Бегај од Битола: Оптимист сум дека Албанија ќе влезе во ЕУ, и покрај најавите за грчко вето

„По природа сум оптимист и треба да гледаме оптимистички“, вели Бегај.

Албанскиот претседател Бајрам Бегај, при посетата на Битола по повод 115-годишнината од унифицирањето на албанската азбука, рече дека е оптимист за евроинтеграцијата на двете држави, Македонија и Албанија, и покрај грчката најава за вето на нивната држава и бугарското вето за Македонија.

„По природа сум оптимист и треба да гледаме оптимистички. Како што пред 115 години нашите преродбеници биле оптимисти, така и ние треба да бидеме. го посакувам најдоброто за нашите два народа во еден најкраток можен пат кон ЕУ и едно поубаво утре за нашите деца со просперитет и мир во регионот“, рече Бегај. Тој изрази благодарност до властите што денот на албанската азбука, 22 ноември е прогласен за национален празник, што покажува за добрите меѓусоседски односи и дека соседите треба да се почитуваат меѓусебе и симболите на народите.

На Судан му се заканува најголемата глад во светот во последните 40 години

Хуманитарниот апел на Обединетите нации за земјата доби само 16 отсто од средствата кои и се потребни.

Судан се соочува со глад којa би можелa да биде најголема по таа која светот ја видел во Етиопија пред 40 години, предупредуваат американски официјални претставници, додека испораките на помош и натаму ги блокираат завојуваните армии, но снабдувањето со оружје за двете страни продолжува да се одвива.

Хуманитарниот апел на Обединетите нации за земјата доби само 16 отсто од средствата кои и се потребни.

„Потребно ни е светот да се разбуди за катастрофата што се случува пред нашите очи“, изјави за новинарите Линда Томас-Гринфилд, амбасадор на САД во ОН, пишува „Гардијан“.

Орбан разговараше со Мелони и Моравјецки во пресрет на состанокот на лидерите на ЕУ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска се сретна со италијанската премиерка Џорџа Мелони, со која разговараше за резултатите од изборите за Европскиот парламент, соопшти портпаролот на Орбан, Берталан Хаваши.

Хаваши рече дека Орбан и Мелони разговарале и за прашањата кои се однесуваат на европската десница и за задачите кои се пред Европскиот совет, кој ги собира лидерите на ЕУ, како и за претстојното претседавање на Унгарија со Советот на ЕУ, пренесува МТИ.

„Орбан во Брисел разговараше и со поранешниот премиер на Полска, Матеуш Моравјецки за обединување на европската десница“, додаде Хаваши.

Заев: Со Алексис му ја предадовме првата Награда за мир Преспа, на амбасадорот Метју Нимиц

Заедно со Алексис му ја предадовме првата Награда за мир Преспа, на амбасадорот Метју Нимиц кој имаше трпение повеќе од две децении од својот живот да им посвети на барање решение за спорот за името, објави на својот профил на фејсбук Зоран Заев. 

Со неговата поддршка и посветеност изградивме меѓусебна соработка и дојдовме до решение не само за името, туку отворивме порта за соработка за двете земји за подобра иднина на нашите народи, но и за иднината на регионот.

Му благодарам на амбасадорот Метју Нимиц кој ни помогна да стигнеме до решение кое денес е модел за решавање многу спорови.

Нимиц ни порача да го чуваме и негуваме Преспанскиот договор и целосно да го имплементираме, стои во објавата на екс премиерто Зоран заев на фејсбук.

притисни ентер