Како што се наведува, ова е најголемиот опозициски митинг што се одржал оваа година во главниот град.
Многу демонстранти носеа папучи како симболичен одговор на повикот на лидерот на протестите Сергеј Тихановски „да се згази лебарката“, објави АП.
Во центарот на Минск илјадници луѓе чекаа во колони за да се потпишат за кандидатурата на противникот на Лукашенко на изборите, Тихановски.
Полициските вооружени сили со камиони однеле стотици демонстранти од митингот во петокот.
На изборите на 9 август Лукашенко, кој, според АП, ја задушил опозицијата и независните медиуми во текот на четврт век на власт, ќе се кандидира за шести мандат.
Многу демонстранти носеа маски, и покрај повикот на Лукашенко да не поглегнат на „психоза“ и загриженост за коронавирусот.
Белорусија забележа повеќе од 36.000 случаи на коронавирус, околу 75 проценти повеќе отколку во соседна Украина, чие население е четири пати поголемо, потсетува агенцијата.