Битиќи – Сахакјан: Плодната соработка помеѓу Владата и УНДП вроди со многу успешни проекти

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска одржа средба со постојаната претставничката на УНДП во Македонија, г-ѓа Нарине Сахакјан.

Вицепремиерот Битиќи и Сахакјан на средбата разговараа за отпочнување на втората фаза од имплементацијата на проектот „Поддршка за националната развојна стратегија 2021-2041".

Во првата фаза на проектот беше изготвена модерна и иновативна методологија, додека во втората фаза ќе се формулира текстот на стратегијата. Темите кои стратегијата ќе ги опфати ќе се дефинираат преку инклузивен и партиципативен процес кој цели да вклучи што повеќе заинтересирани страни. Обете фази до сега се финансиски поддржана од Обединетото Кралство. Проектот се спроведува со техничка поддршка од страна на Програмата за развој на Обединетите Нации УНДП и со активно учество на Канцеларијата на Постојаниот координатор на ОН преку која ќе се стави во функција колективното знаење и искуство на сите агенции на ОН во земјата.

Битиќи и Сахакјан исто така разговараа за соработката меѓу Владата, УНДП и другите агенции на Организацијата на обединетите нации за потенцијален нов проект, финансиран од „Фондот за Целите за одржлив развој" на ОН, со кои би се создале нови можности за зелено финансирање и би се забрзала транзицијата кон обновливи извори на енергија и зголемена енергетска ефикасност.

Постојана претставничка на УНДП Сахакјан, чијшто тригодишен мандат во земјата истекува во октомври 2021, ја искористи средбата за да му се заблагодари на Заменик на претседателот Битиќи за успешната соработка со Владата во изминатите години, нагласувајќи дека УНДП ќе продолжи да биде близок развоен партнер на Македонија во насока на остварување на националните приоритети и Целите за одржлив развој од Агендата 2030.

Вицепремиерот Битиќи на маргините на состанокот упати благодарност за личниот и професионален ангажман на постојаната претставничка на УНДП Сахакјан и воопшто до Програмата за развој на Обединетите Нации, за реализација на проекти поврзани со остварувањето на глобалните цели за одржлив развој. Тој посочи дека во изминатиот период имале навистина плодна и конструктивна соработка, која во иднина ќе донесе бенефит за сите граѓани на Македонија.

Битиќи и посака на Сахакјан со иста посветеност и успех да работи и на новата позиција, пришто потенцираше дека соработката помеѓу Владата и УНДП и во иднина ќе биде на високо ниво,се наведува во соопштенеито од кабинетот на Битиќи.

Во Торонто промоција на книги на Крисанта Јанкула од Мала Преспа

 Во организација на литературното друштво „Браќа Миладиновци“ од Торонто, Канада, одржана е промоција на  три книги на наставничката по македонски јазик Крисанта Јанкула од Горна Горица, Мала Преспа, Албанија, јави весникот „Македониум“.

Станува збор за „Записи од мојот крај“, „Преспа под Албанија, Божја убавина“ и „Поезија и проза од мојот крај“.

Според весникот, промоцијата побудила голем интерес и внимание од македонската заедница во Торонто.

- Не можам да го опишам големо задоволство што сум меѓу Македонците во Канада. Горда сум што во текот на целиот мој работен век, но и сега со целото мое битие се залагам за заштита на мајчиниот македонски јазик, идентитет и традиции, рече таа на промоцијата.

Додаде дека записите од Преспа почнала да ги собира со цел традициите на Македонците да останат во наследство на другите генерации.

- Во мојата работа, голема помош имав и од моите ученици, кои помогнаа во прибирањето на метеријалот со изкази на нивните дедовци и баби, посочи таа.

Се до пензионирањето, Јанкула, наставник по македонски јазик, била во деветтолетката „Отпорот на Горичаните“ во Долна Горица, каде во одреден период била и директор.

Гризман се враќа на тренинзите во Атлетико Мадрид

Напаѓачот Антоан Гризман се врати на тренинзите со Атлетико Мадрид, објави „Marca“.

Триесет и двегодишниот Французин поради повреда ги пропушти мартовските натпревари на неговата репрезентација. За прв пат по 2017 година Гризман не играше за „триколорите“.

Оваа сезона Гризман одигра 38 натпревари на кои постигна 19 голови и имаше 7 асистенции.

Договорот на Французинот со Атлетико Мадрид е до крајот на јуни 2026 година.

Вулканот Ибу во централна Индонезија повторно исфрли пепел во висина од два километри

 Повторно е регистрирана ерупција на вулканот Ибу во провинцијата Северно Малуку во централна Индонезија, јавија индонезиските медиуми.

Вулканот исфрли пепел во висина околу два километри. Претходната ерупција беше на 26 март.

Локалните власти им забранија на жителите од регионот да се приближуваат до кратерот на растојание помало од два километри и ги повикаа луѓето да носат заштитни маски за да спречат респираторни заболувања.

Индонезискиот архипелаг, кој е најголем во светот, се состои од 18 илјади острови. Се наоѓа во таканаречениот огнен прстен на Пацификот, па во регионот е забележана силна сеизмичка активност. Во Индонезија има повеќе од 500 вулкани, од кои 130 се активни.

притисни ентер