БЕСА со двајца, А ДУИ со петмина заменици министри

БЕСА со двајца а ДУИ со петмина заменици министри во новата Влада..Директорските места сеуште се договараат.. Official facebook: https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/ Web: http://kanal5.mk/ Copyright: OnAir Media Group

Премиерот Заев и министрите Шахпаска и Филипче со претставници на родителите кои ја користеа мерката за продолжено породилно отсуство

Ќе покажеме максимална флексибилност, но мораме да научиме да живееме со пандемијата

Премиерот Зоран Заев, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и министерот за здравство Венко Филипче, денеска во Владата на Република Македонија се сретнаа со тројца родители, претставници на родителите кои ја користеа мерката за продолжено породилно отсуство поради пандемијата со КОВИД-19, а кои реагираа на одлуката на Владата на 23 септември 2020 година сите родители на деца од 0 до 6 години да се вратат на своите работни места, поради тоа што градинките стартуваа со работа на 9 септември.

Претставниците на родителите упатија барање до Премиерот и министрите за времено продолжување на мерката за продолжено породилно отсуство од еден до два месеца, со цел полесна адаптација на новонастанатата ситуација и поефикасно згрижување на нивните деца.

Претседателот на Владата Заев ги увери родителите дека приоритет на Владата е здравјето и благосостојбата на децата и сите нејзини граѓани и дека Владата ќе покаже слух и разбирање за нивните барања, особено за специфичните барања и потреби на одредени групи родители.

„Земаме обврска да ги разгледаме вашите барања и потреби и да ви дадеме повратен одговор во најкус можен рок. Ќе покажеме максимална флексибилност за одредени специфични случаи. Што се однесува до епидемиолошката слика, ние будно ги следиме препораките на Комисијата за заразни болести и следствено, секогаш размислуваме за донесените одлуки, нивната оправданост и потребата за нивна корекција. Здравјето на граѓаните е наш приоритет, но мораме да научиме да живееме со пандемијата", подвлече Премиерот.

Министерот Венко Филипче истакна дека секоја новодонесена мерка отвора нови прашања и дека мерките ќе трпат промени согласно новонастанатата ситуација и специфичните потреби на одредени родители.

„Со соодветна медицинска документација, родителите на деца кои влегуваат во ризична група, може да бидат изземени од обврската да се вратат на работа. Сепак, ќе нагласам дека најмалите деца имаат прилично висок имунитет и досега немаме случај на сериозно заболено дете од оваа популација", истакна министерот Филипче.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска ги увери родителите дека, согласно сондажите што ресорното министерство ги прави на терен, во градинките има многу слободни места за сите оние родители кои досега не ги запишале своите деца.

„Нашите инспектори будно ја следат состојбата на терен и ве уверувам дека ситуацијата е целосно контролирана. Исто така, упативме апел до родителите кои ги запишале своите деца во градинка, а не ги носат, да ги ослободат местата за родителите на кои ваквото згрижување им е неопходно. Овој процес понатаму треба да го следат и контролираат градинките и општините", подвлече Шахпаска.

На крајот на средбата премиерот Заев и двајцата министри им ја пренесоа на родителите цврстата решеност целосно да бидат во дослух со нивните потреби и дека Владата ќе ги носи одлуките секогаш имајќи го предвид нивниот најдобар интерес.

Ракот на дојка не ги одминува ни мажите, в недела трка и прошетка „Race for the cure"

 Здружението „Борка – за секој нов ден" в ндела организира настан „Race for the cure„ во рамките на Националната кампања за борба против рак на дојка, кој ќе се одржи во Градски Парк, кај Школка и во уште 13 градови низ Македонија истовремено. 

-Ова ќе биде нашата 12-та Напред розово која што оваа година преминува во „Race for the cure„ заедно со уште 36 други земји и организации во Европа. Многу сме среќни бидејќи по прв пат ја ставаме Македонија на мапата на Европа во едно такво големо семејство, но исто така сме среќни што успеавме во време на Ковид да не ги заборавиме болните од рак, да инсистираме за нивна грижа, затоа што Ковидот ќе помине, меѓутоа ракот ќе осртане, особено ракот на дојка кој е еден од најчестите видови на рак кај жените, но и кај мажите, рече Додева.

Покрај во Скопје настани истовремено ќе се одржуваат и во Битола, Охрид, Прилеп, Ресен, Кавадарци, Велес, Струмица, Гевгелија, Валандово, Тетово, Гостивар, Дебар, Колани и Виница, со ангажманот на подружниците на „Борка" во тие градови, како и мобилизација на градоначланиците општините и жените во сите тие места.

Лук Захнер советник за односи со јавност во Амасадата на САД во Република Северна Македонија, која од самите почетоци ги поддржува во континуитет активностите на „Борка", истакна дека оваа тема е универзална, и на некој начин ги допира сите луѓе низ целиот свет и токму затоа здружението ја има поддршката на Амбасадата за подигање на јавната свест за оваа подмолна болест.

-Се надевам дека сите ќе се придружите на „Борка" и на тимот на Амбасадата во недела да чекориме заедно во чест на сите кои ги изгубија животите и во поддршката на семјставта, пријатели, докторите, истражувачите и на заедницата, рече Лук кој пренесе и лично искуство за средбата со болеста.

