Битиќи го посети „Меѓународниот саем во Тирана 2021"

Заедничките настапи на меѓународните саеми  ја зацврстуваат соработката помеѓу земјите во регионот.

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска го посети "Меѓународниот саем во Тирана 2021" кој е во организација на "групацијата Клик Експо" во соработка со градот Тирана, Стопанската комора на Албанија и Коморскиот инвестициски форум за Западен Балкан и е во рамките на иницијативата "Отворен Балкан", кој се одржува од 1-4 декември со слоган "Еден Балкан, посилен Балкан", а на кој изложуваат над 500 компании од сите земји на Западен Балкан и други 25 земји од светот.

Вицепремиерот Битиќи, по обиколката на штандовите на саемот, потенцираше дека ваквите настани, на кој заеднички се презентираат производите и услугите на компаниите од нашиот регион, може да придонесат да се зацврсти и засили економската соработка во Западен Балкан, но и да се подигне конкурентноста на самиот регион.

"Поголема конкурентност на Западниот Балкан, наместо создавање на конкуренција помеѓу земјите, значи подобра соработка, стабилен и поатрактивен регион, поголеми можности за привлекување на инвестиции и овозможување на подобри работни места за сите наши граѓани. Заеднички треба да продолжиме да работиме во насока на уште подобра соработка на регионално ниво, да донесеме мерки со кои ќе ги унапредиме меѓусебните економски односи, а со тоа да дадеме сигнал за стабилен и сигурен регион, отворен за нови инвестиции и олеснување на сите трговски процеси", нагласи вицепремиерот Битиќи за време на посетата на "Меѓународниот саем во Тирана".

Вицепремиерот Битиќи се сретна и со претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и притоа му честиташе за наградата на комората „Дигитален шампион", за проектот за дигитализација на процесите и издавање е-документи од страна на Комората, што им се потребни на македонските компании во надворешно-трговското работење, добиена од Светската трговска организација (WTO), Mеѓународната стопанска комора (ICC) и Меѓународниот центар за трговија (ITC).​

Кабинет на Заменик на Претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања, координација со економски сектори и инвестиции, Фатмир Битиќи

Рашфорд може да го пропушти ЕП 2024

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд би можел да го пропушти Европското првенство во 2024 година, пишува „Телеграф“.

Според изворот на изданието, на селекторот на Англија, Герет Саутгеј не му се допаднал настапот на играчот.

За да добие место во формацијата на „трите лава“, фудбалерот мора да покаже подогри игри на претстојните натпревари.

Оваа сезона 26-годишниот Рашфорд одигра 35 натпревари, постигна 8 голови и 6 асистенции.

Словенија, Данска и Србија ќе играат против Англија во групната фаза на ЕП 2024. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Кумановска салата

Во четврток (28.03.2024) во емисијата гостин ни беше Нино Величковски.

Состојки за денешниот рецепт:

3 црвени домати

1 свежа краставица

1 главица кромид

1 морков

2 лажици лупен сончоглед

100 гр. сирење

балсамико, масло за јадење, сол по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

„Дубаи мол“ лани го посетиле рекордни 105 милиони луѓе

 Сопствениците на „Дубаи мол“ во Обединетите Арапски Емирати, сооопштија дека трговскиот центар лани го посетиле рекордни 105 милиони луѓе, што го прави најпосетуваното место во светот во 2023 година.

Така, трговскиот центар стана светска атракција, според управителите, привлекувајќи посетители од целиот свет. Управата наведува и дека е забележан скок од над 19 отсто во однос на 88 милиони во 2022 година. А пак, само во првите два месеци од оваа 2024 година, забележани се 20 милиони посетители, така што и годинава „Дубаи мол“ најверојатно ќе постави нов рекорди.

- Овие бројки го одразуваат импресивниот статус на трговскиот центар во Дубаи и го одразуваат напредното лидерство на Дубаи и силната економија. Нашиот трговски центар го отелотворува живиот дух на градот и посветеноста на извонредноста, претворајќи ја визијата на менаџментот во реалност. Како составен дел од економското ткиво на Дубаи, ние играме клучна улога во неговиот успех и иновативност, рече Мохамед Алабар, основач на компанијата „Емаар“ којашто управува со трговскиот центар.

„Дубаи мол“ има околу 1.200 продавници на познати брендови облека, обувки, модни додатоци, апарати за домаќинство итн, а тука се наоѓаат и околу 200 ресторани и кафулиња. Уште една причина за посетеноста е и аквариумот, каде што живеат 33.000 животни. /МИА

притисни ентер