Бестселер на мали автомобили: „Opel“ ја претстави новата корса

Доаѓа новата Opel Corsa – и доаѓа оваа година. Уште посмела, уште поемотивна, поинтуитивна за управување и со целосно нови електрични и хибридни погони. 

• Мал и полн со карактер: со лицето на брендот Opel Vizor и нов дизајн на задниот дел

• Дигитален и интуитивен Cockpit базиран на Snapdragon® Cockpit платформи од Qualcomm Technologies, Inc., нова инфозабава со голем 10-инчен екран на допир во боја

• Уште попрецизно: нови Intelli-Lux LED® matrix светлa

• Corsa Electric: нов електричен мотор со 115 kW/156 КС и опсег до 402 km (WLTP)

• Хибрид за сите: новата Corsa е првиот Opel со 48-волтен хибриден систем

Новата Corsa воодушевува со својот нов дизајн, вклучувајќи го карактеристичното лице на брендот Opel Vizor напред и буквите на Opel поставени самоуверено во средината на задниот дел. Најсовремените технологии го прават возењето порелаксирано. Како опција, новата Corsa е опремена со целосно дигитален кокпит базиран на Snapdragon Cockpit платформи од Qualcomm Technologies со нова, интуитивen инфозабавен систем и 10-инчен екран на допир во боја. Intelli-Lux LED® matrix светла без сјај, кои Corsa ги донесе во сегментот на мали автомобили во 2019 година, се исто така уште подобри и попрецизни – сега со 14 LED елементи. А најновата интерпретација на бестселерот на мали автомобили може да се пофали и со висока технологија под капакот на моторот. Corsa Electric сега доаѓа и со поголема моќност и подобрена батерија што овозможува опсег до 402 km според WLTP. Останатите погони се исто така вистинска новина. Corsa е првиот модел на Opel кој ќе биде достапен како хибрид со систем од 48 волти. Така, новата Corsa им овозможува на клиентите избор на погони, од чисто електричен до хибридни и високоефикасни мотори со внатрешно согорување, што е незабележано во овој сегмент.

„Opel Corsa е бестселер повеќе од 40 години. Во изминатите две години беше најпродаваниот мал автомобил во Германија и во 2021 година најпродаван автомобил во Велика Британија. За нас, овој успех е потврда за нашата работа и дава дополнителна мотивација за уште поголемо напредување. Новата Corsa е уште помодерна, уште поемотивна и подобра. Со нејзиниот неверојатен дизајн, најсовремените технологии кои се карактеристични за повисоките сегменти и новата електрична и хибридна технологија без емисии, сакаме да ги инспирираме клиентите и да им покажеме што можат да очекуваат од еден мал автомобил денес“, изјави извршниот директор на Opel, Florian Huettl.

Смел, елегантен, полн со емоции: новиот дизајн на Corsa со Opel Vizor

Совршени пропорции и прецизност до најмалите детали, сето тоа спакувано во смел и елегантен изглед – ова е новата Opel Corsa. Дизајнерите го направија бестселерот на мали автомобили уште помодерен и уште постилски. Највпечатлива карактеристика е непогрешливиот Opel Vizor, карактеристичното лице на брендот кое ги краси сите нови модели на Opel. Црниот Vizor го покрива предниот дел на Corsa и беспрекорно ги интегрира решетката на возилото, LED предните светла и централниот Opel Blitz во еден елемент. Во зависност од нивото на опременост, логото на брендот на предната и задната страна е претставено во привлечна црна или мат сатенска сребрена боја. Оптичките „влезови за воздух“ во долниот дел на предниот браник се поголеми и поистакнати од порано, што ја прави Corsa уште повпечатлива на патот.

Страничниот поглед на новата Corsa импресионира и со карактеристичните линии. Се чини дека „пробиениот“ С-столб дозволува покривот, кој доаѓа во црна боја (во зависност од нивото на опременост), да „лебди“ над возилото. Задниот дел исто така прикажува јасна слика: табличката на Corsa сега се појавува, како што за прв пат беше видено пред неколку месеци на ограниченото издание „Opel Corsa 40“, во центарот на задната врата. И бојата Grafik Grey, достапна за прв пат за Corsa, помага на оваа најнова генерација да блесне во нов сјај.

