Бектеши: Обезбедени дополнителни количини електрична и топлинска енергија од АД ТЕ-ТО Скопје

Министерот за економија, Крешник Бектеши рече дека ТЕ-ТО ќе работи непречено за да се обезбедат доволни количества електрична енергија .

Владата на денешната седница по предлог на Управувачки комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, а по доставениот извештај на Комисија за следење на состојбите со снабдување со електрична енергија, донесе одлука со која се предлага мерка со која АД ТЕ-ТО Скопје ќе работи седум дена во неделата во периодот од 05:00 до 01:00 со полна моќност, а при тоа АД ТЕ-ТО истовремено ќе продолжи да ги реализира своите обврски согласно склучените договори за купопродажба на електрична енергија со потрошувачите на отворениот пазар на електрична енергија, кажа министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција пред Министерството за економија.

Како што потенцираше министерот, со оваа одлука АД “Електрани на Македонија” ќе ја откупува електричната енергија произведена од АД ТЕТО Скопје, којашто не е наменета за потрошувачите на АД ТЕ-ТО Скопје, согласно со склучен договор за купопродажба на електрична енергија, со кој ќе бидат утврдени меѓусебните права и обврски.

„Цената по која АД ЕСМ може да ја преземе дополнително произведената електрична енергија од производителот АД ТЕТО е 170 евра/MWh, и е производна цена на елекетрична енергија од комбинирана постројка за производство на електрична и топлинска енергија од природен гас, со вкалкулирана продажна цена на природен гас во Македонија за месец јануари 2022, кажа бектеши и додаде дека АД “Електрани на Македонија” обврските од член 2 на оваа Одлука ќе ги обезбеди од сопствени средства.

„Со преземањето на електрична енергија дополнително ќе се обезбеди производство и на топлинска енергија за регулираниот дистрибутер на топлинска енергија со што ќе се овозможи континуирано, квалитетно и економски исплатливо снабдување со толинска енергија на потрошувачите во Град Скопје и во исто време при постоење на кризна состојба во снабдување со електрична енергија, ќе се овозможи да се заштедат природните ресурси кои АД ЕСМ ги користи за производство на електрична енергија, потенцираше министерот.

Врз основа на претходното се согледува дека АД ТЕ-ТО има производствен капацитет кој не е во целост искористен, во текот на викендите и има вишоци во работните денови кои можат да бидат искористени за домашниот конзум.

Инсталираниот капацитет на АД ТЕ-ТО изнесува 227 МW.

Србија: Над 17.000 нови случаи со Ковид-19, починале 28 лица

Во последните 24 часа се регистрирани уште 17.318 новозаразени со коронавирусот во Србија.

Од последиците на Ковид-19 починале 28 лица.

На респиратори се наоѓаат 112 пациенти.

Како што е наведено, во последните 24 часа се анализирани 36.434 примероци а 2.619 лица се наоѓаат на болничко лекување.

„Intel“ планира да произведува чипови за рударење на Биткоин

„Intel“ најави дека следната генерација на системи за рударење на Биткоини би можела да се испорачува со „Intel Inside“ налепници.

Компанијата ги најави плановите за тоа дека на нивната претстојна конференција ќе се дискутира за „Bonanza Mine“ чип за рударење на Биткоин.

„Bonanza Mine“ е опишан како ефикасен, „ASIC“ за рударење на Биткоин со ниска потрошувачка, според податоците и документацијата кои се потпишани од страна на тројца претставници на „Intel“.

Засега, програмата не укажува на тоа дали „Intel“ навистина планира да го испорача „Bonanza Mine“ како завршен производ или само како истажувачки проект.

„Intel“ претходно објави планови за блокчеин, како и дека тие нема да вклучваат стандардни процесори или графички карти. Тоа не претставува изненадување, со оглед на тоа дека Биткоин рударењето одмана е преминато на „ASIC“.

„Intel“ нема објавено информации за моќноста за рударање на новиот уред ниту дали ќе биде оптимизиран само за Биткоин.

Американските телекомуникациски компании ги одложуваат услугите во 5G мрежата

Извршните директори на големите американски авиокомпании предупредија на непосредна „катастрофална“ воздухопловна криза откако „AT&T“ и „Verizon“ ќе воведат услуги на 5G мобилните мрежи.

Американските телекомуникациски компании „AT&T“ и „Verizon Communications“ се согласија да го одложат воведувањето услуги во 5G мрежата, одложувајќи го вклучувањето на базните станици во близина на клучните аеродроми за да се спречат прекини во сообраќајот.

Извршните директори на големите американски авиокомпании предупредија на непосредна „катастрофална“ воздухопловна криза откако „AT&T“ и „Verizon“ ќе воведат услуги на 5G мобилните мрежи.

„Ќе има хаос меѓу авиокомпаниите“

Новата услуга би можела да направи значителен број авиони со широки трупови неупотребливи, оставајќи „десетици илјади Американци заробени во странство“ и „хаос“ на летовите во Соединетите Држави, соопшти здружението „ Airlines for America“.

Федералната управа за авијација (FAA) предупреди дека потенцијалните пречки може да влијаат на чувствителните инструменти во авионот, како што се висиномерите, и значително да го попречат летањето со слаба видливост.

Поради тоа, „Verizon“ одлучи да го одложи вклучувањето на петстотини базни станици во близина на аеродромите, помалку од 10 отсто од планираниот број, додека не се најде трајно решение, изјавија извори во вторникот. Деталите за договорот за одложување не се објавени и не се знае кога ќе бидат вклучени базните станици.

притисни ентер