Обработката и заемот на книги се врши преку Кооперативниот онлајн библиографски систем и сервис (COBISS), а библиотеката ќе понуди и разновидни културни содржини.

Првата, почесна членска книшка му припадна на градоначалникот Ѓорѓиевски, кој го истакна значаењето на библиотеката за сите вљубеници во пишаниот збор, но и нејзиното место во културното живеење на сите граѓани:

Посебно сакам да нагласам дека на располагање има и многу литература за деца, бидејќи сме свесни дека љубовта кон читањето треба да се всади уште од најраните години. Дополнително, овој простор ќе биде искористен и за друга културна програма-креативни работилници, литературни читања, промоции на книги, средби со автори, со што очекувам дека библиотеката ќе биде честа дестинација на сите наши жители“ истакна градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Првите посетители на библиотеката „13 Ноември“ беа првачињата од ООУ „Круме Кепески“, а по нив и неколкумина повозрасни жители, кои не го криеја задовослтвото дека библиотеката е повторно близу до нив.

Обновата на библиотеката во Кисела Вода е продолжување на библиотечната дејност на територијата на општината, односно на традицијата долга повеќе од 50 години. Подружницата „13 Ноември“ била отворена во 1961 година токму во тогашниот Дом на културата.

притисни ентер