Бигорскиот манастир слави 1000 години од основањето

Достоинствено, како што му доликува на милениумскиот јубилеј, денеска Бигорскиот манастир со централна прослава одбележа 1000 години од основањето.

Настанот го следеше Тамара Стојкова. Што се се случуваше во манастирот во Бигорски?

По пречекот на претседателот Стево Пендаровски,кој е покровител на прославата и Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, од Епископот Антаниски г. Партениј и традицинална мијачка гарда, беше отслужена Божествена архијерејска Литургија, со која чиноначалствуваше Архиепископот г. г. Стефан, во сослужение со своите собраќа од Светиот Синод на МПЦ-ОА.

– Бигорскиот манастир е нашиот победник над времето и над вековите,наша гордост што трае зашто од љубовта кон него и од љубовта од него израсна во неисцрплив вруток во наш духовен горостас и наш најдобар презент, рече во пригодното слово кон присутните Архиепископот г. г.Стефан. г.г. Стефан кој посебно се задржа и на придонесот на г.Партениј и бигорското братсво за она што денес претставува Бигорски и неговите метоси, посебно за помошта и подршката што ја дава за духовните чеда.

-Токму овој јубилеј не поттикнува да размислуваме колку мудро ги користиме деновите во нашите животи и во што ги вложуваме, во потрага на материјални вредности или за покажување добрина и солидарност и кон сите оние на кои животот им станал претежок и колку секој од нас прдонесува за најважната кауза-за изградбата на слободно општество на рамноправни и доблесни во кои ќе се почитува достоинството на сите. Денес на почетокот на второто илјадалетие на Бигорскиот манастир размислуваме како некоја следна генерација наши потомци ќе ги цени делата на нашата генерација.Се надевам дека ако опстанеме со силна верба и почит и по илјада години ќе имаме добрини и вредности кои ќе останат зад нас за кои ќе се прикажува, порача меѓу друготовоето обраќање претседателот Пендаровски.

Овој значаен јубилеј се одржува во специфично време на пандемија, но многу верници сепак дојдоа пред портите на манастирот. Настанот се одвиваше во строги протоколи.

Во видеото погледнете го целиот извештај.

Вучиќ: Ќе ги победиме мафијашите, тоа им го гарантирам

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и се обрати на јавноста преку Инстаграм со порака дека „државата ќе ја победи мафијата, без оглед на личните, политичките и какви било други последици“.

„Додека се боревме за подобар животен стандард, додека се боревме за Косово, за подобар здравствен систем за да можеме да лекуваме луѓе, некои во меѓувреме сметаа дека најисплатлива работа е да бидат мафијаши, да убиваат луѓе, да киднапираат наши граѓани, но ќе ги победиме, им гарантирам без оглед на личните, политичките и какви било други последици “, истакна Вучиќ во видеото.

Српскиот претседател рече дека „Србија во 2012, 2013 и 2014 година се бореше против тајкуните кои ја ограбуваа земјата и сакаа да ја уништат и кои успеаја во тоа“.

"Ја обновивме земјата. Денес, Србија е прва во Европа според стапката на раст, платите растат, пензиите растат, луѓето живеат подобро", заклучил Вучиќ.

Германец ги прскал луѓето со лут спреј ,зашто не одржувале дистанца

71-годишен Германец премногу сериозно го сфатил правилото за физичко растојание и ги прскал минувачите со спреј за самоодбрана базиран на лута пиперка, соопшти германската полиција.

Тој прво испрскал група џогери, а потоа и двајца велосипедисти во западниот град Ахен, се вели во полициското соопштение, додавајќи дека нападите биле извршени „без предупредување“.

Велосипедистите, брачна двојка на возраст од 51 и 49 години, успеале да го избегнат спрејот и застанале да повикаат полиција.

Човекот и рекол на полицијата дека нема друг начин да им покаже на другите да се придржуваат кон воспоставените мерки за борба против ширењето на коронавирусот.

Тој е обвинет за предизвикување сериозни повреди и опасно попречување на сообраќајот.

Ахен е еден од најголемите урбани центри во Германија кој во моментов е класифициран како област со висок ризик поради високата стапка на заразени.

Најмалите француски модели заминуваат во историјата

По раскинувањето на ,,бракот” со Тојота, групацијата ПСА одлучи да го прекине производството на своите супермини возила.

Одлуката е конечна, а тоа значи дека Citroen C1 и Peugeot 108 заминуваат во историјата. Иако нема потврда, Ројтерс дознава за ова од три различни извори, а причината е една - парите. Имено, супермините се товар само на производителот, тие не носат профит и нивната популарност опаѓа. Со поригорозните стандарди за емисија на штетните гасови, ќе мора да направат модификации на моторот, но и да инсталираат скапи системи за филтрирање на издувните гасови, што дополнително би ја зголемило цената на автомобилот.

Добрата вест е дека постои шанса за еден вид наследник. По обединувањето со FCA, можно е Французите да му го препуштат развојот на најдобрите во А сегментот - Fiat. Панда, а особено 500 се имиња кои се наоѓаат на европските патишта со децении.

притисни ентер