Банките ќе можат да понудат промена на договорните услови за кредитите, Владата ја донесе Уредбата

Промена на договорни услови на кредитни изложености кај банките и штедилниците предвидува Уредбата со законска сила што ја донесе Владата вчера, откако претходно за таа намена Советот на Народната банка ги донесе потребните регулаторни измени.

-Со уредбата се утврдува како во текот на вонредната состојба да се остварат можностите дадени со регулаторните измени донесени од Народната банка, насочени кон олеснување на финансискиот товар на граѓаните и на фирмите кои заради коронакризата се соочуваат или би можело да се соочат со реални потешкотии во исплатата на кредитите во банките и штедилниците, информираше владината прес-служба.

На Уредбата работеа Народната банка, Министерството за финансии и Македонската банкарска асоцијација.

Мерката за одложено плаќање на кредитите беше најавена пред една недела кога владиниот економски тим го објави првиот сет мерки за поддршка на стопанството во услови на намален и стопиран обем на работа поради коронакризата, а граѓаните и фирмите очекуваат конкретни насоки како и што ќе значи оваа мерка.

Со регулаторните измени што ги донесе Советот на Народната банка, како што изјави неодамна гувернерката Анита Бежоска Ангеловска, банките и штедилниците ќе можат на повеќе начини да им го олеснат финансискиот товар на граѓаните и фирмите погодени од коронакризата. Конкретно, со одложување односно грејс-период за отплата на кредитите, пролонгирање на исплатата на кредитот на подолг период, пониска каматна стапка или одобрување нов поповолен кредит за рефинансирање на постоечкиот итн.

Олесnувањата ќе се однесуваат на потрошувачки, станбени, автомобилски кредити, кредитни картички, одобрен минус, како и кредити на фирмите.

Се овозможува навремена поповолна промена на кредитните услови за кредитите да не станат нефункционални. До крајот на септември секое доцнење до 150 дена нема да се смета за нефункционален кредит.

Ангеловска Бежоска рече дека Народната банка нема законска надлежност да пропише мораториум на наплатата на кредитите. Но, суштински, во споредба со мерка само со мораториум, донесените регулаторни измени нудат поширок сет поволности за граѓаните и фирмите (одложување, промена на каматна стапка и сл.).

-Народната банка, Министерството за финансии и Македонската банкарска асоцијација работат на уредба со која ќе се утврди поедноставен начин за комуникација и уредување на договорните односи меѓу засегнатите кредитокорисници и банките и штедилниците. Се изнаоѓа најефикасен начин и тој ќе биде соопштен на граѓаните, рече гувернерката во интервју за МТВ.

Според неодамнешната изјава на министерската за финансии, Нина Ангеловска, одложувањето би значело замрзнување на ратити за наредните три месеци.

-Уредбата моментално вели дека секоја банка ќе објави на својата веб страна или ќе го извести секој клиент за поповолната понуда. Ако физичкото лице во рок од 10 дена не се произнесе односно не каже дека ја одбива понудата ќе се смета дека поповолната понуда (замрзнување на ратите за три месеци) е прифатена, изјави министерката.

Македонската банкарска асоцијација, пак, преку соопштение, порача дека нејзините членки се подготвени да излезат во пресрет на сите барања од граѓаните и компаниите кои се соочуваат или ќе се соочат со времена неможност за отплата на кредитите. Но, заради отстранување на какви било дилеми и шпекулации, како што наведоа, овие мерки не значат мораториум на отплатата спрема банките и штедилниците, туку даваат можност на брз и ефикасен начин да се излезе во пресрет на сите оние на кои тоа им е потребно во моментов и наредните месеци.

-Сите сме дел од ова општество и оваа економија и затоа е потребно со внимателно управување со ресурсите со кои располага нашата економија на најдобар можен начин да се соочиме со проблемите и кога оваа криза ќе помине да продолжиме со најмали можни последици за секое наше семејство, компанија, нашиот економски и финансиски систем и општеството во целина. Нашите членки, банките, штедилниците, Клириншката куќа и Македонското кредитно биро ќе дадат максимален придoнес во тој правец, наведоа од Aсоцијацијата во соопштение минатиот викенд./МИА

Дожд утринава во Демир Капија и Гевгелија, магла во Скопје, Тетово и Пожаране

Во земјава утринава е облачно и магловито. Врнежи од дожд има во Демир Капија и Гевгелија, а магла во делови од Скопската котлина, во Тетово и Пожаране.