Благоја Боцевски, член на Борка, кој го победил ракот на дојка пред 11 години, јавно и отворено проговори за својата битка со оваа болест и апелираше до сите мажи да вршат самопрегледување, бидејќи тоа не е болест која ги погодува само жените. Апелираше и до здравствените власти во земјава во скринингот покрај жените да ги вклучи и мажите.

Според Додева, во светски рамки 1-2 проценти мажи заболуваат од рак на дојка, Овој тренд го следи и Македонија со осум до 10 мажи кај кои на годишно ниво се дијагностицира рак на дојка.

На новинарско прашање таа потврди дека нема проблеми со издавање потврди за пациентите на Онкологија и оти по појавата на пандемијата им помагаат на болните од канцер во внатрешноста редовно да ги добиваат лекарставта, а дистрибуцијата ја помага Црениот крст и волонтерите.

-Имаме заболени од Ковид, некои деновви се зголемува бројот на заболени, а некои денови се намалува, меѓутоа бројот на заболен и умрени од рак е констатнтен и тоа се отприлика 13 до 15 луѓе дневно, Тоа е огромна бројка и заради тоа сметаме дека здравството не треба да прекине и затоа сите иницијативи од самиот почеток што ги правиме дека треба да се овозможат навремен прегледи за болните, да продолжат дијагностичките прегледи, се работи за малигна болест која може брзо да напредува. Правиме напори и во помалите градови затоа што видовме дека некои клиники не функционираат. Покренавме иницијативи со Министерството и клиниките, за тоа дка мора да продолжат дијагностичките процедури и дека мора да има лекување. Не смее да ни колабира здравствениот систем заради оваа ситуација, рече претседателката на „Борка – за секој нов ден"

Централниот настан по повод кампањата ќе се одржи во Скопје со симболична обиколка околу Градски парк на кој ќе присуствуваат американската амбасадорка Кејт Мари Брнз, министреот за здравство Венко Филипче и Елизабета Георгиевска, сопругата на претседателот Стево Пендаровски со целосно придржување кон протоколите пропишани од здравствените власти.Настанот ќе се пренесува во живо на европската платформа на Европската алијанса за борба против рак „Think pink Europe' чиј член стана „Борка"

ВМРО-ДПМНЕ: Владата задоцни со мерките за помош на бизнис секторот и компаниите

Владата на Зоран Заев задоцни со мерките за помош на бизнис секторот и компаниите. Освен што мерките на Владата не беа навремени, тие се неправилно распределени по сектори и се нетранспарентни.

Во својот извештај „Транспаренси Интернешнл" укажа дека владата нема механизми за заштита од крадење на парите кои стигнуваат од ММФ за справување со корона кризата. За немањето слух на Владата на Заев реагираше и невладиниот сектор кој бараше поголема транспарентност за ефектот на владините мерки.

Вредноста на бескаматните кредити од „КОВИД 1" линијата беше 5,7 милиони евра. Вредноста на „КОВИД 2" линијата беше 8 милиони евра. Заедно 13,7 милиони евра за вкупно 1.300 домашни компании, во најголем дел микро претпријатија. Вкупно само 13,7 милиони евра. Дали е ова доволно за власта, дали се спасија многу фирми?

Согласно податоци од извештајот за финансиска стабилност од Народната банка, бројот на микро претпријатија на крајот од 2019 година изнесува 34.402, а бројот на мали претпријатија изнесува 18.582. Вкупно, 52.984 микро и мали компании. Од нив, според Анкетното истражување на претпријатијата од страна на македонските организации на работодавачи, 27% пријавиле дека кризата со Ковид-19 сериозно влијае врз нивното работење и пријавиле целосно затварање на фирмите. Значи, околу 14.304 микро и мали претпријатија кажале дека ќе затворат. И сега, Владата на СДСМ се фали дека спасила 1.300 фирми, што е само 9% од оние кои рекле дека ќе затворат. За кои успешни политики говори СДСМ?! Што со останатите 91 процент?

Како за споредба во времето на ВМРО-ДПМНЕ беа обезбедени вкупно 350 милини евра кредити од Европската инвестициска банка за кредитирање на микро, малите и средни претпријатија, во услови на намалено кредитирање од домашните банки прво заради глобалната финансиска криза, а потоа и кризата во евро зоната. Кредитите беа дистрибуирани преку банките, со субвенционирана камата од државата. Овие кредити, спасија илјадници фирми и беа главниот тек на кредитирање и поддршка на фирмите! Во услови на длабока криза, како што е оваа, кога некои фирми уште не можат да работат и се затворени, владата на СДСМ обезбеди само 13,7 милиони евра бескаматни кредити.

Воедно, од претходно одобрени средства од ЕИБ од 2018 година, кои стоеја на располагање дури во август и септември по 6/7 месеци ги повлече остатокот од 50 милиони евра кредити со ниска камата на располагање на фирмите преку банките!

Мерките на СДСМ се ненавремени и недоволни во првиот квартал од годината, кога немаше КОВИД криза, буџетскиот дефицит беше 120 милиони евра! За што и каде отидоа парите?!

Зоран Заев и неговата Влада ја задолжија државата за нови милијарда евра за само три месеци, период во кој 40.000 луѓе без работа, а економијата отиде во минус 12,7%.

Зоран Заев и Владата на СДСМ во ек на криза ја поскапија струјата за 7,4 проценти. Тоа само покажува дека криминалот и корупцијата на мафијата на власта ги јадат економијата и стандардот.

Затоа изборот е или мафијата на Заев или Македонија. Народот ќе ја одбере Македонија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер