Бил Гејтс стана најголем сопственик на обработливо земјиште на светот

Оснивачот на Мајкрософт , Бил Гејтс стана најголем приватен сопственик на земјоделско земјиште во светот, според извештајот на Институтот за урбани земјишта, објавен во јануари.

Според овој извештај, тој ја добил оваа титула уште во 2018 година кога купил 14.500 хектари првокласно земјиште во државата Вашингтон, инаку традиционална територија на домородното племе Јакама, за 171 милиони долари.

Со оваа набавка, Гејтс станал сопственик на вкупно 242.000 хектари земјоделско земјиште во 19 американски држави, од Вашингтон до Арканзас, со вкупна вредност од над 690 милиони долари. Гејтс добил нов прекар во извештајот за земјиштето: фармерот Бил.

Земјиштето сопственост на Гејтс е, за споредба, скоро со иста површина како Хонг Конг ,пишува во колумна Ник Естес, професор на Универзитетот во Ново Мексико, објави Гардијан.

Сепак, Гејтс не е единствениот богат човек кој, во желба да го диверзифицира своето портфолио, со посредство на менаџери за инвестиции и консултанти, започнал масовно да купува обработлива површина. Приливот на пари во средства што се инвестираат во обработливо земјиште достигнал рекордно ниво во 2019 година, пишува Фајненшл тајмс.

Што се однесува до Гејтс, корисник на Редит, кога ја посетил оваа социјална мрежа во форматот Прашај ме нешто (АМА), во која познати или помалку познати луѓе одговараат на прашањата на корисниците, го прашаа зошто купува толку многу обработлива земја.

Гејтс одговорил: "Мојата инвестициска група донесе одлука за откуп. Не е поврзано со климата. Земјоделскиот сектор е важен. Со попродуктивно семе, можеме да избегнеме уништување на шумите и да и помогнеме на Африка да се справи со климатските тешкотии што веќе ги чувствува. Не е јасно колку може да станат ефтини биогоривата, но ако се доволно ефтини, тоа би можело да го реши проблемот со емисиите од авионите и камионите “.

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел, се откажав од надомест

Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки, вели Петровска.

Како што ветив транспарентност од почеток до крај на процесот против изнесените лаги, клевети и навреди од страна на Драган Ковачки врз мене сакам да Ве известам дека Основниот граѓански суд во Скопје по сите прикажани докази од моја страна донесе одлука со која се утврдува дека тужениот Драган Ковачки искажал невистини и лаги односно неправедно ме клеветел во јавност со цел ми го наруши угледот и честа во очите на јавноста. Ова го објави предмалку министерката за одбрана Славјанка Петровска на нејзиниот фејбук профил.

- Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки. Како што кажав и на почетокот во медиумите: "Пари од нечесник не сакам" и Ве известувам дека се откажав од паричниот надомест, напиша Петровска.

На ФБ министерката за одбрана напиша дека секој го прави тоа што најдобро го знае, „тие со лагите, јас со труд и одговорна и чесна работа“.

Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор

Американското Министерство за транспорт денеска и додели 60 милиони долари на сојузната држава Мериленд за помош по уривањето на мостот Френсис Скот Ки откако во него удри товарен брод.

Гувернерот на Мериленд Вес Мур претходно побара средства за помош во „мобилизацијата, операциите и отстранувањето на отпадот“.

Мур додаде дека овие средства ќе ги постават темелите за брзо закрепнување.

Инаку, по уривањето неколку работници паднаа во водите на реката Патапско. Телата на двајца мажи, на возраст од 35 и 26 години, беа пронајдени во средата, на 7,6 метри под вода во реката Патапско.

Жртвите паднале од височина од 50 метри во водата, која била околу -1 Целзиусов степен во моментот на падот, изјави портпаролот на противпожарната служба во Балтимор, Кевин Картрајт.

Несреќата се случи во вторникот откако товарниот брод „Дали“ удри во еден од столбовите на мостот. /МИА

Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени

Земјотрес со јачина од 5,7 степени, според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, беше регистрирани кусо по 9 часот во морскиот дел западно од грчкиот полуостров Пелопонез, јави дописничката на МИА од Атина.

Земјотресот беше почувствуван во целиот регион на Пелопонез, особено во западниот дел, но и во Атина.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Геодинамичкиот институт првично објави дека биле регистрирани два земјотреси од 5,6 и 5,7 степени со неколку секунди разлика, нешто што кусо подоцна го промени во еден земјотрес, а и според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, станува збор за еден земјотрес со јачина од 5,7 степени. /МИА

притисни ентер