Бигорската и Раичката обител во целост се сообразуваат со соопштението на Синод на МПЦ – ОА, очекуваат да пристигне и Благодатниот Оган

Литургискиот живот, како идентитет и суштина на постоењето на Православната Црква, во нашите манастири се одвива непрекинато.

Свештените Обители на македонското древно светилиште „Свети Јован Крстител" попознат како Бигорски манастир и на неговот метох манастирот „Свети Георгиј Победоносец" во дебарското село Рајчица, имајќи ги предвид вонредните услови предизвикани од светската пандемија со „Ковид-19", изразуваат послушност кон денешното официјално соопштение на Светиот Архијерејски Синод на МПЦ – ОА и во целост се сообразуваат со истото.

-Литургискиот живот, како идентитет и суштина на постоењето на Православната Црква, во нашите манастири се одвива непрекинато. Притоа, во дневниот богослужбен круг воведовме дополнителни молитви, но и пренос во живо на дел од великопосните богослуженија, а заради духовна поткрепа на народот, кој во овие мигови има голема потреба од тоа, вели сестра Ефимија.

Додава дека таа практика ќе ја спроведуваат и во однос на богослужбите на Великата и Страдална Седмица.

-Кога станува збор за празникот над празниците – Воскресението Христово, во интерес на здравјето на нашите граѓани, ќе мора да се прилагодиме на новонастанатите услови и да ги почитуваме донесените мерки за превенција и заштита,посочува сестрата.

И покрај состојбата со пандемијата од коронаврусот во светот, се очекува Светиот Благодатен Оган и годинава да пристигне во Бигорски манастир, каде за првпат пристигна во 2008 година и стана прв божји храм во Македонија каде приситигна Благодатниот Оган.

-Како што пренесе Jerusalem Post Светиот Благодатен Оган од Ерусалим ќе биде пренесен во православните земји како и досега, и покрај драконските мерки против коронавирусот. Поконкретно, согласно објавата, државата Израел изрази подготвеност да ги прими специјалните летови од православните држави, што секоја година го земаат Светиот Оган од Ерусалим,а ние очекуваме да ќе го превземеме од Грција, вели сестра Ефимија.

Потсетува дека ползувајќи се со своите лични пријателства со претставници од Грчката црква, Бигорски го носеше Светиот Оган од Солун и тој пристигнуваше приближно околу полноќ, кога всушност и треба да започне пасхалната богослужба.

-Би сакала да потсетиме дека Благодатниот Оган е едно постојано Божјо чудо што секоја година се случува на Велика Сабота, во Господовиот Гроб во Ерусалим. Светиот Оган е натприродно собитие, а тоа се гледа од начинот на кој се појавува, од тоа што пламенот во почетокот не изгорува, како и од фактот што тој предизвикува душевна промена кај многумина што се удостоиле да го видат. Благодатниот оган е несомнено дело на нетвараната Божја благодат, но не и самата нетварна светлина од Тавор и од Христовото Воскресение. Како што преку таинствата на православната Црква се осветуваат водата и елејот, така, во овој случај, се осветува и природата на огнот. Затоа, кон него не треба да имаме несоодветен или магиски пристап, туку онаков на каков што нѐ учи светата Црква, објаснува сестра Ефимија.

Нагласува дека Воскресението Христово не е некоја прекрасна легенда, апстрактна теологија или некој празник востановен во далечното минато, туку „тоа е самата суштина на христијанството, тоа е победа, подарена од Бога".

Бигорски манастир, годинава одбележува 1000 години од основањето во далечната 1020 година од монахот Јован Дебарски кој тогаш станал Охридски архиепископ.Посветен е на Крстителот Господов, Свети Јован, за кого самиот Господ Исус Христос рекол дека меѓу родените од жена нема поголем од него.Преживеал многу премрежија и голготи,како што беше и последната трагедија од 30 септември 2009 година,кога пламените јазици го пеплосаа Горни Палат.Но,секогаш се извишувал како феникс за да може да „говори" за постоењето на православието на овие простори.

