Битиќи на седницата на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум за Западен Балкан

Вицепремиерот Битиќи на седницата на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум за Западен Балкан – Преку дијалог и меѓусебна соработка да креираме политики со кои ќе направиме конкурентен регион, наместо да создаваме конкуренција .

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, на покана на ко-претседавачите на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) за Западен Балкан, Марко Чадеж и Бранко Азески, денеска присуствуваше на седницата на Управниот одбор на КИФ, која се одржа во просториите на Стопанската комора на Србија во Белград.

На седницата, претседателите на шесте стопански комори од регионот и членови на КИФ (Стопанската комора на Македонија, Унијата на стопански комори на Албанија, Надворешно - трговската комора на Босна и Херцеговина, Стопанската комора на Црна Гора, Стопанската комора на Србија и Стопанската комора на Косово) и вицепремиерот Битиќи, дискутираа за инвестициските политики во регионот на Западен Балкан, како и за потенцијалите за зголемување на атрактивноста на регионот како инвестициска дестинација.

Вицепремиерот Битиќи истакна дека политиката и политичарите треба постојано да бидат на служба на стопанството и граѓаните, стопанството е двигател на економијата и без меѓусебна соработка помеѓу стопанствениците и Владите, не може да се направат сериозни исчекори, кога станува збор за економскиот раст и развој на земјите и регионот на Западен Балкан. Воедно, вицепремиерот посочи дека уште на самиот почеток на кризата предизвикана од пандемијата на Ковид-19, се до денес потенцира дека е потребно да се создава конкурентен регион, наместо конкуренција помеѓу земјите од регионот.

„Уште од почетокот на економската криза заради Ковид 19, истакнав дека предизвикот кој стои пред нас е дали ние како земји од регионот треба меѓусебно да си конкурираме или да работиме на тоа да направиме конкурентен регион. Верувам дека иднината на земјите и на регионот на Западен Балкан е во интензивирање на меѓусебната соработка и создавање на поконкурентен регион во однос на глобалната економија. Еден голем предизвик се уште е Ковид-19 и пост-ковид периодот ќе биде клучен да ние како Влади креираме услови за развој на стопанството, и заедно со стопанските комори да направиме силен исчекор и да се приклучиме кон глобалните вредносни ланци за снабдување. Денеска, заедно со Коморскиот инвестициски форум сакам да иницирам еден широк дијалог за усогласување на политиките за привлекување на странските инвестиции во земјите на Западен Балкан, со кои наместо да си конкурираме, ќе создадеме една заедничка платформа и можност за привлекување на нови странски компании, но и овозможување да се создадат вредносни ланци на странските компании токму на Западен Балкан. Така ќе се даде можност и на најмалите, но и најголемите да бидат дел од глобалната економија и сите заедно да придонесеме кон развојот на регионот", истакна вицепремиерот Битиќи на седницата на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум.

Претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески истакнаа дека на седницата се дискутираше за многу важни економски теми за регионот, со особен фокус на интензивирање на активностите за привлекување на инвестиции во регионот, промоција на регионот на Западен Баллкан како атрактивна инвестициска дестинација, како и промоција и стимулирање на извозот на производи од земјите од Западен Балкан на постоечките и на нови пазари. Тие истакнаа дека претседателите на стопанските комори од регионот разговараа и за заеднички настап на светски познатите саеми во Шангај (SIAL) и на Dubai Expo 2020, каде сите шест земји ќе користат заеднички простор и ќе бидат промовирани секторите/гранките кои се застапени во сите шест земји со можност за поврзување со други глобални и успешни компании.

На седницата на Коморскиот инвестициски форум за Западен Балкан се одлучи да се формира и Одделение за промоција на извозот и за привлекување на инвестиции, со кое ќе се овозможи една точка на контакт за сите заинтересирани компании за реализација на инвестиции во било која од шесте земји од Западен Балкан.

Бразилка ќе оди во затвор, зашто на познат пејач за еден месец му испратила 8.000 писма

Бразилката Мира Карваљо (35) е толку опседната со британскиот пејач, Хари Стајлс (поранешен член на групата „One Direction“) што го оставила партнерот дома и го пропатувала целиот пат до Лондон.

Но, тоа не е сѐ, Мира му испраќала на Хари писма, свадбени честитки, а бидејќи за само еден месец испратила дури повеќе од 8.000 писма, Бразилката завршила во затвор, пишува „The Sun“.

Таа е осудена на 14 недели затвор и се изјаснила за виновна за следење.

- Хари беше навистина потресен. Тој само сака да продолжи нормално, но секако дека е загрижувачки за него, неговото семејство и неговиот тим“, изјави извор близок до Стајлс.

Нејзе ѝ е забрането да се приближува до Стајлс дури 10 години и да присуствува на кој било настан, односно концерт, каде што е тој.

Да потсетиме, фановите на споменатата група некогаш беа познати по претерувањето кое се граничело со демнење, па еднаш ги хакираа и безбедносните камери на лондонскиот аеродром за да ги видат своите идоли.

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира со кого сака. 

Но, понудата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за коалицирање со неговата партија, уште на првиот ден од кампањата за парламентарни избори, покажува дека тој бара помош.

„Ние среде кампања не бараме помош од пријател. Мене ми се чини дека тоа е јасен знак на слабост, затоа што господинот Мицкоски знае што го очекува на 24 април и на 8 мај. Инаку зошто би барал помош од страна?“, рече Пендаровски, соопштуваат од неговиот тим.

Портокалова велосипедска тура, изложба на карикатури и холандски пазар на Деновите на Холандија

По повод националниот ден на Холандија – Денот на Кралот, Амбасадата заедно со своите партнери го отвори второто издание на „Денови на Холандија“ во Ист Гејт Мол во Скопје. 

Амбасадорот Дирк Јан Коп и извршниот директор на Ист Гејт Мол Игор Давков ги пречекаа посетителите со посебно искуство кое вклучуваше портокалова велосипедска тура, изложба на декорирани велосипеди, филмови во виртуелна реалност и холандски пазар.

Настанот започна со симболична портокалова велосипедска тура и изложба на велосипеди декорирани од средношколци од Скопје во организација на Гоу грин – Биди зелен. Покрај автентичните холандски производи во понудата на холандскиот пазар беа вклучени и локални продукти произведени со холандска технологија.

Во рамките на отворањето амбасадорот Коп ги објави и победниците на регионалниот натпревар за карикатури организиран од холандското Министерство за надворешни работи и организацијата Картун мувмент. Независно жири составено од претставници од сите шест држави од Западен Балкан ја додели првата награда на Душан Перишиќ од Србија а втората награда на Арменд Ајредини од Македонија.

Холандскиот пазар ќе биде отворен овој викенд (19-21 април) од 12:00 до 18:00 часот. Изложбата на карикатури може да се посети до крајот на април.

притисни ентер