Според информациите од УХРМ, најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Пожаране – 13 литри на метар квадратен по што следува Тетово со 9, Гевгелија со пет и Битола со два литра на метар квадратен.

Утринските температури во целата држава се над нулата.

За денеска синоптичарите најавуваат значително облачно со повремен дожд кој ќе биде поинтензивен во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11 степени. Во Скопје слично време со максимална температура до 9 степени.

Историчарите продолжуваат со напорите за приближување на ставовите

Стратегија на државата е дека треба да продолжиме да разговараме.

Додека трае дводневната средба на македонско-бугарската Мешовита комисија за историски и образовни прашања, властите во Скопје со пораки дека разговорите со Бугарија ќе продолжат и покрај најавеното бугарско вето за старт на преговорите за членство на земјава со ЕУ, а научната заедница и МПЦ со порака дијалогот со Софија да се води на рамноправна и принципиелна основа, со почитување на меѓународното право и сознанијата на науката.

Македонско-бугарската Мешовита комисија за историски и образовни прашања вчера ја започна дводневната средба посветена на содржината во македонските учебници по историја за средновековниот и раноосманлискиот период, откако препораките за бугарските учебници за овие периоди беа разгледувани и усвоени на претходната средба. Тема на разговор на средбата, која се одржува онлајн поради состојбата со Ковид-19, е и евентуалното заедничко чествување на Гоце Делчев.

Премиерот Зоран Заев вчера од Неготино порача дека работата на Комисијата се одвива во пријателска атмосфера, што го оцени како сигнал дека сите се трудат да биде постигнат напредок. Тој изрази уверување дека многу брзо ќе има и решенија, преку кои, како што рече, ќе го градиме заедничкото пријателство на двете земји.

Заев притоа потенцира дека никој не преговара за македонскиот идентитет и за македонскиот јазик. – Нашиот јазик е признат во светот и ние сме Македонци и такви, како пријатели на Република Бугарија и бугарскиот народ, треба да продолжиме да го градиме пријателството, изјави Заев.

Според него, само со почит едни кон други можеме да постигнуваме договори кои ќе градат перспективи и пријателства.

Тој посочи дека разговорите треба да продолжат без разлика на исходот од средбите на ниво на ЕУ на 10 или 18 декември, на кои треба да се донесе одлуката за усвојување на преговарачката рамка на Унијата со земјава.

– Стратегија на државата е дека треба да продолжиме да разговараме. Во најмала рака да создаваме атмосфера и да отстрануваме пречки за следното лето, но ако може тоа да го постигнеме и сега, би требало да правиме максимални напори до последниот момент. Патот е тој и ќе продолжиме по него да чекориме, со очекување што побрзо да ги отвориме поглавјата, изјави Заев.

Тој додаде дека специјалниот претставник на Владата за Бугарија, Владо Бучковски треба да биде само мотиватор за спроведување на Договорот за пријателство и добрососедство, а оти преговорите за изнаоѓање решение и натаму ќе ги води Министерството за надворешни работи.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи, пак, порача дека решението со Бугарија е во Договорот за добрососедство.

– Кога двете страни ќе се уверат дека решението е во Договорот, мислам дека се друго ќе дојде на свое место. Преку создавање акциски план договорот ќе има предвидливост, со цел да испорача. Никој не бега од обврските од Договорот, изјави Османи, додавајќи дека целта е да се врати довербата во процесот, да се надминат различните толкувања и да се најдат точки на зближување и на заедничко одбележување на историски настани и фигури.

Според него, поголема штета е да се дозволи да исчезне довербата во Договорот, бидејќи во спротивно би се вратиле во ситуација на односи без рамка, кои ги имавме 30 години и видовме какви беа резултатите.

Во врска со очекувањата од средбата на заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, Османи нагласи дека има простор да се оди понатаму во изнаоѓање решенија за темите и личностите кои се предмет на разговор од страна на Комисијата и оти би било штета доколку се пропушти ова досегашно приближување во погледите кон одредени историски настани и фигури.

Тој е дециден дека кај други земји членки на ЕУ нема дилеми во однос на преговарачката рамка и заклучоците за земјава, а во однос на изјавата на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји дека земјава „треба да и излезе во пресрет на Бугарија за загриженостите што ги има", шефот на дипломатијата порача дека е погрешно да очекуваме дека Комисијата може да има симетричен однос кон земја членка и кон земја кандидатка.