Интуитивен и фокусиран на најважното: новиот дизајн на кокпитот

Благодарение на бројните нови карактеристики како новите модели на седиштата, новата рачка на менувачот и дизајнот на управувачот, кај Corsa се создава современа атмосфера во внатрешноста. Сепак, најважното – и визуелно и технички – е опционалниот целосно дигитален кокпит со нов инфозабавен систем. Интегрираната платформа Snapdragon Cockpit од Qualcomm Technologies има подобрена графика, мултимедија, компјутерска визија и вештачка интелигенција (AI) за да обезбеди поинтегриран, контекстуално свесен и постојано приспособлив систем на кокпит кој може да се развива за да ги задоволи преференциите на патниците.

Исто како и во развојот на најновата генерација на Astra, беше применет принципот „Детокс до максимум“: системот за навигација овозможува поврзани услуги, препознавање на природниот глас „Hey Opel“ и ажурирања преку воздух. Дополнително, дисплеите на 10-инчниот екран на допир во боја на навигацискиот и мултимедијалниот систем и на екранот за информации за возачот се уште појасни, така што сите важни информации можат да се видат во дел од секунда. А најновата генерација има уште еден адут. За прв пат, паметните телефони компатибилни со Apple CarPlay и Android Auto ќе бидат поврзани со мултимедијалните системи на возилото и исто така ќе се полнат - и двете безжично.

Уште попрецизно: Intelli-Lux LED® matrix светлa со 14 LED елементи

Од 2019 година, приспособливите Intelli-Lux LED® matrix светлата без сјај кај Corsa покажаа како иновациите во сегментот на мали автомобили се достапни за секого. Инженерите континуирано работат на нивен понатамошен развој и новата Corsa има придибивки од тоа. Вкупното 14 наместо осум поединечно контролирани LED-елементи обезбедуваат стадиумско искуство во возењето што сега ги „отсекува“ другите учесници во сообраќајот уште попрецизно од порано.

Има и бројни други најсовремени системи за помош кои го прават возењето и маневрирањето порелаксирано. Понудата се движи од новата панорамска камера за возење наназад со висока резолуција до приспособливиот темпомат и ограничувачот на брзината и странична заштита до предупредувањето за можен преден судир со автоматско сопирање при итни случаеви и детектирање на пешаци.

Помоќна, поефикасна: Corsa Electric со подобрена батерија и нов мотор

Opel ќе стане целосно електричен бренд во Европа до 2028 година, 12 модели се веќе електрифицирани денес - а Corsa беше пионер во демократизацијата на електричните погони во портфолиото на Opel. Затоа, не е изненадувачки што Corsa-e ја освои наградата „Златен управувач“ во 2020 година. Целосното електрично возење во Corsa значи: патување без емисија на штетни гасови без компромиси – и кога ги извршувате секојдневните задачи и кога возите поради задоволство.

Новата Corsa Electric сега го носи ова на повисоко ниво: со поширок избор, поголема моќност, подобрена батерија и поголем опсег. Corsa Electric ќе доаѓа со две опции за електричен погон: бестселерот на мали автомобили ќе се нуди со 100 kW/136 КС и дополнително подобрен опсег до 357 km, како и со 115 kW/156 КС и опсег до 402 km според WLTP. Така, Corsa Electric не само што е многу ефикасна – со својата електрична енергија од батеријата и вртежниот момент од 260 Nm, таа исто така обезбедува чисто уживање при возењето. И кога Corsa Electric треба да се наполни, тоа може да се направи брзо. При брз полнач, батеријата достигнува до 80 проценти од вкупниот капацитет за само 30 минути (20-80 проценти).

Најновата генерација освен одличен опсег овозможува и забава при возење со одговорност: за прв пат, Opel на клиентите ќе им понуди можност да се префрлат на хибрид со систем од 48 волти. Моторите од 74 kW/100 КС и 100 kW/136 КС доаѓаат со нов автоматски менувач со двојна спојка. Во иднина, тие ќе ја надополнуват широката палета на економични погонски верзии од високоефикасни мотори со внатрешно согорување до целосно електричната Corsa Electric, со што постојано ќе ја продолжат електрификацијата на брендот.

За ЕУРОИМПЕКС

Компанијата Еуроимпекс е основана 1990 година како мала трговска фирма за увоз-извоз. Започнува скромно и по осамостојувањето на Македонија, Еуроимпекс е првата приватна компанија чие работење е насочено кон трговија со автомобили и моторни возила од лесна категорија уште од далечната 1992 година, со првиот увоз на Peugeot автомобили.

