Без потреси во последното деноноќие во Скопје

Прво мирно деноноќие за скопјани.

Нема регистрирано потреси во последните 24 часа, по оној што вчера рано утрината во 1.30 часот беше регистриран во главниот град.

Земјотреси не се регистрирани ниту во соседството.

На Балканот единствено се тресеше почвата во Турција, каде што пред половина час имаше потрес од 3,9 степени според рихтер.

Најмногу земјотреси во последново деноноќие се регистрирани на територијата на Јужна Америка.
притисни ентер