Бесплатно разгледување на Скопје по повод Светскиот ден на туристички водичи

Во две групи, организирано со водич Скопјани денеска имаа можност да ги посетат знаменитостите и кулутрните обејкти во градот. 

По повод светскиот ден на туристички водичи, трета година по ред, македонската асоцијација на туристички водичи организираше бесплатен разглед на Метрополата, Охрид и Битола. Заинтересираноста кај граѓаните да дознаат нешто плус за градот, историјата, културата и оваа година беше голема.

Од асоцијата велат се стремат ова да стане традиција, а веќе од следната година, да се организира и разглед на повеќе градови, а не само Скопје, Охрид и Битола.

„Скопјани никогаш претходно немале ваква прилика, да вака се соберат и бидат во можност да го разгледаат градот од своите туристички водичи..... Точно да видат како ние всушност сме еден вид амабасадори на нашата држава. Бидејќи странците прво се сретнуваат со нас на аеродром и со нас си одат, се што ќе дознаат за МАкедонија дознаваат преку нас, а тоа е морам да ви кажам голема одговороност, а одговорност и она што сега го гледаме.“ -Димитар Кавраков – прет. на Македонска асоцијација на туристички водичи

Скопјани кои денеска се собраа во голем број, велат ова е одлична можност да се дознае нешто плус за историјата на градот. И по 50 години живот во метрополата сепак има нешто ново да се научи, некој од нив иако биле дел од оваа тура и изминатите години, и денеска дошле повторно за како што велат поддршка и добра дружба.

„Убаво е ова што се организира, разглеување на градот. Луѓето да запознаат, иако го знаеме Скопје.“

„И минатата година бев, многу сум задоволна, многу работи сум научила што не сум ги знаела а живеам веќе 50 години во градот Скопје и тоа никогаш не е доста.“

„Очекувам да ги посетиме плоштадот, црквата Св. Спас, џамијата и калето...“

Страта железничка станица, спомен домот на Мајка Тереза, Камениот мост, бисерот на Скопје – старата скопска чаршија, се само дел од местата кои се најпосетени од странските туристи во земјава, а денеска на дел од нив со водич ќе се проштаат и македонските граѓани.

Мицкоски очекува со „Новогодишната кошничка“ да се заштити семејниот буџет

Премиерот Христијан Мицкоски очекува со најавеното намалување на цените на производите опфатени со акцијата „Новогодишна кошница“, да се заштити семејниот буџет и да има побогата празнична трпеза.

Мицкоски денеска на новинарско прашање, рече дека бројот на производи опфатени со акцијата е зголемен од 600 на 800 и истакна дека Државниот пазарен инспекторат ќе ја следи работата на маркетите.

- На мое големо задоволство компаниите, трговците, производителите, дистрибутерите, бројката на производи ја зголемуваат и таа е повеќе од 800-тини, не е веќе 600-тини. Сите тие ќе бидат означени, а за тоа ќе се грижи Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) којшто континуирано ќе ја следи работата на маркетите и очекувам семејниот буџет да биде заштитен со намалување на цените на овие производи. Почнува од 15 декември, за два дена. Очекувам позитивни ефекти и очекувам за празниците потрошувачката кошничка да биде што побогата, изјави Мицкоски, по поставувањето камен темелник на нова фабрика во ТИРЗ Кичево.

Во листата на новогодишната потрошувачка кошничка спаѓаат леб и житарици, пекарски производи, месо и преработки од месо, риба, млеко и млечни производи, кондиторски производи, свежо, замрзнато и конзервирано овошје и зеленчук, безалкохолни (газирани и негазирани) напитоци, алкохолни пијалаци (вино и пиво) и друго.

Изминатите денови пазарните инспектори ги мониторираа сегашните цени на производите коишто ги содржи акциската листа заедно со најниските цени на истоимените производи кои биле применувани во последните 30 дена. Целта на мониторингот е да се утврди дали по почетокот на акцијата трговците ќе се придржуваат до дадената иницијатива од нивна страна за акциско намалување на цените од 10 отсто или повеќе на прехранбени производи кои најмногу се продаваат во текот на новогодишните празници.

Производите на листата кои ќе бидат понудени на полиците во трговските ланци ќе бидат обележани со налепница и лого „Помалку трошоци, повеќе за тебе“, како дел од кампањата на Владата.

Акцијата „Новогодишна кошница“ ќе се спроведува заклучно со 15 јануари 2025 година. Граѓаните може да пријават неправилности на бесплатниот телефонски број 191 или на веб страна на ДПИ www.dpi.gov.mk, на која е достапна и листата со производи.

Скапа играчка: Џенерал моторс се откажува од роботакси

Џенерал Моторс соопшти дека ќе стави крај на развојот на роботски такси во својата подружница Круз која губи пари, што е удар за амбициите на најголемиот американски производител на автомобили.

Автомобилската компанија со седиште во Детроит соопшти дека повеќе нема да финансира работа на самоуправувачки роботакси „со оглед на значителното време и ресурсите што ќе бидат потребни за да се зголеми бизнисот, заедно со сè поконкурентниот пазар на роботакси“, пренесе Ројтерс.

Производителот на автомобили инвестираше повеќе од 10 милијарди долари во Круз од 2016 година. Круз ќе биде споен во деловна единица која работи на технологија за помош на возачот, а не е објавено дали ќе има отпуштања.

Овој потег доаѓа откако Џенерал моторс ги намали плановите за електрични возила, го продаде својот удел во една од своите фабрики за батерии со заедничко вложување и ги реструктуираше своите операции во Кина, оставајќи ја компанијата повеќе фокусирана на профитабилниот бизнис за производство на пикапи на бензин и други големи возила.

Акциите на Џенерал моторс пораснаа за 3,2 отсто во продолженото тргување во вторникот.

Во 2023 година, извршната директорка на компанијата, Мери Бара рече дека Круз може да генерира годишен приход од 50 милијарди долари до 2030 година, но сега вели дека бизнисот прави трошоци.

„Морате навистина да разберете колку се значителни трошоците за создавање и водење флота на роботакси, и повторно, тоа не е нашата основна дејност“, рече Бара.

Џенерал моторс очекува реструктуирањето да ги намали трошоците од околу 2 милијарди долари на 1 милијарда долари по завршувањето на планот до крајот на јуни.

Сè уште се развиваат ривали во индустријата за роботакси: Waymo, Baidu и Tesla.

Но, некои од конкурентите на Џенерал моторс веќе престанаа да го финансираат сегментот за автономно возење, наведувајќи ги и трошоците и тешкотијата за развој на таква софистицирана технологија.

Извор: Б92

Лидерот на француските центристи Франсоа Бајру нов премиер на Франција

Лидерот на француската центристичка партија Модем, Франсоа Бајру денеска е назначен за нов премиер на Франција, соопшти Елисејската палата.

Бајру (73) е четвртиот премиер на Емануел Макрон за помалку од една година, а шести од 2017 година, пишува БФМ.

Тој утрово се сретна со Макрон, а подоцна во текот на денот се очекува да се сретне и со неговиот претходник Мишел Барние, на чија влада и беше изгласана недоверба пред повеќе од една недела.

притисни ентер