Белгија го отфрли барањето за екстрадиција на каталонски сепаратист

Белгиското правосудство денеска го отфрли барањето за екстрадиција во Шпанија на каталонскиот сепаратист Луис Пуиг, баран за обид за отцепување на Каталонија во 2017 година, соопшти бриселското обвинителство.

Белгиското правосудство „смета дека шпанскиот орган што го издал мандатот не бил надлежен да го стори тоа“, се вели во соопштението на обвинителството.

Одлуката може да ја одрази состојбата на поранешниот лидер на Каталонија, Карлес Пуџдемон, кого исто така го бара Мадрид и кој исто така живее во Белгија, со цел да го избегне шпанското судство, откако организираше нелегален референдум за отцепување во октомври 2017 година.

Шпанското судство го обвинува Луис Пуиг, поранешен регионален министер за култура, за проневера на јавни пари и непослушност.

Тројца негови поранешни колеги, кои беа судени по истите обвиненија во октомври, беа казнети со казна од 60.000 евра и веќе не им е дозволено да се кандидираат на изборите заради непослушност.

Членот на Европскиот парламент, Карлес Пуџдемонт, главниот водач на движењето за независност и поранешниот регионален министер за здравство Тони Комин имаат парламентарен имунитет. Тие беа барани за бунт и проневера.

Мадрид бара уште еден политичар од Каталонија, Клара Понсати, поранешен министер за образование, која што живее во Шкотска. Таа стана европратеник по прераспределбата на дел од британските места како резултат на Брегзит.

Постапките за екстрадиција на тројцата европратеници се прекинати сè додека Европскиот парламент не одлучи дали ќе им го одземе имунитетот.

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел, се откажав од надомест

Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки, вели Петровска.

Како што ветив транспарентност од почеток до крај на процесот против изнесените лаги, клевети и навреди од страна на Драган Ковачки врз мене сакам да Ве известам дека Основниот граѓански суд во Скопје по сите прикажани докази од моја страна донесе одлука со која се утврдува дека тужениот Драган Ковачки искажал невистини и лаги односно неправедно ме клеветел во јавност со цел ми го наруши угледот и честа во очите на јавноста. Ова го објави предмалку министерката за одбрана Славјанка Петровска на нејзиниот фејбук профил.

- Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки. Како што кажав и на почетокот во медиумите: "Пари од нечесник не сакам" и Ве известувам дека се откажав од паричниот надомест, напиша Петровска.

На ФБ министерката за одбрана напиша дека секој го прави тоа што најдобро го знае, „тие со лагите, јас со труд и одговорна и чесна работа“.

Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор

Американското Министерство за транспорт денеска и додели 60 милиони долари на сојузната држава Мериленд за помош по уривањето на мостот Френсис Скот Ки откако во него удри товарен брод.

Гувернерот на Мериленд Вес Мур претходно побара средства за помош во „мобилизацијата, операциите и отстранувањето на отпадот“.

Мур додаде дека овие средства ќе ги постават темелите за брзо закрепнување.

Инаку, по уривањето неколку работници паднаа во водите на реката Патапско. Телата на двајца мажи, на возраст од 35 и 26 години, беа пронајдени во средата, на 7,6 метри под вода во реката Патапско.

Жртвите паднале од височина од 50 метри во водата, која била околу -1 Целзиусов степен во моментот на падот, изјави портпаролот на противпожарната служба во Балтимор, Кевин Картрајт.

Несреќата се случи во вторникот откако товарниот брод „Дали“ удри во еден од столбовите на мостот. /МИА

Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени

Земјотрес со јачина од 5,7 степени, според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, беше регистрирани кусо по 9 часот во морскиот дел западно од грчкиот полуостров Пелопонез, јави дописничката на МИА од Атина.

Земјотресот беше почувствуван во целиот регион на Пелопонез, особено во западниот дел, но и во Атина.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Геодинамичкиот институт првично објави дека биле регистрирани два земјотреси од 5,6 и 5,7 степени со неколку секунди разлика, нешто што кусо подоцна го промени во еден земјотрес, а и според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, станува збор за еден земјотрес со јачина од 5,7 степени. /МИА

притисни ентер