Бектеши: Електроенергетскиот систем полесно се менаџира со домашни капацитети

Електроенергетскиот систем полесно се менаџира со домашни капацитети без разлика дали се приватни или државни, вели Бектеши.

обредојден е секој енергетски капацитет кој е на територијата на државава без разлика дали е приватна или државна инвестиција, бидејќи придонесува за зголемување на домашните капацитети за производство на електрична енергија, истакна денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

-Електроенергетскиот систем не се менаџира потешко кога капацитетите ги имате внатре во државата отколку кога ги немате. Кога ги немате капацитетите сте зависни од други држави и од регулативи, како и од можни забрани што може да се воведат, рече Бектеши во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Нагласи дека пред десетина години имаше забрана за проток на електрична енергија од страна на Бугарија поради што не можеше да се користи интерконекторот.

-Доколку капацитетот за производство на електрична енергија ни е дома таква забрана не може да постои и никој не може да влијае на независноста на енергетскиот сектор во нашата држава. Во делот на количините како обврска тоа е регулирано со Законот за енергетика и Владата на секоја седница може да донесе одлука со која ќе ги обврзе трговците одредени количини да ги снабдуваат на домашниот пазар, прецизира Бектеши.

Фото: Сексапилната фудбалерка се соблече во провокативна долна облека

Сексапилната фудбалерка се соблече во провокативна долна облека, што предизвика хаос на Инстаграм.

Алиша Леман е една од најсексапилните фудбалерки во светот, па решила да заработи од тоа.

Таа ги воодушеви своите фанови објавувајќи провокативни фотографии на социјалните мрежи.

Сексапилната Леман на Инстаграм сподели серија фотографии на кои позира во долна облека, откако потпиша договор со популарна модна марка.

Видео: Џенифер Лопез и во педесеттите изгледа совршено!!

Светската музичка ѕвезда и актерка Џенифер Лопез, иако има 54 години, и понатаму изгледа неверојатно младо, атрактивно и убаво.

Многумина се убедени дека тајната на нејзината младост се скапите третмани и производи кои многумина не можат да си ги дозволат. Пејачката тврди дека тајната е во нејзиниот животен стил и одредени навики кои ги следи уште од дваесеттите години, како и дека важна улога имала генетиката.

- Морам да признаам дека имам добра генетика. Мајка ми и баба ми имаа убава кожа, па затоа и јас имав среќа – открила таа.

Добро е познато дека популарната Џеј Ло редовно вежба и внимава на исхраната. Таа не легнува без темелно да го исчисти лицето, а потоа нанесува ноќна крема. По вежбањето секогаш темелно го чисти лицето, бидејќи не го поднесува чувството дека лицето не и е чисто.

Жешката Џеј Ло не конзумира алкохол и цигари, а убедена е дека квалитетниот и редовен сон и прави чуда, па затоа редовно спие најмалку осум часа.

Кошаркарките на Вардар го освоија Купот на Македонија

Кошаркарките на Вардар го освоија трофејот во Купот на Македонија, откако во финалето против Баскет Кам триумфираа со 69:55 (36:23). 

За кошаркарките на Вардар ова е четврти трофеј од Купот на Македонија, прв после 2019 година, а претходно победуваа и во 2017 и 2018 година.

Селцова натпреварот го заврши со 25 поени, осум скока и две асистенции, додека Тасевска уфрли 22 поени, додавајќи девет скока и една систенција кај победниците. Кметовска реализираше 24 поени за Баскет Кам.

За најкорисна кошаркарка на финалниот натпревар е прогласена Елена Тасевска од ЖКК Вардар.

притисни ентер