– И тоа не само Комисијата, туку која било друга земја членка. Целта зошто се бориме да станеме земја членка е токму тоа за да имаме симетричен однос кон нас и од Комисијата и од другите земји членки, додаде Османи.

Во врска со преговорите со Бугарија вчера со заеднички меморандум наречен „Македонски манифест" се огласија на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) и Универзитетот „Сцети Кирули и Методиј" (УКИМ).

Во документот тие изразуваат загриженост за исходот од развојот на настаните поврзани со евроинтеграцијата на нашата држава, условени од, како што велат, апсурдните барања на Република Бугарија, а убедени во фактот дека ги исполнуваме потребните предуслови за отпочнување на преговорите за евроинтеграција. Ги повикуваат и охрабруваат властите, медиумите, научните, културните и уметничките институции и здруженија, политичките партии, како и сите граѓани, преговорите да се водат на рамноправна и принципиелна основа, со должно почитување на меѓународното право, без никакво условување од едната или од другата страна и со почитување на достоинството на македонскиот народ.

– Да се почитуваат безрезервно сознанијата на македонските општествени, хуманистички и културолошки науки во врска со автохтоноста на македонскиот народ и неговиот историски, јазичен, културен и религиски континуитет; да се уважуваат не само објективните факти и научната аргументација, туку и комплексната интерпретација на историските факти, настани и личности; и да се уважуваат сознанијата, утврдените факти, усвоените теории и емпириските истражувања на современата светска славистика, лингвистика, историографија и меѓународното право, се наведува во Меморандумот.

МАНУ, МПЦ-ОА и УКИМ апелираат „процесот за евроинтеграција на нашата држава да продолжи во духот на меѓусебно почитување и уважување на вложените напори од наша страна за исполнување на критериумите, да се применуваат позитивните и општоприфатени меѓународни Конвенции и Декларации на ОН за правото на самоопределување и за човековите права и слободи; да се почитува безусловно слободно изразената волја на македонскиот народ, неговата етничка и духовна посебност; да се почитува волјата на македонските граѓани, припадници на македонската Република, да живеат во цивилизирани добрососедски односи и да се продолжи практиката на соработка меѓу културните, научните, образовните, религиските и економските институции; и да не се создава конфликтен амбиент во државата, да се сочува мирот и слободниот развиток кој подразбира просперитет, алтернатива, демократија и достоинствен живот, вклучително и љубов кон сопствената татковина и држава".

Со изјава вчера се огласи и Партијата на европските социјалисти (ПЕС), која изрази разочаруавње поради бугарската блокада на стартот на преговорите за членство Северна Македонија во ЕУ, порачувајќи дека политичката мудрост на двете земји е ставена на тест.

– Само јазикот на соработка и целосно разбирање на долгорочните перспективи на регионот можат успешно да ја надминат оваа пречка, се наведува во изјавата на Претседателството на ПЕС за состојбата во процесот на пристапните преговори.

Во реакцијата се истакнува дека европските социјалисти и демократи секогаш биле поддржувачи на процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западниот Балкан и се поздравуваат одлуката на Европскиот совет за старт на пристапните преговори со Македонија и Албанија донесена во март оваа година и претставувањето на нацрт-рамката за преговори во јули.

– ПЕС изразува надеж дека преку рамноправен и суштински дијалог помеѓу Бугарија и Македонија ќе се најде решение во корист на двете земји. Премиерот на Македонија, Зоран Зеав продолжува да демонстрира храброст и лидерство додека бара начин да се излезе од ќор-сокакот, давајќи го првиот сигнал дека е можен ваков суштински дијалог. Брзиот почеток на пристапните преговори позитивно ќе влијае на долгорочните односи меѓу Бугарија и Македонија, како и на целиот регион на Западниот Балкан. Време е сите да се однесуваат одговорно и мудро, водени од визијата за заедничка европска иднина, се наведува во изјавата на ПЕС./МИА.

ВМРО-ДПМНЕ од 16 часот со блокада на улиците кај Влада, МНР и министерството за правда

ВМРО-ДПМНЕ од 16 часот со блокада на улиците кај Влада, МНР и министерството за правда и протести во 20 градови

Продолжуваат и денеска протестите ширум Македонија.

Од 16 часот со блокада на улиците кај Влада, МНР и министерството за правда и протести во 20 градови, ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе порача дека премиерот Зоран Заев треба да си даде оставка.

Заев тргува со идентитетот, јазикот, историјата. Народот се буди, протест сега за да не биде предоцна, велат од партијата.

притисни ентер