Битиќи: Искреиравме мерки кои тежат 550 милиони евра

Во БДП е 5%, тоа се мерки кои решаваат проблеми,но гледаат и во иднината. Излези и гласај за МОЖЕМЕ!

-„Добро е чувството да зборуваш на мајчиниот јазик ,а никој да не ве гледа чудно. Ова се вредностите на СДСМ. Разликата е голема. Дали беше возможно ова пред 3 години?

Ќе зборувам за вредностите на социјалдемократите – таму тежи разликата која им ја нудиме на граѓаните: Еднакви можности, праведност и правичност, социјална правда и солидарност

Верувајќи во овие вредности успеавме и во време на пандемија од коронавирусот најдовме начин да помогнеме на секој еден граѓанин."-истакна претседателот на Комисијата на финансии во СДСМ, Фатмир Битиќи, на централна трибина на коалицијата „Можеме" во Скопје.

-„Ако на почетокот на кризата ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека не сме спремни да одговориме на кризата , ние го поврдивме спротивното. Тие тврдеа дека 100 илјади ќе останат без работа. А ние, за жал, но соопштивме дека 15 илјади луѓе останале без работа."-посочи Битиќи.

И не само тоа, тој истакна дека сега во време на криза невработеноста кај нас падна на 16.3% ,нешто што не се случило ниту во една земја. Како и дека изминатиов период беа искреирани мерки кои тежат 550 милиони евра, во БДП е 5%, тоа се мерки кои решаваат проблеми ,но гледаат и во иднината.

-„Во 12 години, не задолжија 2.4 милијарди, или 23% од БДП а притоа ни оставија 25% невработеност, 18% од државата без канализација, без вода и со кал. Тоа е режимот, тоа е двојката ВМРО-ДУИ. Тоа е нивниот патриотизам ,за разлика од нашиот.-посочи Битиќи.

Битиќи се осврна на мерките наменети за приватната потрошувачка, тоа се околу 70 милиони евра, нешто што никогаш не се видело е да 330 000 луѓе имаат придобивка од една мерка, тоа се платежните картички за 750 корисници. Во исто време 220 милиони евра се исспланираа за новата развојна економија. Тоа е време на криза, кога треба да се мисли на сите.

-„Нудиме нова програма која се заснова на роботика, ИТ, дигитализација, а од друга страна имаме понуда на реиндустријализација, не зборувајќи за четвртата индустриска револуција, за странски консултанти, а ние имаме овде дома стручни и способни луѓе. –истакна Битиќи.

Тој на крајот посочи дека ако доследно ги применуваме вредностите за кои зборуваме и во реалноста ќе бидеме тоа што сме..

На 15 јули, опцијата е да гласаме за коалицијата МОЖЕМЕ или проектот ОБНОВА кој ќе не однесе во Белизе или Будимпешта. Заокружуваме број 3!

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Барселона и Баерн Минхен нови четврфиналисти

Европските фудбалски гиганти Барселона и Баерн Минхен се нови патници во четврфиналето на елитната Лига на шампионите,

Најсилното европско фудбалско натпреварување Лигата на шампионите вечерва ги комплетираше четврфиналните двојки.

Фудбалерите на Барселона местото меѓу осумте најдобри во Лигата на шампините го обезбедија со триумф над Наполи од 3-1 .

Головите за Барса ги постигнаа Ленгле, Меси и Суарез, почесниот погодок за тимот на нашиот Елиф Елмас го постигна Инсиња.

Во вториот вечерешен меч од осминафиналето во Лигата на шампионите германскиот првак Баерн Минхен извојува уште една убедлива победа над Челзи. Баварците како домаќини ги декласираа сините од Лондон со 4-1.

Во четврфиналето од Лигата на шампините ќе играат:

Лајпциг- Атлетико Мадрид.

Аталанта - ПСЖ

Манчестер Сини Лион

Барселона - Баерн Минхен

Видео: Ламброџини од картон!!

Милиони луѓе сонуваат да имаат скап спортски автомобил. Сништата се остваруваат ако доволно се верува во нив,со оваа изрека се водела група иновативни Виетнамци.

Поголем број од луѓето на Земјата никогаш во живото немаат можност да поседуваат скап автомобил од рангот на Ламборџини, ваков автомобил многумина никогаш и не виделе во живо. Но, неколку млади момчиња од Виетнам го олствариле својот сон, успеале да направат вистинско Ламборџини СВЈ Авентадор од картон.

Целиот проект ги чинел околу 500 долари, за споредба само цената на вистинскиот Ламборџини Авентадор е поголема од 500 000 долари.

Фото: Дара Бубамара со разголени фотки го налутила екс сопругот

Популарната пејачка Дара Бубамара под двенеделниот одмор со другарка во Грција одлуила да замине и во Монако.

Провокативната Дара на оваа луксузна дестинација одмарала уште десетина дена, за тоа време нејзиниот екс сопруг Милан се грижел за синот Коста.

Поранешниот сопруг многу се налутил кога слушнал дека неговата екс сопруга се подготвува за уште еден одмор.

„Кога нејзиното поранешен слушнал за новиот план, полудел и лути и рекол дека тој веќе нема да му биде дадилка на синот, дека ќе мора и Коста да замине со мама на одмор. Од каде ти е идејата цело лето да патуваш со другарките, ако планираш да одиш на уште еден одмор ќе го водиш и Коста!Додека јас го чувам синот ти се соблекуваш и фоткаш по Монако“, наводно и рекол лутиот Милан на Дара, раскажал анонимен извор за српските медиуми.

Милан наводно бил малку љубоморен посебно откако слушнал дека Дара во Монако ја заведувал еден милионер.

притисни ентер