Бенет: Се противам на формирање палестинската држава, тоа би било грешка

Израелскиот премиер Нафтали Бенет по враќањето од Египет, каде се сретна со египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси, нагласи дека создавањето палестинска држава ќе биде голема грешка.

– Се противам на палестинската држава. Мислам дека тоа ќе биде страшна грешка што ќе доведе до тоа страшната ситуација во Газа да се повтори во Јудеја и Самарија, изјави Бенет синоќа за израелскиот јавен сервис Кан, користејќи го библиското име на Западниот брег.

Тој алудираше на фактот дека екстремистички Хамас насилно ја презеде власта во Појасот Газа од Палестинската власт, во која доминира поумерениот Фатах, во 2007 година, по што ракетните напади врз јужен Израел станаа почести.

Израелскиот лидер заклучи дека Хамас или некоја друга радикална палестинска организација слично ќе ја преземе власта на Западниот Брег, контролирана од палестинската власт на палестинскиот претседател Махмуд Абас, и ќе ги претвори животите на Израелци во пекол.

Во серијата интервјуа пред Денот на покајанието, Јом Кипур, најсветиот во еврејскиот календар, објасни дека палестинската држава во овој момент не е остварлива и затоа прашањето дали да се поддржи не е релевантно, но е важно да обезбедат економски можности за Палестинците што ќе им го подобрат животот.

Вархеји в среда доаѓа во Скопје

Eврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, во среда ќе отпатува за Скопје, јави дописничката на МИА од Брисел.

Информацијата ја потврдија службите на Европската Комисија.

Програмата на посетата сѐ уште се финализира но извесно е дека тој ќе се сретне со премиерот Зоран Заев.

Вархеји минатата недела беше во Бугарија каде разговараше за надминување на бугарската блокада за почеток на преговорите со Македонија во ЕУ.

Ден пред Вархеји во Скопје ќе биде и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, таа исто така ќе разговара за спорот со Бугарија и негово надминување.

Фото: Нивес во провокативно издание на кров од зграда

Инфлуенсерката Нивес Целзиус на Инстаграм сподели фотографија на која позира во краток син фустан со реси.

-Важна е перспективата, напиша Целзиус во описот на фотографијата.

За фотографијата да има што е можно подобра позадина, Нивес се качи на на кров од зграда во Загрев.

За помалку од 24 часа Нивес на објавата собра повеќе од 10.000 лајкови и многубројни коментари од фановите.

-Згодна; Презгодна си од секоја перспективна; Браво убавице; Кој живее на работ има и добар поглед, се дел од коментарите.

Четврти член на бразилската делегација во ОН позитивен на коронавирус

Педро Гимареш, член на делегацијата на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро во Обединетите нации, е позитивен на коронавирусот, напиша извршниот директор на банката „Каиша економика федерал" на социјалните мрежи.

Гимареш, кој рече дека е комплетно вакциниран, е четвртиот член на делегацијата кој е позитивен на Ковид, а кој беше со Болсонаро во Њујорк на неговото обраќање во ОН.

Тој рече дека бил асимптоматски, но бил во изолација од средата, кога се вратил во Бразил од Њујорк.

Бразилскиот министер за здравство Марсело Квирога, синот на Болсонаро, Едуардо и еден дипломат, исто така, беа позитивни.

Квирога, на кој коронавирусот му беше дијагностициран за време на посетата на Њујорк, се уште е во изолација во хотел во Њујорк.

Болсорано во неделата рече дека има негативен резултат на тестот за Ковид-19. Откако пристигнаа во Бразил, сите членови на делегацијата на Болсонаро беа во изолација и направија тестови поради контакт со министерот за здравство.

притисни ентер