Бербок:Уставот не е нешто што се менува постојано, не смее да стане политичко јаболко на раздор

Знаеме какви компромиси и отстапки направи Македонија на евроинтегративниот пат, но земјата мора да ги искористи сите расположливи средства процесот да продолжи.

Знаеме какви компромиси и отстапки направи Македонија на евроинтегративниот пат, но земјата мора да ги искористи сите расположливи средства процесот да продолжи – ова е пораката која шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок ја испрати по средбата со министерот Османи. Вели дека свесна е за дебатата која се води во земјава, особено за идентитетот, историјата и јазикот, но потребно е земјава да го спроведе договореното, односно да ги вметне Бугарите во уставот. Ако не сакате сите млади да заминат во Европа, тогаш Европа треба да ја донесете тука – порача Бербок.

-Знам дека договорот што го постигнавте со Бугарија не беше лесно за вас и затоа им се обраќам на сите оние луѓе кои се уште чувствуваат некаква нелагодност во однос на тоа. Уставот не е нешто што се менува постојано, туку тоа се важни чекори и затоа и можам да разберам дека се дебатира за тоа - особено кога станува збор за сопствениот идентитет и сопствената историја, јазик и култура. Ако не сакате сите млади да заминат во Европа, тогаш Европа треба да ја донесете тука, изјави Аналена Бербок – Миниситерка за надворешни работи на Германија.

Германската министерка изрази надеж и дека во процесот на уставни измени, политичките калкулации ќе бидат тргнати настрана. Промената на уставот што според неа, не смее да стане политичко јаболко на раздорот и да се претвори во натпревар за популарност во анкетите.

-Сега кога станува збор за спроведување на договореното и кога навистина мора да се промени уставот тогаш можам да ве охрабрам, до сите демократски партии, до сите учесници се обраќам, искористете ги сите. Договорената промена на уставот не смее да стане јаболко на раздорот или која партија ќе има поголема предност на анкетите, изјави Аналена Бербок – Миниситерка за надворешни работи на Германија.

Минситерот Османи пак од своја страна повтори дека Македонија има преземено обврски кои како што кажа, земјава мора да ги испорача. Во Унијата не се интегрира Владата, туку целата држава заедно со опозицијата која треба да ја понесе одговорноста за процесот, порача Османи.

-Македонија има преземено обврски коишто мора да ги испорача, а преговорите со ЕУ за членство мора да продолжат. Овој пат тоа зависи само од нас. Во Унијата не се интегрира Владата, туку целата држава, заедно со опозицијата и секој од нас треба да ја понесе обврската за овој процес и тука сметаме на поддршката на нашите европски пријатели, вели Бујар Османи – Министер за надворешни работи.

Покрај со Османи, германската министерка Бербок попладнево е на средби и со Претседателот Пендаровски, спикерот џафери и претставници на политички партии. Во пресрет на нејзината посета, од германското МНР оценија дека Македонија е клучна земја за процесот на проширувањњ на ЕУ, а главна цел на посетата на Бербок е откочување на процесот на уставни измени.

Видео: Крената во воздух браната Какховка, во јужна Украина

Браната висока 30 метри и долга 3,2 километри е изградена во 1956 година на реката Дњепар, како дел од хидроцентралата Какховка.

Масивната брана Какховка, од времето на Советскиот Сојуз, што се наоѓа во јужна Украина а кој е под контрола на Русија, вчера беше крената во воздух, поплавувајќи ги околните области, јавија британските медиуми, повикувајќи се на извори од двете страни.

Непотврдени видеа на социјалните мрежи покажуваат серија интензивни експлозии околу браната Какховка. Друго видео покажува како вода протекува низ остатоците од браната.

Браната висока 30 метри и долга 3,2 километри е изградена во 1956 година на реката Дњепар, како дел од хидроцентралата Какховка.

Содржи резервоар што го снабдува со вода полуостровот Крим, што Русија го анектираше во 2014 година, и нуклеарната централа Запорожје, што, исто така, е под руска контрола.

Украинската војска соопшти дека руските сили ја урнале браната.

Сè уште нема „критична опасност“ за нуклеарната централа Запорожје поради уривањето на браната Какховка, соопшти синоќа руската агенција Тасс, цитирајќи официјален претставник во регионот Запорожје, кој е поддржан од Москва.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски свика итен состанок на Советот за национална безбедност и одбрана поради експлозијата на браната Нова Какховка, во јужна Украина, јави на Твитер секретарот на Советот Олексеј Данилов, цитиран од британските медиуми.

„Руското уривање на ѕидот од браната Нова Какховка е екоцид, но националните и регионалните власти работат на обезбедување на безбедноста на локалните жители“, напиша на социјалната мрежа Телеграм шефот на администрацијата на украинскиот претседател Андриј Јермак.

Тој додаде дека руските активности околу браната, исто така, претставуваат закана и за блиската нуклеарна централа Запорожје, без да наведе конкретни детали.

Харадинај: Постои сомнеж дека Курти сака да го подели Косово за да избегне формирење на ЗСO

Претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај синоќа изјави дека косовскиот премиер Албин Курти е „заљубен во планот за поделба на Косово“.

-Курти мора да има мака кога сака да поттикне војна, или тоа може да биде фактот дека се заљубил во планот за поделба на Косово. Постои сомнеж дека Курти, за да го избегне формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство, ќе го подели Косово, изјави Харадинај за РТВ Дукаџини.

Тој додаде дека ниту политичарите ниту криминалните банди не можат да го поделат северот.

Тој додаде дека во однос на поделбата на Косово, северот не може да го делат политичарите, тоа е прашање на безбедноста, никој, ниту криминалните банди, не успеале да го поделат.

Во Бутел утрово со експлозив е разнесен банкомат

Во Бутел утрово со експлозив е разнесен банкомат .

Инцидентот се случил кај „Алпи“ на улица „Христијан Тодоровски-Карпош“. Во моментов полицијата е на терен и се врши увид на местото на настанот. Повеќе за инцидентот во следото издание на вестите .

притисни ентер