Бил Гејтс: Лудо е да се каже дека мојата улога во пандемијата на коронавирус е злокобна

Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс изјави дека коронавирусот го гледа како личен непријател и дека постојано се прашува дали е попаметен од нас и како може да не измами.

– Сè ќе беше полесно доколку споделиме знаење и си помагаме, но имаше поголеми поделби отколку што очекував. Тоа е човечка природа. Пандемиите го покажуваат најдоброто и најлошото кај луѓето. Некои поединци и земји сметаа дека имаат право да бидат први вакцинирани. Ги вакцинираме младите и децата во развиените земји, додека постарите Африканци и Латиноамериканците се без вакцинација, рече тој.

Во интервју за Еј-Би-Си, тој истакнува дека во последните две години вложил максимални напори за да го победи коронавирусот.

– Неколку генерации минуваат низ настани кои предизвикуваат загуби од милијарди долари и десетици милиони смртни случаи. Ниту еден земјотрес или пожар не предизвика толкава штета. Сепак, бевме поподготвени да се справиме со земјотреси и пожари. Секоја година трошиме милијарди за одбрана, а речиси ништо за заштита од пандемии, рече Гејтс, додавајќи дека со часови проучувал статистики за одговорот на вирусот во секоја земја.

– Затоа што секогаш сакам да знам цврсти факти. Австралија, Нов Зеланд и Јужна Кореја на почетокот добро реагираа", вели тој. Но, земјата што најмногу го импресионираше е Виетнам, поради нејзиниот здравствен систем, порака до населението и стапката на вакцинација од 98 проценти. – Тоа е посебен случај, оцени Гејтс.

Заговорник за „затворањата", тој објаснува дека нивните ефекти тешко се проценуваат. – На пример, во Шведска ограничувањата беа умерени, но населението се однесуваше одговорно, како да е во „локдаун".. Од друга страна, во САД, поригорозни мерки, но многумина ги прескокнаа. Хонг Конг е уште еден необичен случај. Затворањата ги спроведоа на одличен начин, но кога омикрон пристигна, стапката на вакцинација за луѓето над 65 години беше 35 отсто, болна бројка. Јапонија е единствена поради нејзината опсесија со маски.Таа е земја со најмногу постари, но не се дебели – и запомнете дека ризикот од смртима многу врска со дебелината и дијабетесот, рече Гејтс.

Бил згрозен кога видел дека толку луѓе се однесуваат нерационално и дека антиваксерите отворено го мразат.

– Фактот што ве етикетираат како некој што игра злокобна улога во оваа пандемија е вџашувачки. Факт е дека работам во светот на вакцините и имам многу пари. Но, идејата дека сакам да ги контролирам човечките тела е луда, рече тој.

Бил Гејтс признава дека се чувствува малку виновен што ја преживеал пандемијата подобро од речиси сите други.

– Имам совршена интернет конекција, големи куќи, приватен авион каде што нема ризик од инфекција. Можев да ги видам моите деца. Беше многу полошо за другите луѓе, особено сиромашните, се разбира, вели Гејтс./МИА

Ќерката на Пол Вокер: Абортирав во 2020 година, имав среќа што најдов добар доктор

Медоу Вокер, ќерката на починатиот актер Пол Вокер, проговори за абортусот што го доживеала во 2020 година.

Медоу реши да проговори на оваа тема по одлуката на Врховниот суд за абортус, со која беше поништено федералното право на абортус, воведено со пресуда стара 50 години.

Медоу на Инстаграм откри дека абортирала за време на пандемијата, пред две години.

„Денес беше голем чекор назад во историјата, длабока неправда ги погоди жените ширум Соединетите држави. Има безброј жени кои се мачеа со одлуката да направат абортус. И јас се борев со тоа во 2020 година. Кога светот подлегна на пандемијата, јас барав абортус“, напиша 23-годишната девојка.

„Тоа е многу приватно и лично искуство, такво и треба да биде“, вели таа, додавајќи дека „имала среќа да наиде на добар доктор кој ја поддржувал во текот на целиот процес“.

„Да знаеш дека сега уште повеќе жени нема да имаат можност да бараат безбеден абортус и да донесат одлука за нивното тело го крши срцето. Во свет кој постојано ги маргинализира жените, ова изгледа како најголемиот напад врз нив. Забраната за абортус не ги спречува абортуси, спречува безбедни абортуси“, заклучи таа.

По објавата таа наиде на голем број негативни пораки.

"Количината на омраза што ја добив по оваа објава е неверојатна. Престанете да ме следите ако не се согласувате со мене. Не останувајте таму и пишувајте ужасни работи", им порача таа на хејтерите.

Коза активирала нагазни мини во Запорожје, ранети 40 Руси

Најмалку 40 руски војници се повредени откако украинска коза активирала експлозив поставен околу болницата во Запорожје со своето хаотично движење, пренесува британски „Телеграф“.

Војниците поставувале мини кога коза, која побегнала од фарма во селото Кински Роздори, ги активирала експлозивните направи.

Козата предизвикала верижна експлозија.

Шефот на украинската разузнавачка служба изјави дека руски војници поставувале мини околу локалната болница. Набргу по поставувањето на минската замка, кон областа дошла коза и извршила верижна експлозија во која се повредени десетици војници.

„Со своите хаотични движења, козата активираше неколку гранати. Како резултат на тоа, неколку Руси се здобија со повреди со различна тежина“, пишува разузнавачката служба.

Се проценува дека се ранети 40 војници. Животното е наречено „Козата на Киев“, а судбината на козата засега не е позната.

Извор: Телеграф

Штрајкот на ССМ во регионите погодени од невремето ставен во мирување

Штрајкот ќе биде во мирување до завршување на потребата за ангажирање на дополнителни капацитети за справување со последиците од невремето во погодените региони.

На итна седница на Штрајкувачкиот одбор – Претседстелството на ССМ одржана по електронски пат донесена е едногласна одлука за ставање во мирување на генералниот штрајк во регионите на општините Делчево, Виница и Демир Капија, кои попладнево беа погодени од невреме, заради потребата од ставање на сите расположливи капацитети за справување со последиците од елементраната непогода.

Штрајкот ќе биде во мирување до завршување на потребата за ангажирање на дополнителни капацитети за справување со последиците од невремето во погодените региони.

– По информации добиени од штрајкувачите од погодените региони од невремето, како и заради ограничувањата предвидени со правилата за генералниот штрајк неопходно беше да се донесе Одлуката врз основа на која 100 отсто од вработените во јавниот сектор во погодените региони, а кои штрајкуваат ќе бидат ставени во функција за расчистување на последиците од невремето. Нашите колеги браќа и сестри синдикалци се веќе на терен и истите помагаат на најпогодените, информира за МИА од ССМ.

притисни ентер