Битиќи: Пакетот изнесува 17.8 милиони евра, опфаќа 10.000 компании и околу 60 илјади работници

Владата го донесе шестиот  пакет мерки тежок 17, 8 милиони евра со кои ќе бидат опфатени 10 илјади компании што вработуваат околу 60 илјади работници. 

Два часа откако угостителите и туристичките работници излегоа на протести пред министерството за финансии, Владата соопшти дека со шесттиот пакет најголема помош ќе добијат токму тие. Од скоро 18 милиони евра, 10 милиони се наменети за околу 17 илјади вработени во угостителство во 6 илјади фирми. Ќе ги добијат како плати и еднократна помош. По истиот принцип 2,5 милиони евра се предвидени ноќните клубови, рестораните за свадби, ИВЕНТ индустријата, игротеките, фитнис центрите.

По 500 евра ќе добијат музичарите и туристичките водичи, а туристичките агенции до 5 илјади евра. Безкаматни кредити од 1 милион евра се предвидени за медиумите. А за странските туристи обезбедени се 50 000 бесплатни ПЦР тестови.

Оттако во неделата се изгласаа од денеска на сила се мерките од петтиот пакет. Стартуваше и аплицирањето за плати за февруари и март кое ќе трае до крајот на месецов. За овие мерки оддвоени се 31 милиони евра за 60 илјади работници. Речиси толку не ја зеле мартовската плата.

Дали шестиот пакет ќе ги смири страстите и ќе им биде од помош на најпогодените сектори - став најавија за утре.

Македонија гласа на првиот круг претседателски избори

Македонија по 7 пат бира претседател на државата. Гласачките места  ќе бидат отворени  до 19 часот. 

По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.право на глас имаат вкупно 1.814.317 избирачи, а според заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија, за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи. Вчера на 31 избирачко место гласаа и нашинци во дијаспората, како и затворениците и болните и немоќни лица. Утринава нашата екипа е на отворањето на гласачките места во Влае. Таму е Игор Манасивски.

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

Лични документи можат да се подигнат и денеска

Лични документи можат да се подигнат и денеска, на денот на изборите, информираат од МВР.

- Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 24.04.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот, соопштуваат од МВР.

Исто така, граѓаните на Скопје, ќе можат своите лични карти да ги подигнат во полициските станици во Скопје.

Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Јавниот превоз денеска ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи, соопшто Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

притисни ентер