Бислимоски: Да се поедностави регулативата за поставување батерии

Во следниот период треба да продолжиме со инвестициите во фотоволтаици, но треба да се насочиме и кон инвестиции во батерии и да се работи на поедноставување на регулативата за поставување батерии, посочи Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

-Сите инвестиции се насочени кон обновливи извори на енергија и тоа треба да продолжи, но ни треба базна енергија. Во моментив базната енергија ја обезбедуваме од термоелктраните од јаглен и треба да сме реални за нивниот животен век затоа што не може да очекуваме од пензионери да трчаат маратон – тоа е невозможно. И никој нема да ни даде финансии да инвестираме во нови термоелектрани, но она што треба да го направиме е да го обезбедиме природниот гас за производство на електрична енергија и таа треба да ни биде базна енергија, укажа Бислимоски.

Како што истакна, поради енормните цени на берза на струјата и природниот гас – енергетиката стана тема и сега е одлична шанса за сите да ја насочат енергијата и да се инвестира во она што не се инвестирало 30 години.

-Без енергетика нема економија, без економија нема држава. Кога зборувам за енергетиката во последните 30 години, приватниот сектор за разлика од државата повеќе инвестираше. Од средината на мината година кога екстремно се зголемија цените на струја и гасот енергетиката стана главна тема, а до тогаш сите проблеми беа ставени под тепих. Сите инвестици кои се најавуваат ќе се реализираат и ќе придонесат за зголемување на енергетската независност што е одлично. Но, на граѓаните им треба струја сега.Сведоци бевме во минатото на евтин популизам – за ценовна стабилност и отсуство на инвестиции. Денеска е дојдено време кога сите тие неинвестиции ќе се платат. Да се инвестирало во последните 30 години од увозно зависни ќе станавме извозници, рече Бислимоски.

Објавила фотографија од ресторан, па се шокирала кога ѝ стигнала сметка од 58.000 евра

Жена од Кина останала шокирана кога во ресторан во Кунминг добила сметка во износ од 430.000 кинески јуани или 58.000 евра.

Сепак, ресторанот не бил виновен и таа набрзо сфатила каде згрешила.

Жената нарачала неколку локални специјалитети во друштво на пријатели, па решила да направи селфи во ресторанот и да ја објави фотографијата на WeChat, кинеската верзија на Инстаграм. Но, таа не била свесна дека на фотографијата се гледа QR кодот на ресторанот, а нејзините следбеници решиле да се пошегуваат, па го скенирале кодот и почнале да нарачуваат храна.

Тие порачале вкупно 1850 порции патки, 2580 порции лигњи и 9990 порции ракчиња. Кога сфатила што се случило, ја избришала објавата, но нарачките продолжиле да пристигнуваат во ресторанот.

За среќа, ресторанот не ѝ наплатил, а за да не се повтори слично, вовеле нов систем со кој клиентите можат да нарачаат храна користејќи го кодот QE само доколку се во непосредна близина на ресторанот.

Новиот претседател на Аргентина: Почнуваме со шок-терапија

Новиот екстремно десничарски претседател на Аргентина вети економска „шок терапија“ за време на неговиот инаугурациски говор.

Хавиер Милеи ги предупреди Аргентинците дека земјата нема пари и повторно се обврза на програма со остри мерки за штедење. Популистичкиот аутсајдер извојува ненадејна изборна победа во ноември со радикални ветувања за реконструкција на болната економија на јужноамериканската нација.

Инаугурацијата се одржа вчера во Буенос Аирес. 53-годишникот на церемонијата рече дека ќе ја смени децениската декаденција со длабоки кратења на трошоците наменети за намалување на огромните јавни долгови и намалување на инфлацијата, која сега е повеќе од 140%. „Заклучокот е дека нема алтернатива за штедењето и нема алтернатива за шок-терапијата. Знаеме дека на краток рок ситуацијата ќе се влоши, но потоа ќе ги видиме плодовите од нашите напори“, рече Милеи, како што е соопштено од Би-Би-Си.

Новиот претседател брзо се издигна од релативна анонимност до највисоката функција во Аргентина на десничарска платформа која се залага за ограничување на правата за абортус, либерализација на законите за оружје и негирање на климатските промени, меѓу другото.

За време на кампањата тој често беше фотографиран како ракува со моторна пила, а неговите изјави многумина ги споредуваа со поранешниот американски претседател Доналд Трамп и поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро.

За време на кампањата, тој рече дека ќе ја замени валутата на Аргентина со долар и ќе ја укине централната банка на земјата, заедно со голем број владини оддели. Иако претседателот на таа земја има големи овластувања, Милеи се соочува со голем број проблеми. Тој најверојатно ќе се соочи со опозицијата во Конгресот на Аргентина, каде што неговата коалиција на мали десничарски и слободарски партии има само малцинска застапеност.

Останува да се види како новиот претседател ќе ѝ пристапи на работата во пракса. Некои политички коментатори забележаа како тој усвоил поумерен тон по неговата изборна победа. Од друга страна, само неколку часа по преземањето на функцијата, Милеи потпиша указ за намалување на бројот на министерства од 18 на девет, исполнувајќи го клучното ветување.

Меѓу гостите на церемонијата на полагање заклетва беше и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој се состана со неколку латиноамерикански лидери додека се обидува да ја зајакне глобалната поддршка за руската инвазија. Присутен беше и унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Бредли Купер продава сендвичи на улица во Њујорк, го посетија неговите славни манекенки (ВИДЕО)

Холивудскиот актер Бредли Купер е снимен како работи и продава сендвичи во центарот на Њујорк.

Актерот во подготовката и продажбата на сендвичи му помогнал на својот пријател Дени ДиЏиампиетро, ​​сопственик на пицерија во Филаделфија, а сите пари отишле во хуманитарни цели.

Пред камионот со храна се појавиле некои познати пријатели на актерот, а меѓу нив и неговата поранешна партнерка Ирина Шајк. Покрај неа го посетила и манекенката Џиџи Хадид со која актерот наводно сега е во врска.

притисни ентер