Бесими: Поволни 50 милиони евра за малите и средните претпријатија

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска соопшти дека 50-те милиони евра наменети за домашните компании што се обезбедени преку Банката за развој на Советот на Европа (ЦЕБ) ќе бидат достапни до крајот на годинава.

Од Министерството за финансии информираат дека средствата ќе се пласираат до малите и средните претпријатија, преку комерцијалните банки, а може да се користат за основни и обртни средства и со тоа да отворат нови работни места.

- По повеќемесечни преговори на Министерството за финансии со Банката за развој на Советот на Европа, на 17 ноември беше донесена одлука од страна на Административниот совет на ЦЕБ за одобрување на Програмски заем од 50 милиони евра за Република Македонија кој ќе се реализира преку Развојната банка на Македонија. Ова е дел од она што го правиме како Владата за да ги поддржиме компаниите и во време на криза да ја одржат својата ликвидност, но и да реализираат свои инвестициски проекти за да обезбедат раст на своите компании, а со тоа и раст на економијата во целост, ја пренесува Министерството за финансии изјавата на министерот Бесими.

Тој додава дека покрај овие средства, се реализираат и активности за реализација на програми со поволни финансиски средства за претпријатијата од Европската инвестициска банка во износ од 100 милиони евра, како и од Француската развојна банка во износ од 50 милиони евра.

Вечерва во Само Вистина дебатираа пратениците Миле Лефков и Мартин Костовски

Костовски: Техничка влада може да се укине за следните избори. Лефков: Не само што изгубивте во Куманово, туку ви се формира и трета партија.

Лефков: Вие сте од Куманово, лидерот ви е од Куманово, не само што изгубивте во Куманово, туку ви се формира и трета партија, вие да се кандидирате за претседател во било која зграда за претседател на куќен совет, ќе изгубите. Вие сте избрани од граѓаните, но за жал никој не ги почитува граѓаните. Кога зборуваме за Премиер Албанец, зборуваме за Премиер на препорака од ДУИ, најкриминалната партија, нема ден да нема скандал поврзан со нив. До кога ќе мафтате со европското знаменце за ваша корист и носите закони што се далеку од европски?

Костовски: Факт е дека конзистентноста и договорите меѓу коалиционите партнери се почитувале и ќе се почитуваат и во иднина. Ние не ретерираме од тоа да има Премиер Албанец, не е важно што е по нациоанлност, важен е квалитетот на личноста и тоа нема да се рефлектира врз рејтингот на СДСМ. Имаме лидер на партијата посветен и ве уверувам дека ќе излеземе како победници на изборите во 2024 година. Техничка влада може да се укине за следните избори, не постои заглавување по лифтови и влечеа луѓе за да гласаат, јас сум задоволен што може да зборувам да нема техничка влада.

Бојан Јовановски е пуштен на слобода

Осудениот Бојан Јовановски-Боки 13 е пуштен на слобода, дознава Канал 5 од судски извори. 

Неофицијално,причината била лошата здравствена состојба, за што Кривичен суд добил лекарски извештаи од повеќе доктори, како и цели лекарски козилиуми.

Ова значи дека Боки 13 ќе се лекува од слобода, а откако му беше извршена операција и му беше отстранет желудникот.

Адвокатот Владимир Туфегџиќ вели дека ја добиле одлуката, за која вели дека иако е задоцнета, е праведна.

Штрајк на илјадници вработени во образованието во Германија, бараат повисоки плати

Во Германија денеска штрајкуваа над 20.000 просветни работници од јавниот сектор, соопшти Синдикатот за образование и наука (ГЕВ).

„Доколку работодавачот конечно не реагира и не почне правично да ги плаќа вработените во јавниот сектор, кризата со недостиг на професионална работна сила дополнително ќе се продлабочи“, рече претседателката на GEW, Дорин Зиберник на централниот состанок во Лајпциг, каде се собраа околу 7.000 наставници.

Освен во Лајпциг, најголеми собири се одржаа и во Берлин, Хамбург и Карлсруе, каде на улиците излегоа илјадници вработени во училиштата, факултетите, градинките и канцелариите за млади.

Зиберник објасни дека просветните работници и работниците во образовните институции се особено погодени од недостигот на работна сила, поради што многу работни места во секторот остануваат непополнети.

Според студијата објавена денеска од фондацијата Бертелсман, ситуацијата е критична, особено во градинките, каде недостигаат над 430.000 места во градинки поради недостиг на воспитувачи.

Синдикатите бараат од работодавачот, односно градовите и општините, зголемување на платата за 10,5 отсто или најмалку 500 евра месечно. Дополнително, бараат и договор на неопределено време за студентите кои работат во образованието пред да ги завршат студиите.

Следната недела ќе има нова рунда преговори меѓу синдикатите и работодавачите.

притисни ентер