Белоруските пензионери одржаа протест и контрапротест против Лукашенко (ВИДЕО)

Во главниот град на Белорусија, Минск, денеска се одржаа два собири на пензионерите - едниот против претседателот Александар Лукашенко, а другиот за поддршка на шефот на државата.

Околу 3.000 пензионери се собраа во Минск, трет понеделник по ред, барајќи оставка од претседателот на Белорусија.

Демонстрантите маршираа низ улиците на главниот град носејќи цвеќе и извикувајќи „Оди си!“ кон Лукашенко, пренесува АП.

Во главниот град се одржа и контра-протест на пензионерите, кои го поддржуваат Лукашенко. Приближно 2.000 луѓе, многу од нив мажи во воена и полициска униформа, дојдоа на Плоштадот на независноста со национални знамиња и транспаренти на кои пишувало „За мир, просперитет и традиционални вредности“.

Локалните медиуми објавија дека некои учесници на контра-митингот биле донесени со автобуси на собирот.

Белорусија е погодена од политичка криза од претседателските избори на 9 август, кога започнаа масовни антивладини протести низ целата земја, иницирани од официјалните резултати од гласањето според кои Лукашенко освоил повеќе од 80 проценти од гласовите. Противниците на Лукашенко тврдат дека изборите биле лажирани.

Арсовски: Заев да каже што се има понудено до бугарската Влада за да се тргне блокадата

„Лажгото и лопов Зоран Заев сеуште не и одговори на јавноста што понуда е пратена до соседна Бугарија.“

прес-конференција:

Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Лажгото и лопов Зоран Заев сеуште не и одговори на јавноста што понуда е пратена до соседна Бугарија.

Коалициониот партнер на Зоран Заев јавно посочи дека е пратена нова понуда до бугарската влада и се чека одговор од нивна страна.

Зоран Заев да не се крие зад слаткоречиви изјави, кои подоцна граѓаните ги чинат одредена национална светост.

Неговата "патлиџан" дипломатија ја донесе Република Македонија до ќорсокак од кој што нема излез.

Дали во понудата покрај распродавање на сите национални интереси и историја, стои и распродавање на државниот удел во приватните компании и државните компании на бугарски бизнисмени?

Дали Зоран Заев има намера да го продаде државниот удел во Телеком, железничкиот транспорт, земјоделско земјиште низ целата држава најатрактивна, ТЕЦ Неготино, македонски пошти и уште многу други институции?

Дали ова е чекор повеќе до обезличување и потчинување на државата и граѓаните?

Кому ги ветил Зоран Заев сите овие удели и државни фирми?

Наместо да се крие како кукавица од граѓаните, Заев јавно треба да каже што се има понудено до бугарската влада за да се тргне блокадата?

Претходно велеше дека договорот што го потпиша е најдобриот договор што сме го имале со Бугарија, а сега гледаме дека има потреба да праќа нови понуди, односно ветувал многу други работи. Дали тоа значи дека за одредено време може да дораскрчми и тоа што ќе остане ако му побараат уште нешто?

Зоран Заев е човек кој што за жал ја осакати Република Македонија и ги обезличи граѓаните на Република Македонија и затоа мора да си замине од функцијата која ја доби со поткуп. Затоа е потребна Влада за национален спас, наместо лопови што и сопствените родители би си ги продале за лична корист како што е Зоран Заев.

Ви благодарам на вниманието

Центар за комуникации ВМРО-ДПМНЕ

Решен долгогодишниот проблем со фекалната канализација на улицата ,,Бабуна" во Кавадарци

Во завршна фаза е реконструкцијата на фекалната и атмосферската канализација на улицата „Бабуна" во Кавадарци.

– Со овој потег ќе се реши долгогодишниот проблем со фекалната канализација на улицата „Бабуна" која минуваше низ приватни дворови, а воедно и со атмосферските води кои често причинуваат штети на граѓаните кои живеат на таа улица, информираа од кавадаречката локална самоуправа.

Инвеститор и изведувач на работите е ЈП „Комуналец" Кавадарци.

„Само Вистина“ вечерва со Тимчо Муцунски

Во вечерашната „Само Вистина“ ќе гостува Тимчо Муцунски.

Драги пријатели, ќе се превртува ли Делчев во гробот ако признаеме дека е македонско-бугарски борец, вечерва во Само Вистина со Тимчо Муцунски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Дали терминот „фашизам“ ќе добие модерна верзија „администрација“, каков договор се „готви“ во кујната на Илинденска ББ?

Опозицијата бара декларација за државните позиции, Премиерот оптимист дека сме блиску до договор, дели ЕУ ќе ја укори Бугарија, или ново „бугарско“ сценарио ќе не направи добри соседи?

Од Белата палата секојдневно стигаат прозивки за лоша корона-стратегија, но зошто наместо конкретни мерки, борбата со вирусот се сведе на барање за промена на Комисијата за заразни болести?

ВМРО-ДПМНЕ бара влада за национален спас, не дадоа кандидат за градоначалник во Штип, а Муцунски е на став дека местото на пратениците е во Парламентот и дека не е време за гола политика.

Но дали опозицијата е зрела да ја преземе власта и наместо обвинувања да понуди решенија, вечерва во Само Вистина, со Тимчо Муцунски, на Канал 5 Телевизија.

притисни ентер