Бејта: Во програмата се предвидени нов мост, спортски терен и современ парк во населбата Дутлок

Кандидатот за градоначалник на општина Гостивар од редовите на ДУИ, Невзат Бејта на предизборен собир со жителите на населбата Дутлок ја претстави делови програмата во која се предвидени неколку покрупни зафати. 

Бејта најави дека за еден мандат ќе биде изграден нов, четврт мост на реката Вардар, реконструкција и современо уредување на големиот парк и нов терен за мали спортови. Тој својата кандидатура пред граѓаните ја образложи со зборовите дека го сака Гостивар и дека знае што му треба на градот и како тоа да се направи.

– Проектите кои се програмата се остварливи со финансирање од три извори, од општинскиот буџет, од државна поддршка и меѓународни фондови. Другите ветуваат многу, а видовме што сработија за четири години. Ништо не сработија. Мислат на политичките кариери и амбициите им се надвор од Гостивар, рече Бејта на собирот.

На собирот присуствуваше и министерот за здравство и потпретседател на СДСМ, Венко Филипче, кој како што рече во обраќањето дошол лично да ја побараа поддршката од граѓаните за вториот круг.

– Невзат Бејта е докажан соработник и професионалец и затоа од претходно ја доби нашата доверба во претходните разговори. Гласот за Бејта и бројот три ќе донесе напредок и подобра иднина, рече Филипче.

На крајот од собирот, граѓаните имаа можност да постават прашања и добија директни одговори од Филипче и Бејта.

Канал 5 со отворено студио „Македонија одлучува“ ќе ги следи изборните резултати

Канал 5 веќе е подготвен за повеќе часовното отворено студио, кое ќе следува веднаш по овие вести..

Александар Видиновски е дел од тимот од отворената програма „Македонија одлучува“... Александар што се ќе опфати отвореното студио..

Излезноста до 17 часот повисока за девет проценти во однос на изборите пред пет години

Значително повисока излезност во споредба со претседателските изборите од пред пет години, покажува пресекот на резултатите што го направи Канал 5..

Јован Ѓорговски ја има анализата.. Јован, што покажуваат бројките?

Хамас објави видео од израелско-американски заложник

Хамас објави триминутно видео на кое наводно е прикажан 23-годишниот израелско-американски заложник Херш Голдберг-Полин.

На видеото, Голдберг-Полин го потврдува својот идентитет и бара од израелските власти да го вратат дома, а се гледа како му недостига дел од раката поради повреда за која се верува дека била предизвикана во нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година.

„Во заробеништво сум речиси 200 дена“, вели Голдберг-Полин во видеото, што укажува дека тоа е неодамна снимено, пренесува Тајмс оф Израел.

Голдберг-Полин беше киднапиран од забава организирана на 7 октомври во близина на границата со Појасот Газа.

притисни ентер