Во измнатите години по повод Велигден во манастирот присуствуваа над 2.500 верници од сите делови на државава и пошироко.Таа масовност годинава ќе ја нема поради состојбата со коронаврусот.

Сепак, внезгден во пазувите на Бистра, со екот на камбаните, испреплетен со жуборот на Радика, на полноќ, во сабота, 18 април, ќе биде соопштена радосната вест за Христово Воскресение-Велигден, Празникот над празниците, како што тоа било со столетија./МИА.

Лични документи можат да се подигнат и денеска

Лични документи можат да се подигнат и денеска, на денот на изборите, информираат од МВР.

- Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 24.04.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот, соопштуваат од МВР.

Исто така, граѓаните на Скопје, ќе можат своите лични карти да ги подигнат во полициските станици во Скопје.

Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Јавниот превоз денеска ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи, соопшто Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

Жените почесто имаат проблеми со сонот од мажите (фото)

Несоницата станува голем проблем во светот, таа влијае и на другите аспекти од нашиот живот.

Спиењето е добро за нашето здравје и општата благосостојба. Недоволното спиење ја намалува продуктивноста во текот на денот, нè прави нерасположени, но и ја намалува нашата концентрација за извршување на секојдневните задачи.

Постојат различни фактори кои влијаат врз квалитетот на сонот, а еден од нив е поврзан со полот. Според некои истражувања, жените се оние кои почесто остануваат будни во текот на ноќта, а некои студии покажале дека тие почесто се погодени од нарушувања на деноноќниот ритам (биолошкиот ритам на телото).

Се разбира, на истражувачите сè уште не им е јасно што влијае на биолошкиот ритам и зошто постојат разлики во спиењето кај мажите и жените, пишува sciencealert.com.

Сепак, за време на истражувањето, тие откриле дека постојат клучни разлики во квалитетот на сонот кај двата пола, што може да има се рефлектира врз здравјето на човекот вклучувајќи ризик од одредени болести.

Разлики во биоритамот

Истражувачите се фокусирале на 150 текста кои истражувале различни аспекти на спиењето, деноноќниот ритам и метаболизмот. Резултатите откриле дека жените имаат послаб квалитет на сон од мажите и дека се посклони да развијат одредени нарушувања на спиењето, како што е синдромот на немирни нозе. Кај мажите, забележано е дека тие почесто може да добијат апнеја при спиење од жените.

Мелатонинот, хормонот кој го регулира сонот, кај жените се лачи порано отколку кај мажите, а температурата на телото, која е највисока пред спиење, кај жените се повишува порано отколку кај посилниот пол.

Резултатите покажале дека жените имаат поголема потреба од сон и се будат подоцна, што не е во согласност со социјалните барања, како што е работата.

Метаболизмот се менува

Нарушувањето на деноноќниот ритам предизвикува ризик од нарушување на метаболизмот и појава на дебелина и дијабетес тип 2. Исто така, луѓето кои работат ноќна смена имаат поголем ризик од овие болести во споредба со оние кои работат во текот на денот. Ова го поддржува веќе потврденото во претходните студии, а тоа е дека полот може да влијае на квалитетот на сонот. Наодите укажуваат дека е потребно третманите за нарушување во спиењето да се прилагодат според полот на лицето.

Сè уште не се познати специфичните механизми кои објаснуваат зошто проблемите со спиењето и биолошкиот ритам се поврзани со поголемиот ризик од одредени болести и зошто постојат разлики во спиењето кај жените и мажите.

Секако, важно да се земе предвид и менструалниот циклус и земањето контрацепција бидејќи тие секако влијаат на квалитетот на сонот и на деноноќниот ритам.

Ваквото истражување помага подобро да се разберат разликите во квалитетот на сонот кај жените и мажите со цел да се обезбедат поефикасни третмани за двата пола.

притисни ентер