Соработката со брендот Opel ја започнува кон крајот на 2020та година со што прераснува во Генерален увозник и дистрибутер на брендот OPEL за Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија; Овој успех го круниса 30 годишниот јубилеј на Еуроимпекс кој беше одбележан истата година.

Претпладне сончево, попладне краткотраен пороен дожд

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне, особено во западниот и северниот дел, ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме. 

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 27 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Од утре условите за пороен дожд со грмежи краткотрајно ќе се намалат, а поинтензивни процеси повторно се очекуваат од четврток и кон деновите од викендот.

Максим Димитриевски и Арбен Таравари во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Максим Димитриевски и Арбен Таравари.

Дневен хороскоп за 6. јуни 2023 година

Дневен хороскоп за вторник, 6. јуни 2023 година. 

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Денеска е убав ден за секаков вид дружење и неврзани разговори на кафе. Прошетајте се , поразговарајте.

Кариера

Можеби ќе ви се јави некоја странка или ќе добиете заостанат меил. Се ќе решавате со леснотија.

Здравје

Радувајте ѝ се на иднината.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Оние кои уште бараат сродна душа, ќе се обидат да ја најдат на место касде се собираат со пријателите.

Кариера

Зад себе оставивте се уредно и како што треба и така очекувате да најдете. Сепак , ќе треба да проверите некои ситни работи за кои мислите дека недостасуваат.

Здравје

Веќе не сакате да ве искористуваат.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Премногу зборување не води никаде , искрените прегратки и погледи ќе бидат доволни за да се чувствувате добро и исполнето.

Кариера

Можно е да почнете соработка со една прекуморска земја или со место што е поврзано со вода.

Здравје

Внимавајте на здравата исхрана, пијте повеќе течности.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Во секој момент одржувајте пријателски став кон другата страна и не ја наметнувајте својата волја.

Кариера

Една фаза од вашата кариера денеска завршува и почнува нова. Можно е да ви претстават нов план за развој.

Здравје

Слабост и главоболка.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Постојаната стабилна врска ќе ви даде сила да се соочите со предизвиците во другите области од животот.

Кариера

Успешно ќе се борите со барања од кои нема сите да ви се допаѓаат. Ќе ги вртите работите во своја корист.

Здравје

Вежбајте за да зајакнете.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе ги игнорирате грижите и ќе и се посветите на својата најмила личност со полно внимание.Ќе бидете задоволни. Осамените секако нека излезат.

Кариера

Бргу ќе го премотувате филмот целиот работен ден и ќер заклучите дека сте ги решиле сите проблеми онака како што требало.

Здравје

Движете се што повеќе.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Некои ќе влетаат во површна куса врска , во која ќе покажат голема доза на инвентивност.

Кариера

Се наоѓате на чекор до нови предизвици , кои се атрактивни и ви носат нова желба и мотив за работа.

Здравје

Движете се .

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

За секој свој љубовен проблем денеска ќе најдете решение. Вашиот оптимизам ќе порасне и покрај емотивните празнини.

Кариера

Се отвора една голема врата низ која наскоро ќе поминете. Тоа е шанса за професионално усовршување.

Здравје

Јадете помалку и патувајте.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Многумина најмногу ќе сакаат да излезат меѓу луѓе , без притисок дека мора нешто да се случи. токму таквиот став ќе ви донесе ново познанство.

Кариера

Денеска ќе бидете многу активни во работењето со странки и со луѓе воопшто. Другите ќе го препознаваат вашиот труд околу нив.

Здравје

Не останувајте сами дома, излезете.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Во личните односи ќе се фокусирате на што поголемо зближување. Ќе ви биде потребен допир, прегратка и бакнеж.

Кариера

Вашиот стил на работа подразбира ред и континуитет. Неодговорните би можеле да ви се спротистават , но безуспешно.

Здравје

Останете свои.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Денеска би можеле да ја почуствувате грубоста на партнерот , на кого му е доста од вашето лебдење во облаци. Обидете се да бидете позрели и поконкретни.

Кариера

Ќе напредувате во областа на уметноста, но сите конкретни работни задачи тешко ќе ги остварувате.

Здравје

Внимавајте на вируси.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе заклучите дека вашата самодоверба не е толку важна , колку што е важно да сакате , па што ќе биде, нека биде.

Кариера

Ќе ја анализирате својата листа на приоритети и на прво место ќе поставите нешто ново.

Здравје

Верувајте во себеси.

притисни ентер