Битиќи: Можностите на буџетот се ограничени, администрацијата треба да ја зголеми ефикасноста

Ако администрацијата добие повисоки плати, тогаш помалку пари ќе има за студентските оброци, книгите за учениците. 

Ова е ставот на вицепремиерот Битиќи, според кого, кога се разговара за зголемување на платите во јавниот сектор, најпрво мора да се внимава и на буџетските можности. На буџетарите им порача и дека, доколку сакаат да добијат повискои плати, истите ќе треба и да ги заслужат.

„Немаме никаков проблем да ги зголемиме платите и во здравство при тоа ако имаме здравствени услуги соодветни за нашите баби и дедовци, родители, за нас самите. Немаме проблем да ги зголемиме платите и во судство и во обвинителство ако при тоа граѓаните не чекаат по шест години за своите предмети за да им се реши судбината. Нема проблем, ќе решиме се само да не биде на штета на другите. При тоа треба да не заборавиме ако го зголемиме фондот за плати во здравство, во обвинителство, во судовите, ќе треба да скратиме од пензиите, ќе треба да скратиме од оброците за студентите, ќе треба да скратиме од книгите за учениците. Едноставно е, изборот е тој. Тоа се можностите.“ изјави Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања

Но, и наредната година најголем дел од буџетот, ќе оди за плати, надоместоци и пензии. Битиќи сепак е оптимист дека до крајот на месецов работната група ќе најде начин како да ги намали функционерските плати.

„Мислам дека неделава ќе се состанеме пак за конечно да дадеме предлог. Мислам дека ќе мора да има одредено решение до крајот на ноември затоа што секако ќе изискува законски измени коишто ќе треба да поминат на Собрание. Парите што би останале ќе ги вратиме на пензионерите, на студентите, на сите на коишто им се потребни повеќе од можеби на одредени функционери.“ кажа Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања

Нов пакет помош се подготвува за ранливите категории граѓани, но што ќе содржи и кога ќе се објави детали нема. Битиќи најави и дека се бара начин сметките за струја наредената година, да бидат пониски за оние кои трошат во првите два блока, додека поголемите трошаџии да плаќаат поскапо.

Вавринка со историско достигнување

Швајцарскиот тенисер Стен Вавринка испиша историја со тоа што стана најстариот играч кој победил на Мастерс 1000 меч откако го победи Французинот Џовани Мпечи-Перикард со 7-6 (2), 7-6 во првото коло на турнирот во Шангај. 

Дуелот траеше 1 час и 50 минути, а 39-годишниот ветеран покажа исклучителен дух и умешност на теренот.

Вавринка, кој е цели 18 години постар од противникот, спаси две сет-топки - едната во првиот, а другата во вториот сет, пред да ја обезбеди победата. Оваа победа е особено значајна бидејќи претходниот рекорд за најстар победник на Мастерс го држеше Хрватот Иво Карловиќ, кој на 40-годишна возраст го доби својот меч на Индијан Велс во 2019 година против Австралиецот Метју Ебден.

Овој успех беше прв за Вавринка во Шангај од 2016 година и прва победа на Мастерс 1000 во Синсинати од 2023 година. Со денешниот успех тој ја забележа и својата 100-та победа на Мастерс турнирите, со што стана само 12-тиот тенисер на кој тоа му успеало, со што бележи значајна пресвртница во кариерата.

Екс тренерот на Партизан, Дуле Вујошевиќ по тешката операција пуштен дома

Трофејниот тренер на Партизан, Душко Вујошевиќ неодамна е опериран во болница во Белград, а денеска е пуштен на домашно лекување, пренесува српските медиуми.

-Ја напуштив болницата, полека се враќам. Добро сум“, изјави накратко Вујошевиќ за „Sport klub“.

Засега не се знае поради што популарниот Дуле бил хоспитализаран и опериран.

Но љубителите на кошарката на Балканот се среќни и задоволни што може да слушнат дека тој е добро и е пуштен на домашно лелукување.

Вујошевиќ и претходно имаше сериозни здравствени проблеми. Поради лошата функција на бубрезите беше подложен на дијализа, а се започнало поради погрешниот третман на дијабетесот. Засега уште не е познато кој здравствен проблем бил причината за неодамнешната интервенција.

Инаку, Вујошевиќ важи за жива легенда во Партизан со кого има осоено дури 23 трофеи.

Освен црно белите од Белград, тој работел и во екипите на во Пистоја, Варезе, Црвена Звезда, ЦСКА Москва, Лимож...

ФИФА ја одложи одлуката дали да ги отстрани тимовите од Израел од своите турнири

Светската фудбалска федерација (ФИФА) повторно не одлучи дали ќе воведе санкции за Фудбалската асоцијација на Израел, исклучувајќи ги тимовите на земјата од нејзините турнири.

Во мај, Палестинскиот фудбалски сојуз побара казна за своите израелски колеги поради тековната воена операција што еврејските сили ја спроведуваат во Газа.

По денешниот состанок на Советот на ФИФА, претседателот на организацијата Џани Инфантино изјави дека ќе бидат покренати две независни истраги против Фудбалскиот сојуз на Израел. Првата ќе биде доверена на Дисциплинската комисија на ФИФА и ќе биде докажување на наводите за дискриминација во рамките на израелската лига. Втората истрага ќе биде дали има прекршување на член 72, точка 1 од правилникот на ФИФА, кој вели дека „федерациите членки и нивните клубови не можат да играат на територијата на друга федерација-членка без одобрение од другата“. Со тоа ќе се занимава Комитетот за управување, ревизија и усогласеност на ФИФА.

-Советот на ФИФА примени длабинска анализа за оваа многу чувствителна работа и врз основа на темелна проценка ги следевме советите на независните експерти. Континуираното насилство во регионот потврдува дека пред се, и како што беше наведено на 74-от конгрес на ФИФА, ни треба мир. Бидејќи остануваме крајно шокирани од она што се случува и нашите мисли се со оние кои страдаат, ги повикуваме сите страни да го вратат мирот во регионот со непосреден ефект, рече Инфантино во услови на постојано зголемување на тензиите на Блискиот Исток.

Во 2022 година, ФИФА и УЕФА заеднички одлучија да ги исклучат тимовите од Русија од нивните турнири само четири дена по почетокот на воената офанзива против Украина.

притисни ентер