Бараат ли Албанските политичари загарантирана „7ца на Лото“ за следното коло на 15 Јули?

Колку наивно да изгледа, „политичкото“ барање на ДУИ за етнички Албанец премиер, на кое се надоврзаа и Села и Тачи, треба да ги загрижи сите останати политички структури и граѓани во Македонија.

Барањето за „етнички Премиер“ на ДУИ, и последно објаснување на Бујар Османи во минатото издание на Само Интервју наликува на аналогија со игра на Лото.
Луѓето си уплатиле ливчиња ( албанските партии се пријавиле за учество на избори ), легитимно и чесно, секој може да „игра Лото“, а уплатата е за следното „коло“ на „Лото“ закажано за 15 Јули, при што велат - ако нам не ни падне „седумката“ , тој што ќе има најмногу среќа „ да победи на изборите“, односно да му се падне „7ката“ нема да може да се израдува на „наградата“...или добитникот ќе ни ја даде наградата , или ние ќе си направиме „наше Лото“, а дури може и да се „истепаме“ - што би кажал Мендух Тачи вечерва, дека ако нема Влада без Албанците, можно е повторно да има војна.
Латентно, бенигно, дел од албанските политичари ни праќаат политичка но и општествена порака дека после 15 јули можно е да се случи поделба на : „ние„ и „вие“, нешто што се нарекува Бинационална држава или федеразлиација на Македонија
Чудно е што институциите како што се ОЈО, МВР и др. се прават и „глуви и слепи“ на канонадата на заканувачки изјави на дел од албанските политичари , кои велат - зошто Македонците треба да имаат ексклузивитет за политичката позиција Премиер, и ако не се случи тоа , не се знае како ќе „заврши“ целиот тој изборен процес?
Дополнително, малку и вознемирува што останатите етнички партии, пред се македонските, турските, српските, босанските,речиси воопшто не реагираат на овие типични и класични „закани“, кои воопшто не смеат да се сметаат само како ефтин „политички маркетинг“. Искуството едноставно тоа ни го кажува, искуството од блиското минато, особено последните 4 години.

Дали тоа дел од Албанските политичари ги „будат духовите“ од 2001, останува да се види после изборите на 15ти Јули, но сакајќи или не се поставува следново прашање:
Што доколку не се „падне 7ката“, на следното „коло на Лото“ на 15 Јули, туку има двајца добитници на „6ка“, и тоа двајца Македонци?
Ќе биде ли некој од нив, двајцата добитници на „6ка“, политички доблесен и дали ќе ја подели наградата од “6ката“ со некој кому не му се паднала ниту „4ка“?
Стануваме ли полека „Лото држава“, во која 7цата не е “главната награда“ туку „4ката“?

15 Јули е блиску...ќе биде многу интересно, особено за коалициите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

За европските избори во Хрватска пријавени 25 листи

Хрватската Државна изборна комисија (ДИК) доби 25 кандидатски листи за европските избори во Хрватска, што е за осум помалку од 2019 година, јави Хина.

На 9 јуни во Хрватска ќе се одржат избори за Европскиот парламент, а на нив треба да се изберат 12 европратеници со мандат од пет години.

Со предавањето на списокот се означува и официјалниот почеток на изборната кампања, што ќе трае до 7 јуни, кога почнува изборниот молк.

Листата на ХДЗ ја предводи премиерот Андреј Пленковиќ, Божо Петров ќе биде на чело на листата на Мост, Иван Пенава на Татковинското движење ( Домовински покрет), додека листата на коалицијата собрана околу СДП ќе ја предводи Билјана Борзан.

Јунските избори за Европскиот парламент ќе бидат четврти по ред од влезот на Хрватска во Европската унија, при што првата постава на хрватски европратеници избрана во 2013 година имаше мандат од само една година, бидејќи веќе следната година се одржаа редовни европски избори.

Европските избори во Хрватска се втор изборен циклус годинава во земјата, по парламентарните избори одржани на 17 април, а на крајот на годината ќе се одржат и претседателските избори. /МИА

Германија наскоро ќе ја продолжи соработката со УНРВА

УНРВА - главниот обезбедувач на хуманитарни услуги во Газа - се соочи со голема криза .

Германската влада планира да ја продолжи соработката со Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) во Појасот Газа во блиска иднина, соопштија денеска германското Министерство за надворешни работи и Сојузното Министерство за економска соработка и развој.

УНРВА - главниот обезбедувач на хуманитарни услуги во Газа - се соочи со голема криза откако Израел обвини десетина нејзини вработени дека се вклучени во нападите на 7 октомври во кои загинаа околу 1.200 луѓе.

Неколку вработени беа отпуштени поради обвинувањата. Во деновите и неделите што следеа, 16 земји донатори - вклучувајќи ги и двата најголеми донатори, Соединетите Американски Држави и Германија - го суспендираа или паузираа финансирањето, оставајќи го со финансиска празнина од околу 450 милиони американски долари.

Откако се појавија наводите, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш вети сеопфатен преглед.

Експертите задолжени за истрага на неутралноста на ОН во светлината на наводите дека вработени на ОН биле вмешани во нападите врз Израел на 7 октомври денеска препорачаа заострување на заштитните мерки во „осум критични области“.

Во исто време, во нивниот извештај се вели и дека Израел досега не доставил докази дека одредени вработени биле членови на терористички организации.

Независната група, предводена од поранешната француска министерка за надворешни работи Катрин Колона, беше формирана на почетокот на февруари. /MИА

Фестивалот „Коачела“ казнет со 28.000 долари поради Лана Дел Реј

Популарниот музички фестивал, на којшто настапија светски ѕвезди како Шакира, Доџа Кет и „Ноу даут“, „Коачела“ (Coachella) заврши, но една од изведувачките ги прекрши правилата.

Се работи за американската поп-пејачка Лана Дел Реј, поради која организаторите на фестивалот ќе треба да платат казна од 28.000 долари... Имено, пејачката настапила 13 минути подолго од предвиденото и со тоа го прекршила договорот што организаторите го имаат со Градот Индио, каде што се одржува фестивалот, пишува „Ти-ем-зи“ (TMZ).

На фестивалот, имено, му се наплаќа дневна казна од 20.000 долари за првите пет минути од пречекорувањето на времето и дополнителни 1.000 долари за секоја минута потоа. /МИА

притисни ентер