Бектеши: И се извинувам на новинарката на Канал 5 Катерина Капкоска

Писмено лично извинување до новинарката на Канал 5, Катерина Капкоска испрати министерот Крешник Бектеши, по острите реакции во јавноста за вчерашното недолично однесување.

Писмено лично извинување до новинарката на Канал 5, Катерина Капкоска испрати министерот Крешник Бектеши, по острите реакции во јавноста за вчерашното недолично однесување, кога наместо одговор на новинарско прашање, во врска со цената на потпишаниот договор за набавка на приоден гас за затоплување, упати навреди и клевети.

Нив денеска Бектеши ги објаснува како „недоразбирања“ до кои може да се дојде во комуникцијата...

„Несомнено е дека новинарите имаат клучна улога во нашето општество, нивниот придонес и работа е многу важен во најефикасното и најтранспарентното функционирање на државните институции. Но, при нашата транспарентност, при секојдневното соочување со новинарите за прашањата за кои сме и надлежни, може да дојде и до недоразбирања во различни ситуации. Од ваков карактер беше и вчерашниот случај со новинарката Катерина Капкоска, на која лично ѝ се извинувам доколку без намера ја навредив“, стои во соопштението потпишано од Бектеши.

Извинувањето на Бектеши го поздрави и премиерот Ковачевски кој апелираше дека секој владин функционер кој намерно или ненамерно навредил новинар треба да постапи на ваков начин. Дали е прекршен етичкиот кодекс, рече дека ќе каже откако детално ќе ја погледне вчерашната прес-конференција.

Реакции со осуда за скандалозното и недолично однесување на Бектеши експресно упатија сите медиумски организации и здруженија.

Од ЗНМ најавија дека ќе ги известат и партнерските организации, вклучувајќи ги и ОБСЕ, Европската Федерација на новинари – ЕФН и Советот на Европа, а реагираа и Агенцијата за медиуми, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Македонската медиумска асоцијација (ММА), Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ).

Саутемптон се врати во Премиер лигата

 Саутемптон се врати во Премиер лигата, совладувајќи го попладнево Лидс Јунајтед со 1-0 на Вембли во Лондон во финалето од плеј-офот во Чемпионшип лигата.

Фудбалерите на Саутемптон се враќаат во англиската фудбалска елита по само една година откако испаднаа од Премиер лигата.

Адам Армстронг го постигна победничкиот гол за Саутемптон во 24. минута, а Лидс се доближи до израмнување во 94. минута кога Даниел Џејмс ја погоди стативата.

Саутемптон следната сезона ќе им се приклучи на Лестер Сити и Ипсвич Таун во Премиер лигата.

Видео: Аеродром со најголемиот затворен водопад во светот!

Сингапурскиот „Скапоцен камен“ од 10 ката ги остава туристите без здив!!

Во срцето на Сингапур се наоѓа вистинскиот „дијамант“меѓу светските аеродроми – аеродромот Чанги.

Овој аеродром не е само порта кон другите делови на светот, туку и независно искуство кое остава неизбришлива трага во меморијата на патниците од целиот свет.

Аеродромот преставува беспрекорна комбинација на луксуз, иновација и природа, која ги остава сите без здив.

Четирите терминали на аеродромот и неговата централна атракција, „Jewel Changi“, формираат комплекс кој ги комбинира уметноста, архитектурата и природата во една импресивна структура.

Терминалите на аеродромот Чанги нудат широк спектар на услуги и капацитети за патниците. Од луксузни бутици и светски познати брендови во трговски центри до широк избор на ресторани кои нудат разновидна гастрономска понуда, патниците можат да уживаат во различни искуства додека го чекаат својот лет. Терминалите се опремени и со бројни салони, објекти за забава и области за релаксација, обезбедувајќи им на патниците удобност и забава додека чекаат. Неговата репутација како еден од најдобрите аеродроми во светот дополнително ги привлекува патниците кои бараат врвно патувачко искуство.

Десеткатниот комплекс „Jewel Changi“, е поврзан со терминалите 1, 2 и 3, и го претставува врвот на понудата на аеродромот. Овде има бројни атракции, вклучувајќи импресивна градина со висечки градини, спектакуларна фонтана за вода, кино на отворено и мноштво продавници и ресторани. Неговата локација на раскрсницата на воздушните линии меѓу Азија, Европа, Австралија и Америка го прави аеродромот Чанги идеална точка за поврзување и патување низ светот.

За сите патници на аеродромот посебно импресивен е водопадот „The Rain Vortex“.

Спектакуларниот водопад наречен „The Rain Vortex“, највисокиот затворен водопад во светот. Овој водопад на „Jewel Changi“, е централната атракција на аеродромот Чанги во Сингапур.

Со висина од 40 метри, овој импресивен водопад создава спектакуларна глетка додека водата тече низ стаклената купола на аеродромот. Во вечерните часови, водопадот станува уште повпечатлив кога е осветлен со разнобојно LED осветлување, создавајќи магична атмосфера за патниците и посетителите.

Инаку, иако аеродромот Чанги во Сингапур постои повеќе од 40 години, тој го доби својот модерен изглед во последните неколку години.

Во тек реставрација на пештерската црква „Света Богородица“ на островот Мал Град, кај Пустец

 Со европски пари се реставрира црквата „Света Богородица“ на островот Мал Град, кај Пустец, Мала Преспа, под надѕор на Регионалната дирекција за национална култура од Корча.

-Во тек е реставрацијата на црквата „Света Богородица“ на островот Мал Град, каде на виделина излегуваат дел од извонредни византиски фрески. Во исто време се поставува и надворешната врата, изработена врз основа на оригиналната, која се наоѓа во Музејот на средновековна уметност во Корча, објави општина Пустец. Со овој прекуграничен проект кој е продолжение на проектот „SmartCulTour“ ќе биде санирана и патеката до неа, а ќе биде поставено и осветлување на островот, информираа од општина Пустец.

Додаваат дека проектот е финансиран од Европската Унија преку ИПА Програмата за прекугранична соработка и со заложба на општините Битола и Пустец, како и Дирекцијата за музеи од Битола, Регионалната дирекција за културно наследство Корча и Младинскиот културен центар од Битола.

Оценуваат дека „оваа соработка ќе го подигне односот меѓу нашите институции и држави на друго ниво“

Пештерската црква „Света Богородица“, со својот фрескоживопис отскокнува од другите пештерски цркви расфрлани по бреговите на Преспанското и Охридското Езеро.

Островот Мал Град се наоѓа на три километри североисточно од Пустец на југоисточниот брег на Преспанското Езеро.

Врз основа на записите сочувани на неа, оваа црква претрпела три измени. Во првиот натпис пишува дека основач на црквата е Бојко со жена му Евдокија во 1345 година. Во вториот натпис, пишува дека црквата е возобновена во 1369 година од Кесар Новак, неговата жена Кали, неговиот син Амирал и неговата ќерка Марија. А, третиот натпис датира во 1607 година, кога е насликана надворешната западна фасада. Внатрешноста на црквата е целосно живописна и е доста позната по ѕидните фрески од византискиот палеолошки стил.

притисни ентер