Билд: Германија од понеделник влегува во четиринеделен карантин

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска се состана со сојузните премиери на разговори за новите мерки.

„Билд“ ексклузивно дознава дека премиерите на сојузните држави се согласиле со Меркел и дека Германија ќе влезе во целосен карантин на 2 ноември, односно во понеделник.

Билд додава дека канцеларката и премиерите се договориле за новите мерки, но се уште нема официјални информации. Според информациите објавени вчера, но и според министерот за финансии, заклучувањето треба да трае четири недели.

Билд исто така известува дека канцеларката, по состанокот со премиерите на сојузните држави за новите мерки, ќе ги информира лидерите на парламентарните групи во Бундестагот.

Веста ја објави заменик-портпаролот на Владата Мартина Фиец. Утре наутро, Меркел во Бундестагот ќе известува за состојбата со коронавирусот во Германија.

Според Билд, министерот за финансии Олаф Шолц на состанокот изјавил дека и тој верува дека на Германија и требаат драстични мерки.

Тој исто така најави стабилизација и владината помош за затворените бизниси.

Тој рече дека малите бизниси можат да добијат владина помош до 75 проценти од износот на своите приходи што ги генерирале истиот месец минатата година. Поголемите компании можат да добијат поддршка до 70 проценти.

Шолц, исто така, предвидува, според Билд, дека за четири недели блокада ќе бидат потребни седум до 10 милијарди евра.

„Се наоѓаме во ситуација кога нема да можеме да ја контролираме ситуацијата. Мислам дека е потребно да се договориме за драстични мерки “, рече тој.

Германските медиуми претходно денес објавија дека Меркел сака да затвори кафулиња, ресторани, училишта, спортски сали, музеи и кина, но „Билд“ сè уште нема конкретни информации.

Според нацрт-мерката што протече рано синоќа, би работеле само училиштата и градинките.

Продавниците може да останат отворени доколку применат строги хигиенски мерки и го ограничат бројот на клиенти, а рестораните ќе имаат само храна за достава.

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Поради предизборни митинзи за претседателските избори викендов во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим. 

Како што информира Министерството за внатрешни работи од денеска од 19 часот до утре до 21 часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржување на митинг што ќе се одржи утре во 13 часот пред седиштето на Европската унија. За сообраќај ќе биде затворена ул.„Св.Кирил и Методиј“ на потегот од крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ до крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“.

Утре во 20 часот на плоштадот „Македонија“, пак, ќе се одржи митинг од изборната кампања за претседателските избори поради што Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.

Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње

 Два пожара на отворен простор се регистриранио во последното деноноќие, соопшти ЦУК. 

Гореле диви депонии во атар на с.Церово, Општина Желино и над расторанот „Дарданија“ кај с.Боговиње.

Интервенирале пожаникари од Тетово и ренеџер од Наионалниот парк „Шар Планина“. Според последните информции, пожарите се локализирани.

ЦУК апелира за внимателност заради најавените метеоролошки промени со дожд, ветер и снег на повисоките места.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.

Санкционирани 179 возачи во Скопје

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкии за поминување на затворен сигнал - црвено светло, седум мерки за управување под дејство на алкохол.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

притисни ентер