Белград преживеа уште една пеколна ноќ, епилогот е близу 40 повредени

Белград преживеа уште една пеколна ноќ, полицијата го одбрани собранието. Епилогот е 20 повредени полицајци и 17 демонстранти. Official facebook: https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/ Web: http://kanal5.mk/ Copyright: OnAir Media Group

Аровска: Не може се да се крие под тепих и секогаш кабелот да биде виновен

„Некој одлучи да прескокне процедури сметајќи дека нема да биде откриен и резултатите за тоа ги гледаме.“

Одраз на слабост е кога наместо одговор на поставените прашања, се возвраќа со закана. И претходното градско раководство ја оценило реконструкцијата на Универзалната Сала како ризичен зафат согласно проектот кој тогаш бил отпочнат и ги запрело постапките. Не гледам зошто би продолжила да раоботам со нешто кое било оценето како небезбедно и не постои начин како безбедно да се изведува, јас да ставам „параф“ за да се задоволи нечија суета. Не постои кривична пријава за клевета, а доколку не сум 100% во право не би се залагала за одредено нешто, туку ќе се повлечам. Не се колебам, две години сум на ист став, а некој одлучи да прескокне процедури сметајќи дека нема да биде откриен и резултатите за тоа ги гледаме. Чекам надлежните да ја отркијат причината за пожарот во Универзалната Сала. Наместо одговори, добивме само напади, не може се да се крие под тепих и секогаш кабелот да биде виновен, рече Данела Арсовска во Само Вистина.

САД: Ќе го блокираме полноправното членство на Палестина во ОН, треба да преговараат со Израел

САД ќе гласаат против палестинската кандидатура за полноправно членство во Обединетите нации и ќе блокираат светската организација да признае палестинска држава.

„САД продолжуваат да тврдат дека најбрзиот пат до државност за палестинскиот народ е преку директни преговори со Израел и палестинската управа со поддршка на САД и други партнери“, рече американскиот претставник.

Планирано е 15-члениот совет да гласа за нацрт-резолуцијата со која се препорачува на Генералното собрание на ОН од 193 држави „Државата Палестина да биде примена во членство во ОН“. За да се усвои резолуцијата, потребни се најмалку девет гласа и никакво вето од САД, Велика Британија, Франција, Русија или Кина. Дипломатите проценуваат дека резолуцијата би можела да собере 13 гласа, што би ги принудило САД да стават вето.

„Одамна јасно ставивме до знаење дека предвремените акции во Њујорк, дури и ако се во најдобар интерес, нема да резултираат со државност за палестинскиот народ“, рече американскиот функционер. Палестинците во моментов имаат статус на набљудувач не-членка, што е де факто признавање на државноста доделена од Генералното собрание на ОН во 2012 година.

Меѓутоа, барањето за полноправно членство мора да биде одобрено од Советот за безбедност, а потоа од најмалку две третини од членовите на Генералното собрание. Палестинските интензивирани напори за полноправно членство следеа шест месеци по масакрот на Хамас во јужен Израел и војната во Појасот Газа по започнувањето на израелската офанзива и проширувањето на еврејските населби на Западниот Брег.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, смета дека „повеќе од кога било, неопходно е да се поддржат напорите со добра волја за воспоставување траен мир меѓу Израел и независна, одржлива и суверена палестинска држава“.

Амбасадорот на Израел во ОН, Гилад Ердан, тврди дека Палестинците не ги исполнуваат критериумите за полноправно членство во ОН: постојано население, дефинирана територија, влада и капацитет за односи со други држави.

„За чие признавање гласа Советот и на кого би му дале статус на полноправно членство? Хамас во Газа? Палестински исламски џихад во Наблус? Кому? Давањето полноправно членство на Палестинците во ОН „нема да има никаков позитивен ефект за ниту една страна, тоа може само да предизвика уништување во годините што доаѓаат и да им наштети на шансите за каков било дијалог во иднина“, посочи Ердан.

Пендаровски до Давкова: Нека ѝ служи на чест!

На вечерашниот граѓански митинг во Кочани кандидатот за претседател Стево Пендаровски меѓу другото одговори и на прозивките од противкандидатката Гордана Силјановска-Давкова за негови наводни средби со криминалци и нарко-босови.

„Јас сум последниот човек во Македонија за кој можеш да помислиш дека се дружи со нарко босови. Но, знам некои од нејзиното најблиско опкружување кои се криминалци уште од раните 1990-ти и ако сега има ветинг, не би го поминале. Значи луѓе кои несразмерно се обогатиле, од кршење на санкциите на во тоа време од бивша Југославија, од раните 1990-ти, кога со фри шоповите на северна граница во еден ден се правеше промет од еден милион германски марки. Мојот имот е на показ, имам анкетен лист, нека проверат колку пари наводно ми префрлиле тие нарко босови. Но, повторувам во тој дел, споредба меѓу мене и неа, меѓу нејзините пајташи, другари што ја поддржуваат сега е невозможна. Значи станува збор за кандидатка која е предложена од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Да ве потсетам, еден од првите случаи што Специјалното јавно обвинителство, СЈО, го отвори, беше не само за поединци од таа партија, туку и за партијата како таква во целост и поради тоа тие до ден денес имаат блокирана жиро сметка. Значи криминална организација ја кандидира госпоѓата, а таа мене ме обвинува дека сум бил другар со нарко-босови. Нека ѝ служи на чест“ посочи Пендаровски.

Пендаровски истакна дека потребен е целосен ветинг на политичарите, но особено на судиите и обвинителите и тоа треба да се случи што е можно побрзо.

„Да не постои таков сомнеж или генерална перцепција кај народот дека за 10 ќебапчиња или за 50 денари од наплатна рампа се оди во затвор, а за украдени милијарди се живее лагодно на некој од даночните рајеви, за да го избегнеме тоа, јас сум за ветинг, за проверка на секој од нас“ посочи Пендаровски, соопштија од неговиот тим.

притисни ентер